Pages

05 November 2012

5 причини зашто семејните вредности нема да бидат традиционални

Здраво непознат читател. Јас сум Медо и многу поретко пишувам статии на овој блог. За тие на кои им фалев еве искрено извинување:

Тоа што ви недостасуваше најмногу
Но, ова е сериозна тема., нема време за еротика. Нема време ниту за врска. Барем не до 30 за жени или 35 години за мажи, потоа ќе мора да најдеш време освен ако не сакаш да плаќаш данок за ергени/стари моми. Ова е само една од низата мерки/активности што ќе ги гледаме во иднина како одговор на намалениот наталитет, зголемениот број на разводи, дивијантните појави како атеизам, поддршка за правата на хомосексуалците, споделување на вицот за Исдислав итн.  
Проблемот е што се сомневам во способноста мерките да вродат со плод. Еве зашто:


(статијата не ја проверив, пингајте ако има печатни грешки)

5. Ново време

Не мислам на Ново Време - блогот што тотално треба да го читате во отсуство на Здраворазумен Хејтеризам, туку мислам дека се случија многу настани, се придвижи технологијата напред, се сменија неколку режими/системи, се појави Фејсбук* во последните неколку децении. Многу нормално е да се променат и семејните вредности. Дозволете да го покажам тоа преку цицки:

Доста падна на квалитет блогов
Менувањето на вредностите е природен процес, еволутивно гледано е карактеристика која ни овозможува да го модифицираме нашето однесување во зависност на нашата околина.
И ова не е топла вода. Кога постарата генерација ќе одлучи дека ги испуштиле децата од раце, основна реакција е враќање на вредностите кои се покажале како успешни во минатото.

Прашајте го Ayatollah Ruhollah Khomeini ако не ми верувате
Ова најчесто значи национализација, анти-секуларизација, градење национални обележја, бришење на делови од историјата, радикализација; етикетирање на одредени групи/малцинства и се' што можете да забележите кога ќе погледнете наоколу.
Пред некоја година среќа да поработам малку во Истанбул (многу убав град, многу напорен за живеење). Европскиот дел е ултра модерен/западнизиран, периферијата е густо населена од провинција бидејќи Истанбул е центар на се'. Постарите чувстуваат дека ја губат контролата врз помладите, се радикализираат за да ги зачуваат традоционалните вредности, се радикализираат и партиите бидејќи така се добиваат избори и како резултат јас имав другарка која студира генетски инженеринг и мора пред да зајде сонцето да е дома. Во 21виот век.   

*Ниту една од статиите за корелацијата помеѓу ФБ и разводите нема да ви ја отвори бидејќи пу-пу не важи

4. Еманципација

Една од позначајните работи што се случија во меѓувреме е еманципацијата на жената. Тоа е нереверзибилен процес. Не можеш да одеманципираш жена.

Ти ја фрлив дипломата и му реков на твојот шеф дека од утре не идеш на работа. Исто така ти купив нов шпорет.
Тоа ти е како да и речеш на твојата девојка: "Зашто не ги вратиме работите како што беа на почетокот на врската? Многу ни беше поубаво кога не знаеше дека масовно те варам."
Еманципацијата е одлична работа, се' поголем процент на девојки се запишуваат на факултет, избираат кариери во кои историски преовладувале мажи (се' што треба да знаеш за напредокот на црквата е во претходниот исказ), отвараат сопствени бизниси, стануваат социјално-влијателни фигури итн.

Брз квиз: Пишете ми во коментари жена со две презимиња која нема кариера, туку е домаќинка! (сигурно има некоја, ама не зборуваме за исклучоци).

Следствено се менува улогата на жената во општество, нивниот труд сe' повеќе се цени, повеќе тие не се објективизираат,

Пример
туку стануваат кројачи на својата судбина. Имаат избор за каков партнер ќе се одлучат и тоа без стројници и без некој да им кажува како да си го живеат животот. Проблемот е што изборот е меч со две острици:

3. Парализа на избор

Изборот по правило се врзува со слободата на една единка. Што поголем избор има, толку поголема слобода има. Звучи логично, меѓутоа не е секогаш така. Одговорот на ова прашање го даваат Светите Книги . Се шалам, еволуцијата.

1000 зашто, 0 затоа
Имено можноста дали ќе избереш нормални обувки или гумени чизми кога надвор е делумно облачно го имаме во последните неколку векови. Од еволутивна гледна точка тоа е значајно колку C витаминот што го пиеш за да оздравеш побрзо. Во минатото или ќе избегаш или ќе те изеде факинг зубест тигар. Или ќе јадеш колку што можеш за да го складираш вишокот или ќе умреш кога утре нема да најдеш храна. Сега идеш во супер маркет и гледаш 27 вида на паста за заби.

#уМоеВреме
Тоа што се случува кога се тро-и-повеќе-умиш за една одлука е парадоксот на големиот избор (ако не отварате линкови, сега е вистинско време да го направите тоа).
Кога бираш партнер и си убав/а млад/а ерген/мома имаш потешкотија да го направиш вистинскиот избор (особено кога се работи за одлуки што ќе ти го заебат животот како на пр. деца) бидејќи знаеш дека можеш да најдеш подобро. Ако нешто не чини, ќе најдеш нешто подобро. Ако има карактерна маана, полесно е да најдеш некој што нема отколку да посветиш време и енергија на надминувањето на истата. Бидејќи живееме во релативно поврзан свет сите опции ти се достапни и откако ќе имаш семејство. Развод и на Хавајските Острови мадам, чао!

2. Произведување на среќа 

Замислете слична ситуација пред 100 години. Мома се мажи за маж во село. Мажот не и одговара, но таа останува со него. Зашто?
  1. Срам е да се разведе
  2. Разведена мома никој нема да земе ниту во тоа село ниту во соседните 
  3. Нема материјална способност да патува подалеку од соседните села 
Момата едноставно нема избор.

Во зависност од дефиницијата на зборот избор.
Од претходната точка заклучивме дека еволутивно гледано, никогаш не сме ни имале некој голем избор. Слично како твојот пријател од Ново Лисиче, нашиот мозок е џанак. Сака да е среќен.
Затоа статиите на Здраворазумен Хејтеризам имаат цицки
Во отсуство на среќа мозокот научил сам да си ја произведува (задолжително видео, цицки). Да се вратиме на нашата амама. Таа нема избор, останува со мажот и после одредено време нејзиниот мозок почнува да произведува среќа за работите кои не може да го промени. Создава навики, ги учи финтите за хендлање на мажот и така среќни раѓаат 7 деца.
Науката што е олицетворение на демоните од Библијата го потврдува тоа. Статистички гледано луѓето во договорените бракови се посреќни отколку оние што си го избрале партнерот (shit just got real). Кој е сега заостанат бидејќи сака да си купи жена, а кучко? 

1. Погрешен пристап

Без разлика што правиме, процесите како транзиција, еманципација, технолошки напредок, достапност на информации, праќање мејл, слободно возење за пензионери се неповратни процеси. Исто како сексот со мајките на твоите другари, си имаат позитивни и негативни страни.  

Позитивните секако се далеку побројни
Враќање во минатото е регрес. Ажурирање на моменталните вредности е многу подобар пристап. Шахтански треба да се извини! Уствари чекај.

Аналогија: Имаш аквариум и сакаш да направиш рибите да се разуздаат како да се атеисти само без контрацепција. Можеш цел ден да седиш пред аквариумот, да им зборуваш како што зборуваат љубовниците, да не им даваш храна (казнуваш), ама рибите нема да се размножуваат. Тоа што на рибите им е поребно е оптимална температура, PH вредност на водата, осветлување, малку секси музика и сами ќе посакаат да имаат деца*.

Човек кој на 30 години има 200 евра месечни примања, не е баш во состојба да основа целосно функционално семејство. Напротив тоа што можеби сум ви го кажал на пијано, само љубовта не е доволна.

Медо - здраворазумен хејтер, нездраворазумен љубовник.
Враќање на традиционалните вредности е оксиморон. Не е возможно да се вратат. Возможно е само преку радикализација да се симулираат условите од пред Х децении. Тоа е регрес. Но и тоа не можеме да го избегнеме. Секој што отворил учебник по историја знае дека ваквите појави се циклични. По период на "блуд" следи период на "морална чистота". Христијаните имаат алегорија за тоа - Курвата од Бабилон. После Римска Империја следи темниот Среден Век, после Големата Депресија следи Нацизмот, после војната во 2001 следи етничко-религиска радикализација и притаена федерализација. Може само да се надеваме дека историјата нема да се повтори и овој пат. 

*секако ова е еден од многу фактори, види наталитет на Норвешка за пример.