Pages

29 November 2011

6 производи кои докажуваат дека македонскиот потрошувач е овца

Живееме во тешко време или да искористам збор што не сте го слушнале од личност помлада од 30 години - бреме. Економската криза е во својот зенит [citation needed], автобусот поскапе, дискотеките престанаа да бараат лични карти, почнаа да се носат чкарт вина по слави...

И сармите почнаа да ги прават минијатурни
Меѓутоа без разлика колку треба да се штеди и внимателно да се планира семејниот буџет, македонскиот потрошувач сеуште мисли дека живее во времето на Анте Марковиќ и секогаш одвојува средства за:



Пред да продолжиш да читаш!
Статијата содржи многу линкови, некои се продолжение на заебанцијата, некои се референци за понатамошно читање, некои се извори од каде црпам информација, а останатите се играње кур/ташак.
За да не се изгуби континуитетот најпаметно е или прво да ја прочиташ целата статија па после да ги отвараш или да си ги отвориш во нов таб за понатамошно читање/гледање секако ако те интересира.

Само што ви кажав како да си го живеете животот, сега можете слободно да продолжите...

6. Power Balance

Сите знаете што е ова. Вака нешто се одвиваше муабетот кога првпат видовте како ваш другар носи една таква гумена алка:
  Ти: Ијааа, што е тоа брат?
  Он: Power Balance брат!
  Ти: Ама што е тоа ?
  Он: Алка која користи холограм за да воспостави баланс во твојот организам...
  Ти: (смајлиштосипукавоколено) А колку кошта ?
  Он: 1500 денари!
  Ти: Земи ме Господе!

Не само што е ова огромен неуспех за професорката по физика од средно која не те научила што е холограм (види го гулапчето на твојата кредитна картица, тоа е факинг холограм), туку поседувањето на ваква алка треба да биде основица за недобивање на работа при интервју.

Имаш одлични референци, ама носиш Power Balance што значи не можеш да се вклопиш во интелектуална средина
ОК, можеби алкиве функционираат како плацебо, ама плацебото губи смисла кога знаеш дека сето тоа е маркетиншки трик!

5. Kirby Vacuum

За Кирби првпат дознавте кога ја видовте вашата мајка како разговара со двајца непознати мажи во твојата спална за тоа колку се нечисти твоите чаршави (п.с. истата ситуација може да се искористи како интро за порнич).

Иван Медо Димоски ги задржува авторските права за менталната слика што моментално ја добивте
Не ме сфаќајте погрешно, Кирби машините се навистина добри. Таква моќ за усисавање не сум видел откако Бил Клинтон беше претседател (моќта за усисавање треба да биде основица за добивање на работа при интервју). Меѓутоа освен ако не се ценкаш со типците два дена, една Кирби машина чини 1800 евра. Да пробаме повторно со букви и капс лок: ИЛЈАДА И ФАКИНГ ОСУМСТО ЕВРА ЗА ФАКИНГ УСИСИВАЧ! Зашто немам линк кон цената се прашувате? Бидејќи на нивната официјална страна не стои таква информација. Не можеш ни преку телефон да се информираш, таков им бил бизнис моделот, морало да дојдат кај тебе дома за да те убедуваат дека ако не купиш усисивач од ИЛЈАДА И ФАКИНГ ОСУМСТО ЕВРА детето ќе ти фати астма, жутица или ќе стане емо.

Што сакам да направам кога ќе ми дојдат на врата

4. Herba Life

За производите од палетата на Herba Life сте дознале од ваш пријател кој драстично ослабел следејќи ги нивните совети и сега сите ги замара за тоа. Не сугерирам дека нивните производи не се ефикасни или квалитетни, ама во принцип се витамини, минерали, протеини и шејкови кои бидејќи имаат Herba Life на етикетата чинат многу повеќе отколку да си ги купиш од аптека или од типот што ти продава стероиди во теретана.

Природно си е природно!

За некој што не е мрзлив потрошувач и истражува пред да купи нешто, официјалната страна на дистрибутерот за Herba Life во Македонија е ноќна мора. Зашто мора да пополнам анкета за да ги видам производите? Зашто мора да кликнам лајк на страна за да видам што нудите? Зашто не можам да добијам информација без да ме спамирате во следните 100 години? До кога бе со ваков ретардиран маркетинг? Тоа е како јас во статијава да ставам линк до мојата апликација и да ве замолам да ми дадете +1 за полесно да ме најдат Американците!
Најлошото од се е што принципот на работа им е како во секта. Не е доволно да купиш производ, не не, треба да го смениш начинот на живот, да одиш на нивните семинари, да веруваш во нивните филозофии и не дај Боже да купиш ист таков производ од некоја друга фирма. Да пробаш да објасниш на Herba Life претставник дека истиот ефект ќе го постигнеш со следење на режимот, но со рандом протеински шејк е апсолутно невозможно, исто како што е невозможно на ВМРО-вец да му објасниш дека абортусот е прашање на избор.


3. Медобил / Саравита

Зборуваме повторно за диетски производи кои имаат позитивно влијание на вашиот организам (што е очекувано со оглед на тоа што се составени од мед, прополис, млеч и јаболков сок) и опстојуваат поради мрзливоста на просечниот потрошувач. Иако луѓето што не ја прочитале мојата претходна статија мислат дека брзината со која слабееш е пропорционална со цената на производот, сепак слични (ако не и исти) ефекти можеш да постигнеш ако секој ден јадеш по една лажица мед/прополис/млеч и си каснеш едно јаболко.

Оние кои завршиле во СУГС Никола Карев го знаат бенефитот од консумирање мед
Дај Боже да грешам, со напредокот на технологијата се потврдуваат или побиваат одредени претпоставки или да се изразам со термин што секоја жена може да го разбере: се ТЕЧЕ,  се сé менува*,

Дап, само што ја направив таа заебанција

Би ми било драго ако некој во коментарите научно докаже дека тоа што го зборам е масовна глупост, а до тогаш останува да ја слушаме најдобрата песна на сите времиња.
Исто така знаеш како можеш да го подобриш своето здравје без да трошиш пари? Остави ги факинг цигарите боту еден!

*Ги задржувам сите интелектуални права за Panta Rei влошките и МедоДебил диетскиот производ кој е интересна мутација на мојот прекар
**Идејата за влошките е зачната со помош на Ithil Skuld (ФБ име), 17-годишно девојче далеку пред нејзината генерација

2. Top Shop / Sky Shop

Кога ќе помислам колку се тапа СИТЕ производи од палетата на Top/Sky Shop ми искача ватромет од главата во сличен манир како од на Кети Пери цицките. Производите варираат од тотално непотребни до апсолутно ретардирани,а секако имаат и производ кој ја зголемува вашата моќ со помош на природни фреквенции и нано технологија! Дами и господа, Top Shop продава чкарт Power Balance

Reebok, New Balance и Sketchers ги тужеа поради "здравствените придобивки"

80% од лепезата на производи можете да ги најдете на пазар со тоа што нема да платите 1500 денари за ласер (ми требаа 6 минути да го отворам линкот, што сугерира дека страната ја хостираат од мобилен уред во free Wi-Fi автобус на ЈСП). Останатите 20% се производи кои очигледно се наменети за американскиот пазар и се поголем неуспех од радио рекламата за Toyota Yaris т.е. најпаметниот во својата класа - "Паметните веќе го имаат, А ВИЕ ?"

Како бе синко се прави турско каве со ова ?

1. Пирамидални шеми

Иако технички нема никаков производ, сепак "фирмите" кои ги нудат овие шеми се бунар во кој Македончето масовно ги фрла своите пари и директен доказ дека ние сме фемилија на овци. Голем дел од читателите имаат сретнато тип, среден, костумисан и видливо интелигентен кој за скромна сума нуди учество во семинар каде ќе научи како да направиш многу кеш. Oткако ќе помине претставувањето, плескањето со рачиња во ритам на стари песни од ABBA поврзани со тематиката и откако ќе се помириш со фактот дека нема да падне оргија после состанокот,

Џабе си ги избричив јајцата
сфаќаш дека тоа што го предлагаат на семинарот е поголема глупост од воведување на елиминаторни група за убави девојчиња на економски факултет. Во случај да не си слушнал за трик стар преку 150 години , како бе веднаш не увидуваш дека тоа нешто е неизводливо? Или си фасциниран од помислата дека ќе се збогатиш без да работиш или имаш интелигенција помала од група угистителци кои се возат во 57ца, ама најверојатно двете.
Сфаќам дека очајни очајни луѓе прават очајни потези, сиромавиот плаќа дупло, за здравје не се штеди, нов бунар копај во стариот не плукај, брза кучка железни врати отвара, ама пред да ги потрошиш парите што детето твое и онака ќе ги спичка на дрога размисли дали тоа нешто навистина вреди или пак маркетарите не ебат во газот (ако си на работа можеш комотно да го отвориш линкот бидејќи не е слика од аналка туку само јако занимлива листа).