23 November 2011

5 причини зашто никогаш нема да ослабеш

 
Ако никогаш си немал проблеми со тежината тогаш оваа статија не е за тебе. Слободно излези во град и имај секс во тројка. За останатите кои не се среќни како тебе имам лоши вести: Шансите да ја задржиш идеалната тежина подолго време откако ќе ослабеш се помали од шансите Македонија да испрати некој што знае англиски на интернационално натпреварување. Пред две години мојата килажа беше повисока од коефициентот на интелигенција на просечниот читател 
Меѓутоа имав многу пари, па не ми беше тешко

и бидејќи "има убав карактер" пали само кај хипстери решив да го сменам начинот на живот.
Оттогаш видов милион луѓе кои не успеале во зацртаното бидејќи ги повторуваат истите грешки:




5. Напорно вежбаш

Да започнеме со најнеочигледното. Ако трчам/пливам/бацам копје значи дека трошам калории. Штом ќе потрошам повеќе калории од потребното почнувам да слабеам, така?
Епа е толку едноставно. Луѓето кои наплаќаат 100 евра за да ти кажат: "Трчај од Жабар до Палас" вешто ја користат горенаведената математика за да те покрадат бетер него македонските компании со "напредните курсеви по Microsoft Word 2003" (читај: сето знаење се наоѓа на интернет, бесплатно!).
Иако не ја оспорувам очигледната полза од физичката активност за психо-физичкото здравје на човекот сепак истата дека не игра клучна улога при губењето на килограмите. Како прво само за да станеш од кревет, да се логираш на ФБ и да пишуваш статуси за нешто што те изнервирало потребни ти се од 2000-3000 калории додела пак 5 километри трчање со средно темпо согорува околу 300-500 калории што е еквивалент на 100 грамска Милка.



Меѓутоа како ќе преживееш ПМС без ова ?!
Друг аспект на физичкиот напор е самонаградувањето. Човекот е научен откако ќе заврши некоја тешка работа да добие и соодветна награда (пр. Ако завршиш со сите 5ки, ќе ти купам Нитендо), па логички е откако ќе се испотиш ко коњ да се почастиш со една фамилијарна пица.

Или да се почастиш нешто пошто си завршил електро
Самонаградувањето, зголемениот апетит после тренинг и притисокот врз зглобовите од прекумерната тежина само да ја влошуваат ситуацијата, па затоа повеќето се откажуваат откако ќе видат дека нема видлив резултат и покрај напорниот режим.


4. Гладуваш
 
Математиката е едноставна. Ако не внесуваш калории организмот ќе мора да почне да троши од своите резерви. Меѓутоа колку ова е едноставно, толку е и ретардирано. Колку можеш да издржиш без храна (или со многу малку храна)? Ден, два? Недела, две? И што потоа? Пробав една ваква диета и постигнав неверојатен успех. Месец дена јадев само факинг стек со марула, симнав 13 килограми и толку го исцрпив организмот што завршив во болница кога фатив пролив. Откако прележав недела дена на инфективно со варен компир и мушмула како оброк,

Бидејќи останатите овошја се геј!
увидов дека сум се поправил 6 килограми. Освен ако немам интердимензионален портал во стомакот ова изгледа невозможно. Mеѓутоа е многу логично. Причината зашто овие диети успеваат е бидејќи многу брзо го дехидрираат организмот со што се постигнува визуелен ефект дека си ослабел, но затоа пак многу малку помагаат за масните наслаги за чие согорување е потребно време. Оваа финта ја користат манекенките пред ревија кои треба визуелно да ослабат без да им се намалат цицките.

Цицки
Бидејќи не можеш цело време да не јадеш ништо, во моментот кога ќе се вратиш на нормален режим на исхрана ќе ти се случи јојо ефектот.


3. Не го шокираш организмот 


Нашиот организам еволуирал (или бил создаден од Бог во зависност од тоа до кај си со наукиве) да се адаптира на променливи услови (јади како цар преку лето, складирај се што е вишок за да се најде преку зима). Ако потекнуваш од традиционално македонско семејство твојот организам најверојатно знае дека во петок ќе има факинг грав.

Баш тоа што ти треба после напорна работна недела
По одредено време организмот си ја наоѓа стабилната состојба и бидејќи си има фиксен распоред оптимално ја користи енергијата. За децата во Африка ова е многу добра вест, но не и за оние кои сакаат да ослабат. Идеално за вторите е организмот да искористува повеќе од потребното, а тоа може да се постигне со т.н. шокирање на организмот. Мојата диета беше доста ефективна првата година, меѓутоа истата финта не пали цело време. Откако организмот ќе се навикне на новиот режим, повторно почнува да ја користи енергијата оптимално и автоматски ти требаат помалку калории за да го прогураш денот отколку што ти требале пред една година.
За да продолжиш да слабееш мора да се послужиш со драчевски финти. Почнувајќи од тоа што јадеш за појадок (наместо геј овесни снегулки пробај мушка сланина), преку варирање на бројот на оброци во текот на денот, па се до начинот на кој што трчаш.



2. Следиш диети од ракав
 
Конкретно мислам на диетите кои немаат никаква научна основа и врз кои треба да се гледа со недоверба карактеристична за тетките на студентски прашања кога гледаат во електронска уплатница. Иако очигледно ретардирани, некои диети се толку распространети и препорачувани од "стручни" лица што просто ми доаѓа да го гледам спотот за Охридска Банка додека не си починам. Малку да се осврнеме на диетата според крвната група. Според таа класификација, неверојатно сложениот организам наречен човек се дели на 4 група што е еден чекор над "сите машки се исти" и неколку чекори под "сите водолии се исти". 

Сите шкорпии се добри во кревет. Јас сум шкорпија. Just sayin'
Според авторот на диетата различните крвни групи се последица на различниот еволутивен пат, каде што едните се ловци кои треба да јадат животински протеини, другите се земјоделци кои треба да јадат земјоделски производи итн. Ова е или најлошото толкување на теоријата на еволуција т.е. времето потребно глобално да се промени генетскиот код на човековиот род или пак типов не е запознаен со фактот дека пола цицачи имаат крвни групи.
Во секој случај не постои универзална диета која ќе успее кај сите. Некои луѓе можат да јадат три кила леб на ден без да се здебелат, некои не можат. Некои луѓе ќе ослабат ако се придржуваат до мојот режим, но повеќето нема. Ако веруваш во поговорките кои ги искористи твојата бивша кога ти раскинуваше, тогаш за да се промениш себе си најпрво треба да се познаваш т.е. преку експериментирање да видиш кој режим ти одговара кој не.

Најдобриот начин да се "запознаеш" себе си

 1. Не го менуваш начинот на живеење

Најголемата грешка што ја прават луѓето кои се решаваат да ослабат е тоа што ги гледаат диетите како програмери во македонски компании - кога ќе заврши проектот повеќе не се потребни. Секој може да не јаде чоколадо или да не пие алкохол еден месец (или да пости 40 дена пошто стварно заебал работа и сака да си ја исчисти душата), меѓутоа во моментот кога ќе престанеш се враќаш во нормала, а со тоа се враќаат и изгубените килограми.


Следствено состаноците со девојки се заменуваат со партии Dota
Освен ако слабеењето не е со конкретна намена (пр. слабееш колку да изгледаш убаво на свадбените фотографии, после тоа можеш да буташ и така се е по надолна линија) глупо е да прекинеш со диетата. Ако организмот ти е склон на дебелеење, а не сакаш:
  • Да изгледаш како 57ца на кривина
  • Полесно да биде човек да те скокне него да те заобиколи
  • Да ти фрлаат смоки во зоолошка
  • Да изгледаш како велигденско јајце кога ќе носиш црвено
  • Килажата да ти биде поголема од сметката на T-Мобиле
  • Да не смееш да се движиш по споредни улички
тогаш треба да сфатиш дека диетата е факинг клетва. Каде и да одиш, колку време и да поминало никогаш не треба тоа да го заборавиш, исто како што никогаш нема да го заборавиш моментот кога првпат ги виде твоите родители како се пердашат. Штом го промениш начинот на живот треба да се придржуваш 24/7 до крајот на животот. Или додека не стапиш во брак.

За крај погледнетe го ова едукативно видео или споделете го вашето искуство со диетите во коментарите!
 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff