Знаеш што читав вчера душо ? |
4. Анонимност
Оригиналната намена на форумите е да се споделат проблеми од конкретна тематика, кои поради Х причини не можеш да ги дискутираш со роднините/пријателите. Анонимноста тука екстремно помага, бидејќи можеш да поставиш осетливо прашање без страв дека ќе бидеш осудена од општеството.
swatko_bebence_69 има габична инфекција !? Која курава !!! |
Твојот проблем ќе го прочитаат уште стотина анонимни девојки од кои барем три го пребродиле истото. Ќе го споделат своето искуство со тебе, ќе те советуваат како да му раскинеш преку смс и проблем решен, така?
Епа не е баш така во реалноста. Анонимноста е меч со две острици. Немањето никаква социјална одговорност при коментирање нуди можност за лупање глупости, давање на контраинтиутивни совети или пак отварање на фиктивни теми. Најстрашното е што младо девојче ќе чита тема напишана од кур/ташак или очигледно отворена од маж, ќе сретне уште три такви теми ,ќе си помисли дека сето тоа е нормално и после јас ќе треба да смислувам имиња.
Затоа овие форуми имаат модератори и системи за рејтинг каде што негативните поени значат до која мера си сеирџија.
3. "Експертизам"
Ако сфативте од наводниците дека не се работи за експертизам, тогаш честитки и вие можете да пишувате за интернетот. Очигледно никој што пишува на форум не очекува група доктори да се состанат и да бараат решение за проблемот,
Како просечна форумџика ги гледа останатите членови |
Да пробам да ја докажам поентата преку пример. Ако успеете да го разберете прашањето помеѓу сите тие правописни грешки, непотребни детали и ЧУВСТВА ќе увидите дека девојката има сериозен проблем. За нејзина среќа на помош има членови кои веднаш ја советуваат како да постапи според нивното ЛИЧНО искуство. Советите се движат од "мора дечково да е работник на месецот" до "раскини му, мојот дечко ме извара => прашање на време е кога и твојот ќе го направи истото". Не сакам да изигравам Captain Obvious, ама не секоја врска е иста и не секоја постапка води кон ист резултат. Има премногу фактори кои читателките не можат да ги знаат/предвидат (без разлика колку си се потрудила да дадеш до знаење дека не си имала кец по македонски цел живот), па истите ќе мора да тропаат зелени во обид да ти помогнат.
За волја на вистината, има членка или две што онака фино лепо им ја плескаат вистината во фаца, ама според бројот на коментари (3500+), претпоставувам дека тоа е единственото нешто што го прават во животот.
Бонус: Ако сакате да слушнете експертско мислење за тоа колку често и од кои причини плачат мажите, кликнете тука. Додека пак ако мислите дека времето попаметно ќе го искористите читајќи за дигестивниот тракт кај преживарите кликнете тука.
2. Колективна интелигенција
Иако овој феномен е многу поинтересен за анализирање кај мажите (можеби во некој од следните постови), сепак си го прави своето и кај жените. Во принцип е привидно намалување на коефициентот на интелигенција кога се наоѓаш во поголеми групи (пр. навијачи). Идеите кои звучат ретардирано додека си сам, стануваат не толку ретардирани ако имаш група која ќе те поддржи.
Особено ако цел стадион те поддржува додека ја запросуваш девојка ти на телефон |
Најлош пример за групната интелигенција се прашањата формулирани како анкети каде што рандом девојче прашува да речеме дали треба да има секс на 16 години. Како одлучуваш за тоа дали ќе се плеснеш или не? Бараш математичка средина на одговорите, па што преовладува тоа избираш? Дали ако јас направам профил и ти препорачам да се кокнеш ќе ме послушаш? Дали дечкото има некаков удел во одлуката? Дали планираш да земеш мираз кога ќе се венчаш? Дали и ти си хард кор цура која користи презерватив при орален секс?
Во духот на горенаведеното се надевам дека вие, читателите, ќе можете да ми помогнете со мојот проблем!
1. Еднострано мислење
Кога пишувам нови постови се обидувам да правам истражување на темата. Некои се теми се забавни (7 филмови од детството кои имаат порно пародии),
Coming soon! |
И додека е сосема нормално да си прашаш како се нанесува парфем без да имаш потреба од машко мислење, многу е ретардирано да дискутираш на теми кои очигледно нема ни да постојат ако го нема типот во равенката.
Според тоа што го прочитав ако мажите не гледаат фудбал или моментално имаат секс со тебе (16+) тогаш или те вараат или стискаат лајкови на Summer албуми. Според тоа сите мажи се играчишта (што сметам дека е многу несоодветен превод на player) и не се добредојдени да го споделат своето мислење на темите во кои и тие се инволвирани.
Јас на пример сум lvl 80 играч |
Aко ја земеме дискусијава како репер, тогаш пола од дечковците не знаат дека нивната девојка е активен член на женски форум, а другата половина не само што знаат туку ги имаат и лозинките за профилите на нивните девојки. Не знам што е полошо: Да не знаеш дека девојка ти убедила грст 16 годишњачки да се опашаат или ти лично да ги убедуваш истите да се изрофтаат преку профил со висок рејтинг?
Затоа ве молам следниот пат кога ќе сакате да покажете на светот колку ви е лоша граматиката во форма на едвај разбирливо прашање поставено на женски форум, пробајте да разговарате со вашата поубава половина. Што знаеш може ќе се најде некое чаре за тоа каде е најубаво да ти сврши!