Како за пример |
6. Бакшиш
Пред да помислите "Медо уште не почнал да набројува, а веќе истреска тешка глупост. Баш вчера му оставив 100 денари бакшиш на келнерот пошто конечно си го исече ноктот на малиот прст." ќе ве прекинам во старт. Не се работи за дали ќе оставиме 10 денари плус/минус и со тоа сме дале бакшиш, туку дали е возможно млади девојки и момци да работат за некоја смешна минимална плата со тоа што остатокот до нормална плата ќе го надополнуваат од бакшиш ?
Да работам за 3000 плус тоа што ќе ми остават средношколците ?! |
- Сакаат да ја поукнат (буквално) келнерката
- Носат
пичкадевојка на состанок и сакаат да се направат фраери - Келнерот се потрудил да донесе посебна чаша за бело, посебна за црно вино
- Останал кусур неделив на бројот на луѓе кои учествуваат во сметката
5. Перални
Секако не мислам на авто-перални, туку на оние "продавнички" каде што можеш да си дојдеш со леген алишта и за одредена сума да ги испереш/исушиш алиштата. Идејата во принцип е многу практична ако немаш простор/пари за да поседуваш машина за перење, меѓутоа ако во Македонија некој те види како на тој начин ги переш алиштата веднаш ќе помисли дека си ја продал за да купиш хорс. Или дека не си способен да си го издржуваш семејството штом немаш ни за машина за перење. Или дека си папучар пошто сред бел ден, ти МАЖ, переш алишта каде што секој може да те види.
Може не знам да ја користам по дома за перење, ама е совршена за врз неа да ставиш весници |
Под прљав веш секако подразбирам хентаи порно |
4. Давање предност
Иако дефиницијата може да се прошири на секој социјален аспект кој вклучува некакво чекање, конкретно ќе се задржам за давање на предност при излегување т.е. влегување во јавен транспорт. Бидејќи немаме метроа, трамваи, бродови, ајкули или дракули, замислете ја следната ситуација: Застанува автобус на постојка и се отвараат вратите:
- Во добар дел од светот: Луѓето кои чекаат за да се качат во автобусот стрпливо чекаат патниците кои се веќе внатре да се симнат за потоа тие да влезат (некогаш и со мала помош)
- Во Македонија: Уште вратите не се отвориле комплетно се случува Спарта
ВЛАГАААЈ !!!! |
Од друга страна пак ако не беа гужвите немаше гз да фатам |
3. Пијалоци на точење
Оригиналниот назив е fountain drinks, а во принцип е финта каде што рецимо си одиш во МcDonalds и наместо да си купиш пијалок, си купуваш само чаша која ја надополнуваш колку сакаш, кога сакаш од специјална машина која има неколку безалкохолни пијалоци. Од километар може да се примети колку идеава е ретардирана, исто како што од километар еден билдер може да примети бицепс на друг билдер.
Душо, дали го измерка типот што не пројде ?! |
Ќе јадеме и помфрит или само ќе пиеме нешто ? |
2. Самоплаќање
Концептот е близок до самопослуга со тоа што на крајот наместо да размениш 2-3 збора со касиерка си ги скенираш сам производите и си плаќаш со картица. Многу практичен систем, конечно нема да има потреба за социјална комуникација надвор од социјалните мрежи.
Поверојатно е премиер да опцуе на национална телевизија отколку Македонец да ги скенира СИТЕ производи што ги купил.
ОК, лош пример. Во секој случај, ако еден маркет да се реши на ваков потег, ќе треба да вработи повеќе луѓе што ќе проверуваат што носат муштериите во торбите и дали тоа соодветствува со фискалната сметка отколку што се потребни касиерки сето тоа да се наплати.
Веќе никогаш нема да се грижиш за поговорката "Домашен есап, на пазар не излегвит", бидејќи никогаш нема да има потреба да го пречекориш буџетот што ти го дала жена ти, без разлика на колку екстра работи си "купил".
Да ја чекнам ли ова виршлава ? |
1. B.Y.O.B
Поимот B.Y.O.B најверојатно го научивте преку истоимената песна на S.O.A.D. од времето кога мислевте дека политичкиот систем може да се смени ако сте доволно гневни. Акронимот означува "bring your own beer" иако добива и алтернативни значења во зависност од ситуацијата. На пример, ако сте демоде може да означува и "bring your own booze", ако не сте - "bring your own bong", ако сте гладни - "bring your own bacon" инт.
Во конкретниов случај се однесува на бизнис модел кај угостителски објекти кои дозволуваат муштериите да си носат алкохол "од дома" бидејќи не им се исплати да плаќаат лиценци за продавање алкохол, не можат/сакаат да вршат контрола за старосна граница и сл.
На сите Македонци кои сакаат да извршат угостителско харикири најдобронамерно им ја препорачувам идејата бидејќи попаметно е да си го "обезбедиш" домот со Аlarm Pro "безбедносен систем" отколку да ставиш B.Y.O.B. знак на вратата од објектот.
Можам мирно да спијам знаејќи дека црвени концентрични кругови ме делат мене од сериските убици |
Најверојатно сценарио: Само што ќе заѕвони ѕвончето за крај на 6ти час 2ра смена, цело II-6 ќе се префрли во B.Y.O.B кафаната со доволно алкохол за да се отвори мал дисконт и ќе седат таму со еден нарачан помфрит и мала шопска (или цезар салата ако се од големото добро утро)
до фајронт. После ќе треба да се тепаме кога јас ќе дојдам со моите трилитарки...
Истата слика од прееска, само што сега луѓето одат во кафана |
Знаете брилијантна идеја која прераснува во епски неуспех откако ќе и се додаде македонски менталитет ?
Пишете во коментарите !!!