Нешта како женскиот карактер.
Порано ги немаше балончињата |
5. Авто Школи
Повеќето од нас се сретнуваат со поимот авто школа кога другарчињата што покасно тргнале на училиште ќе почнат да земаат часови. Има период во четврта година средно, кога исклучиво се збори за жмигавци, тргање со ручна и фиктивни точки за паралелно паркирање.
Полесно ќе научам физика за 5ка |
Но тоа не е проблемот, проблемот настанува кога ќе научиш да возиш.Тогаш почетниците ти се полоши од таксистите, ги гледаш насекаде, кочат 200 метри пред кривина, го држат воланот и седат како да имаат ишијас, им гаси на семафори, си стискаат лајкови на сопствените статуси, едноставно најлошото што може да биде. Секако има луѓе што го сфаќаат ова, бидејќи и тие некогаш биле почетници и ним им било тешко и слични дрн, дрн јариња ама не дај боже кога брзаш да налеташ на поворка авто школи.
Ќе мора да почнеме без него, заглавил позади авто школа |
4. Провинција
За просечниот скопски дечак поимот провинција е мисловна именка, едноставно немаш никаков контакт со нив и претпоставуваш дека не постојат.
Аеродромец е најегзотичното нешто со кое просечниот скопски средношколец се сретнал |
Со време почнуваш да ги диференцираш различните дијалекти, ги дознаваш местата каде што се движат и кафиќите во кои излеваат, па за да останеш доследен на терминот скопски сељак истите ги одбегнуваш. На крајот ќе мора да се помириш со фактот дека еден ден ќе работите заедно за
Претпоставувам дека важи и обратното, ама досега не сум нашол ни една причина зашто некој би мразел скопјани.
Експерт за полиција стануваш кога првпат почнуваш да пиеш. Во 100% од случаите тоа се случува пред да наполниш 18 години, а во случај да си се пронашол/пронашла во останатите 0% ондак се надевам дека сакаш мачки. Штом ќе научиш да диференцираш полицаец во цивилка од алфаш, сообраќаец од желка (ма да ова е доста очигледно), ги дознаеш местата каде што вршат контрола и локациите на најблиските полицицски станици тешко е истите да ги заборавиш, слично како што не можеш да заборавиш да возиш точак.
Со тоа што точак не може да те претепа |
Ако си од оние кои имале среќа да го видат и ентериерот на Беко, тогаш развиваш шесто чуло за избегнување на законот, па никогаш нема да се доведеш себе си во ситуација каде што треба да користиш јаки изговори за избегнување на казна.
Таман улетавте кога ќерка ми раскина со дечкото |
2. Џанаци
Ставот за штетноста/корисноста на дрогите генерално зависи од средината во која си израснал, колку подлежиш на врснички притисок или дали живееш во Ново Лисиче.
Најмагловитото место во Македонија |
Во секој случај откако ќе ги изгледаш сите преувеличени едукативни кампањи спонзорирани со твои пари ,ќе ги научиш сите можни несакани дејства и дел од навистина креативниот жаргон,
ГАНЕ Тодоровски ! |
Ова е особено практично кога менуваш работна околина бидејќи веднаш знаеш од кој колега можеш да набавиш ако дојде зорт.
1. Хејтери
Хејтерите во принцип се како втор телевизор во времето на социјализмот - ги има во секое семејство, ама не се прикажуваат јавно пошто што ќе речат комшиите. За среќа информатичкото општество го менува начинот на којшто општиме, па сега секој може да си каже што му лежи на душа и нормално хејтерите доаѓаат до израз. Додека на времето требаше да бидеш во тек со сите чаршиски муабети, за да знаеш кој ти сере зад грб сега е многу едноставно: Напиши рандом статус на Фејсбук, сите што нема да ти го лајкнат се хејтери!
Знаев! |
Како што од старт знаеш дека зелениот патлиџан од туршијата нема да го јадеш |