МЕ БОЦНА НАЗАД !!! |
6. Патетик/Романтик
Овој тип на пријателчиња најчесто пишуваат за нивната љубов (читај: недостаток на љубов) и имаат огромно познавање на српскиот јазик.
Според Google Autocomplete србите страдаат повеќе од нас |
5. Филозоф/Мудрец
Оваа категорија е далеку покреативна од предходната, имаат прочитано томови Паоло Коељо книги, прирачници за посреќен живот, а неретко и самите склопуваат нешто што звучи моќно и поучно. Проблемот е што сите тие мудрости се толку неприменливи во реалниот свет каде што има милион и двеста илјади начини како можеш да усереш, па сето тоа паѓа во вода. Не ми верувате? Отворете тема на муабет со било кој од оваа категорија и прашајте како иде факс/работа.
Вашето кафе господине и запомнето |
4. Билдер/Модел
Сите имаме вакви пријатели, кои реално нема никогаш да ги избришеме поради албумите кои се во формат Summer 'XX . Случајно сме ги додале откако случајно сме се нашле како статисти на некое снимање или пак сме платиле над 1500 денари во некоја поелина теретана. Никогаш не правиме муабет поради бизнис аспектот на нивните профили - таму се за да се рекламираат. Дури и да искоментираш на некоја слика која си ја зачувал на хард диск за црни денови кога ќе нема интернет, ќе се изгубиш помеѓу десетиците напалени пријатели кои го почитуваат нејзиниот карактер.
МОЖЕБИ има тело, ама таа е најголемиот хуманитарец на планетава |
Да не беше ова уште ќе си бевме девици |
3. Бот/Спамер
Една од поинтересните категории која се карактеризира со користење на личниот профил за промовирање на одредени работи меѓу кои: Авон/Топ Шоп производи, ноќни клубови и кафиќи, хуманитарни организации и секако во последно време политички партии. Другиот аспект на оваа категорија е пријателчиња кои константно те бомбардираат со покани за апликации, игри, бараат од тебе милион чипови на покер или те молат да ја лајкнеш нивната фотографија/страница.
Разликата помеѓу ботот и спамерот е во имањето на реален карактер. Едните пишуваат исклучиво што ќе им каже менаџерот/месниот комитет, описот на нивниот карактер можеш да го прочиташ во мисијата/визијата на компанијата или пак во манифестот на партијата која ја поддржуваат. Ги чуваш како пријатели бидејќи некогаш е згодно да знаеш за настаните што се случуваат во градот т.е. општината.
Вторите ги познаваш добро, знаеш дека се ОК личности, чат-пат можеби излегувате на кафе, не би ти сметало да се смувате ама те фура фактот што мора да станеш фан на милион страни за тие да добијат ципели, патување или факинг антивирус.
Додека сме на темата: http://www.erepublik.com/en/referrer/ZecOrigins |
2. Циник/Хејтер
Според мене најинтересната категорија. Се одликуваат со изразена интелигенција, познавање на општеството и човековите интеракции, изострено сетило за хумор, иронија, сатира, статистички гледано ги пишуваат најинтересните статуси и секако ништо не превземаат за искористување на тоа што им е од Бога/Дарвин дадено. Линковите што ги објавуваат најчесто водат кон странски портали за хумор, бизнис анализи од The Economist, тотално легитимни вести за еволуцијата на технологијата, или пак зашто веганите се најретардираните луѓе на планетава.
Нешто што хејтер би поштуел |
Има причина зашто средношколците не смеат да гласаат |
1. Фантом/Мањак
Иако користат различни методи, сепак фантомите и мањаците имаат иста крајна цел, а тоа е дознавање на што повеќе информации за тебе. Најчесто преку твоите слики. Најчесто каде што си парцијално разголена. Фантомот најчесто не можеш да го забележиш бидејќи никогаш не излегува на твојот њуз фид, нема статуси, нема линкови, нема слики (освен една што е доволна за да го препознаеш),
Знам Каде Живееш сака да бидеме пријатели ?! |
меѓутоа ако работеа ДОЗНАЈ КОЈ ТИ ГО ГЛЕДА ПРОФИЛОТ страниците, тогаш со сигурност ќе знаеше дека тој ти е најголем обожувач.
Мањаците од друга страна (да за тебе зборувам!) се поинтерактивни и не се страмат да удрат лајк на твоја слика,
Одличен Summer '11 албум девојко, ни Google не може да ми најде поубави слики од ПЛАЖИТЕ во Закинтос |
да искометираат на твој статус,
Smooth operator! |