Блогот е реакција на вашиот интерес околу македонскиот синдром најдобро познат како пукање на бедот, ќе се фокусира главно на работите што ни сметаат кај другите/општеството/себе си.
Хејтеризмот е многу логичен избор, хејтеризмот е факинг смешен. Сите стереотипи, сета иронија и цинизам склопени во една целина пружат одлична забава кога единствената работа што ја имаш предвидено за денес е да притискаш F5 на Фејсбук секои 2 минути.
Прикажано: Хумор |
Да знам, исто така хејтеризмот е меч со две острици особено кога ќе почнат да се повредуваат чувства, ама како тогаш би ги пребродиле нашите разлики освен со разумени и издржани коментари.
Добредојдовте на мојот блог, јас сум само еден електро инжињер (инженер?!) со многу слободно време кој се надева дека ќе успее да изнуди по некоја насмевка тук-там. Во случај да се пронајдете во одреден контекст и се почувствувате навредени тоа е одлично, тоа значи дека сум во право и очекувам да ми контрирате во коментарите или да го споделите напишаното со вашите пријателчиња.