11 March 2014

Да бидам попрецизен, ќе пишувам за хомосексуалци и хомофоби иако генерално може да се примени за сите девијации од тоа што го перципираме како општествена норма. 

Како на пр. мастурбирање на сликава

Една од најчестите фрази што ги користам во секојдневието е "Не биди педер/пичка"  и во 99% (како го читате во главата ова? 99 посто? 99 проценти?) од случаите не алудирам на сексуалната ориентација или пол на соговорникот. Ќе илустрирам со пример:

  • Брат, не ми се продужува, ќе одам да си легнам.
    (индивидуата сака да се одвои од групата)
  • Не биди педер, ќе идеме сите да лапаме пичиња у Станица само да тргнеме порано за да не пуштат на врата.
    (групата сака да ја поврати индивидуата од нејзините сепаратистички размислувања) 

Од примерот е очигледно дека ниту еден од нив нема да влезе во Станица 26, меѓутоа поочигледно е дека индивидуата е ословена со "педер" бидејќи не се вклопува со тоа што групата го смета за социјално прифатливо однесување. 
Тоа што ме мачи долго време е зашто баш "педер" е генерички термин и стандард за социјално неприфатливо однесување. Мислам има конкретни ситуации кога користиме "Не биди дромец, не мочај во автобус" или "Не биди циган, дај му на циганчето 5 денари", меѓутоа се' останато се сведува на "Не биди педер".
Историски гледано, не е тешко да се претпостави зашто е тоа така. Ако ги исклучиме периодите од историјата каде што тотално било ОК да имаш истополови односи (Ха! Грција!), до пред 10-20 години хомосексуалноста се сметаше дека е болест, дефект, неприродна состојба на телото која треба да се излечи со медикаменти, со религија или најчесто со ќотек. Секако времето покажа дека иницијалните претпоставки не се точни и хомосексуалноста е природна колку што е природен вулканот што ги закопа жителите на Помпеја. Не се дешава често, ама сепак се дешава.

Јебига, шта чеш

И тогаш се сменија работите. Добар дел од моите познаници се отворени за својата сексуалност и ја прифаќаат таква каква што е. Со тоа што еден дел од тој дел од нив сметаат дека луѓето кои во 21 век се' уште мислат дека хомосексуалноста е болест или искажуваат хомофобични ставови се заостанати, дефектни и имаат неприродна состојба на телото која треба да се излечи со паради. Звучи познато? 
За да сфатиш одреден феномен треба да ти се познати позадинските механизми кои го придвижуваат истиот. Најголемата ретардација што сум ја слушнал во животот е дека хомофобијата е неприродна состојба, слично како тоа што хомосексуалноста е неприродна состојба. Придавката "неприродна" во овој случај има временско-општествена, а не природна димензија. Ако постои во природата значи дека е природна (очигледно е дека постојат и хомофоби и хомосексуалци и патлиЏани во зима). "Неприродно" зависи од времето и општеството во кое живееме и може во различни времиња и различни места да има дијаметрално спротивно значење. 
Фобија е нерационален страв. Нерационалнот страв е разликата помеѓу перципираната и реалната опасност. 


Замислете дека се плашите од висини и во моментот се наоѓате на врвот на Папагал зградата на Жерновски. Рационално знаете дека шансите да паднете се многу мали, меѓутоа не можете а да не се чувствувате непријатно кога ќе погледнете надоле затоа што во главата ви се вртат 300 мисли: "Што ако дувне посилен ветер", "Што ако опозицијата навистина е неспособна и не знае прописно да монтира заштитна ограда", "Што ако некој дојде и ме бутне", ...
Бидејќи немате одговор на сите овие прашања, претпоставувате дека опасноста е многу поголема отколу што реално е. И што одлучувате да правите? Па секако избегнувате висини и се опкружувате со луѓе кои не се пењаат по згради. 
Слично е и со хомофобијата. Ако некој се чувстува дека хомосексуалноста му претставува опасност (дали поради несигурноста во сопствената, поради иднината на нацијата, поради мислењето на општеството) не само што е логично туку и е природно да преземе акции кои ќе ја минимизираат истата. 
Добрата и лошата работа е што квадратот со испрекинати линии може да се промени. Перцепираната опасност може да се засили или намали во зависност од индивидуата и општеството во кое што живее. На пример сакаш да ги зголемиш ингеренциите на власта и полицијата. Создаваш ситуација каде што животот на индивидуата е ставен во опасност, со тоа ја зголемуваш перцепираната опасност изнудувајќи ја индивидуата да преземе акции за намалување на истата. Или на пример слушаш изјави од неверојатно гласно, квази-научно поткопано малцинство со легитимна желба за обезбедување на побезбедна иднина на нашите деца и следно нешто што го правиш е потпушување на петиција за дозволување на родителите да го направат изборот дали нивното дете ќе се вакцинира.

Затоа прифаќањето на хомосексуалноста како природна и осудувајќи ја хомофобијата како неприродна појава, без притоа да се обидеш да ги спознаеш позадинските механизми и колку лесно се манипулира перцепираната опасност на колективно ниво, не те прави прогресивен. Те прави само шупак. Вистинската промена нема да произлезе од осудување, туку од разбирање и малку понаучен пристап при решавање на проблемите.

05 January 2014

Нова година. Празници. Совршено време да се видите со вашите роднини и да го поминете времето по семејниот ручек на лаптопот на вашата братучетка пишувајќи ја новата статија додека ги слушате останатите како ги дискутираат најновите треви на баба Рада. Исто како на рекламите за Кока Кола ама реално.
Додека климаш со главата на предвидувањата на постарите кога е оптимално време да се стапи во брак, не можеш а да не се запрашаш колку се реално применливи советите со кои се расфрлаат.

Тортата има ленено семе, нема потреба да се грижиш за дијабетисот

Да искењаме дел од нив:

26 December 2013

Ако порано сте почнале со пиење за празниците и не се сеќавате, минатата недела објавив блог пост со кој сакав да ве поттикнам да споделите дел од вашата среќа со помалку среќните.
Епа имам одлични вести! Сите дечиња кои дел од денот го поминуваат во дневниот центар во Шутка добија свој Дедо Мраз благодарение на вас :)))

Дозволете да ве гушнам како што ме гушна Сенада кога го виде новиот ранец

16 December 2013


Здраво читатели. Долго време не сум напишал статија и знам дека ви фали средношколскиот хумор, сексуалните референци и очигледните, очајнички обиди да се допаднам на спротивниот пол.
Епа ќе продолжи и понатаму да ви фали бидејќи го баталив блогот за сметка на TweetsPie, но секогаш ќе се навраќам кога ќе има добра причина за тоа. А сега има одлична причина да напишам една статија:


 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff