24 December 2012

Статијава не ја пишувам како некој што има голем познавање на моменталната политичка, економска и општествена ситуација. 
Статијава не ја пишувам како некој што знае повеќе од тебе на темите кои ќе се опфатат. 
Статијава не ја пишувам како некој што има интерес да ја пишува.

Статијава ја пишувам како некој кој сака еден ден да има семејство.
Статијава ја пишувам како некој кој сака да создаде подобар свет во кој ќе растат неговите деца.
Статијава ја пишувам како некој што погледнал околу себе и сфатил дека најдобар начин за да се создаде тој свет е да се напушти државата.

Работите нема да се сменат. Ова што го гледате наоколу не е од вчера. За моменталната ситуација не е крив ниту Груевски, ниту Бранко, ниту било кој пред нив. 
За циркуз од овие размери потребен е заеднички труд. Заеднички труд наречен неколку децениско донесување на лоши одлуки. Неколку децениска неспособност да се донесат долгорочни одлуки. Неколку децениско работење на било која владеачка гарнитура со единствена цел - да се добие уште еден мандат.

Власта гледа како да го добие следниот мандат. Сите донесени одлуки се базираат на таа крајна цел која секогаш ги оправдува средствата.
Народот гледа како да ја добие следната плата. Сите донесени одлуки се базираат на таа крајна цел која секогаш ги оправдува средствата. 
Власта ќе го продаде својот народ за да ја оствари својата цел.
Народот ќе ги продаде своите деца за да ја оствари својата цел.
И власта и народот се идиоти. 

Не сум слеп.
Ја знам ситуацијата со медиумите.
Ја знам моќта на полицијата.
Ја знам агендата на Албанците. 
Ја знам заинтересираноста на големите сили за нашите маки. 
Ја знам економската неодржливост на тековната политика.
И знам колку ништо од горенаведеното не е важно кога имаш празен стомак.

Еволуцијата не е случаен процес. Еволуцијата има јасно дефиниран правец. Еволуцијата се движи во насока на обезбедување статистички поголеми шанси за преживување на потомокот во зависност од надворешните услови. 
Ако опстанокот на твоите деца зависи од излегување на протест, тогаш еволутивно си предодреден тоа да го направиш.
Ако опстанокот на твоите деца зависи од одрекување на твоите права како човек, тогаш еволутивно си предодреден тоа да го направиш.
Ако опстанокот на твоите деца значи напуштање на оваа држава, тогаш еволутивно си предодреден тоа да го направиш.

Но, што ако имаш избор? 
Што ако можеш да не отидеш на протест и пак да ги нахраниш своите деца?
Што ако твојата работна позиција не зависи од тековната владечка гарнитура?
Што ако немаш потреба да ја напуштиш државата иако можеш?
Тогаш ти ја имаш моќта. Ти си тој што ги донесува одлуките.

Тоа не оди во прилог на нашите избраници. Моќта не е создадена за да се дели.
Затоа постои машина. Машина создадена со единствена цел - да го ограничи твојот избор т.е. твојата слобода.
Не измислувам топла вода. Машината постои откако постоиме ние и функционира доста едноставно:
  1. Искористи ги сите алатки (образование, медиуми, пропаганда, законодавно-извршна власт, уцени, убиства, ...) за да го обликуваш граѓанинот во верен поданик кој ќе нема друг избор освен тој што ти ќе му го понудиш
  2. Тие што нема да се вклопат во 1. избркај ги што подалеку.
Дали ако ја напуштам државата ќе обезбедам подобра иднина за своите деца? Не знам. Ама е нешто за што би ризикувал, бидејќи секој ден станувам се поголем песимист дека не чека светла иднина.

Епилог:
Моето размислување е најголемиот доказ дека машината одамна ја добила битката. Трагичното е што и ти драг читателу ги имаш помислено истото. И ти драг читателу при првата добра шанса веднаш би ја напуштил оваа држава.

18 December 2012

Драги читатели,

чест ми е да ви го претставам најдоброто нешто што му се случило на твитер откако @i999y отвори блог во кој ги собира најдобрите твитови од вашиот тајмлајн:

TweetsPie т.е. пиксели


Што е TweetsPie?
TweetsPie е Андроид апликација која прикажува листа од најдобрите твитови и тоа 21 на број, од последните 600 од вашиот тајмлајн.

Како функционира TweetsPie?
Се што треба  да направите е да дозволите TweetsPie да пристапи до вашиот тајмлајн (секако треба да имате Твитер) и апликацијата секој саат ќе ги зема последните 600 твитови од пријателите кои ги следите и ќе ги избере најдобрите 21.

Зашто на секој саат? Зашто не можам да си ја освежувам секои 5 секунди?
Пред некој месец Твитер одлучија да го ограничат своето API кое дотогаш беше слободно. Порано секој програмер како мене, можеше колку сака да пристапува до серверите на Твитер за какви сака податоци (се додека апликацијата има соодветна дозвола од корисникот).
Од политичко-економски причини кои нема да ги дискутираме, Твитер одлучи да го затвори своето API и сега дозволува 60 барања до серверот секој час (15 барања на секои 15 минути). За да обработиме 600 твитови на нас ни требаат 3 барања до серверот.
Затоа додека се' уште ја развиваме TweetsPie ограничени сме на автоматско освежување на листата само еднаш на еден час.
Ако имате некој предлог како поинженерски да го решиме ова, би ви биле благодарни :)

А што е со останатите 57 барања до новото освежување?
Тие ги оставаме за да можете да направите 21 ретвит на најдобрите твитови.

Што е најдобар твит?
За еден твит да влезе во листата на најдобри треба да има барем 1 ретвит. Листата се генерира како функција од бројот на ретвитови и фејвови каде што ретвитовите имаат доминантна улога. Што повеќе ретвитови, тоа е поверојатно твитот да се најде во листата на најдобрите.
Забелешка: Имајте на ум дека тоа што е најдобро за мнозинството не значи дека ќе биде најдобро и за вас. Алгоритмот не ја знае вашата смисла за хумор :)

Што ако следам многу корисници и UberFacts ја полни целата листа зашто има као 4000 ретвитови по твит?
Нема проблем, секој корисник што непотребно ќе ја спамува вашата најдобра листа, можете да го сокриете и вратите по потреба.

Што ако имам големо его и мал број на корисници што ги следам и цело време едно исто ми се појавува на листата?

Исто така нема проблем, постои опција да прикажувате твитови кои се ретвитнати од луѓето што ги следите и покрај тоа што не ги следите луѓето што ги следат тие што ги следите.

Што ако имам повеќе твитер сметки?
Моментално повеќе сметки не се поддржани. Ако сакате да го видите најдоброто од тајмлајнот на друга сметка треба прво да се одлогирате и да се логирате со новата сметка.

Дали и моите твитови ќе се најдат на листата?
Секако дека да. Има ли поголема радост од тоа да напишеш добар твит и да се видиш во листата на 21 најдобри твитови :)

Како да се пофалам пред другарите дека сум супер многу кул и ја имам инсталирано TweetsPie?
Го виде виџетот на апликацијата? Ако имаш Андроид 4.0+ ќе имаш со што да се фалиш. 

Иако релативно добро го работи тоа што треба да го работи, апликацијата е се' уште во бета верзија. Работиме да ја подобриме, да додадеме нови можности, да ги заобиколиме ограничувањата од Твитер, па се кој совет/критика/пофалба би ни значела многу.

На крај да се заблагодарам на тимот:

@krojanbojan - главен иницијатор и гњаватор за реализација на TweetsPie
@thekraljo - човек кој добива брилијантни идеи на пијано
@MagdalenaDi - дизајн експерт
@petkovskiot @zuberot @ViksaaSkool @jovanatozija @alexhris - тестирање и подобрување на апликацијата

Ви благодарам дечки, се надевам дека направивме нешто добро за заедницата!

17 December 2012

"Факинг хипстераана што мисли дека ќе го спаси светот со собирање на пластични шишиња преку ефективно крадење на лебот од луѓето кои зависат од оваа активност" е најверојатно медиумскиот спин што ќе го добие овој настан. Затоа пред да ви се сервира целата приказна на порција малку да ја проанализираме акцијата:

ЕлкаМК е долгогодишна традиција која оваа година по втор пат ќе се одржува и тоа на 22 Декември и бидејќи ве мрзи да отварате настани еве ја програмата:

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ ПЛАСТИЧНИТЕ ШИШИЊА, ЧУВАЈТЕ ГИ ДО 22-РИ ДЕКЕМВРИ и дајте ни ги, годинава пак правиме новогодишна елка во парк!!! А Пакомак таа елка сосе шишињата ќе ја откупи, и парите ќе одат во добротворни цели.

Пак загадувањето е ужасно големо, пак има премалку контејнери за селектирање отпад, пак градот е незаинтересиран за воздухот што го дишеме. И ние пак елка :)

ПУНКТОВИ ЗА СОБИРАЊЕ ШИШИЊА ќе бидат отворени на 22ри декември (сабота), од 12 до 14 ч.

1. Рамстор
2. Беверли Хилс (кај скалите)
3. Лептокарија кај Флуид
4. Универзална сала
5. ТЦ Бисер (кај скалите)

Сите се добредојдени да им праат друштво на оние на пунктовите.

Елката ќе се прави утредента, на 23-ти Декември во 10.00 часот во Градскиот Парк - Скопје, кај Школка.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еве и рандом постер што тотално ви ги реши дилемите за најлудата вечер.
Собирање пар шишиња, правење на елка, сликање со елката со Инстаграм за собирање лајкиња врз основа на колку сме колективно одговорни нема да го промени светот. Нема да ги покачи платите на докторите, нема да ги пополни дупките во буџетот и нема да ги натера стечајците на следниот протест да излегуваат со поевтини јакни, но има скриена придобивка на ваквите настани, а тоа е создавање на една заедница од млади луѓе кои критични размислуваат за недостатоците на нашето општество и нудат креативни решенија како да се надминат истите. Уште некој да не слушне и ќе биде се во ред.
Затоа не биди [термин што е политички коректен, но означува неприфатливо социјално однесување] и придружи се на #елкаМК , стисни attending на настанот (или maybe ако не доаѓаш ама сакаш да изгледаш заинтересиран за случувањата во нашето општество), сподели ја оваа статија и помини на штандовите во сабота со многу шишиња и греана ракија за тие што цел ден (2 саати) ќе мрзнат во место.

Рециклирањето е секси

16 December 2012

Се свињосавте за празнициве? Планирате да ја изедете целата софра откако на Нова Година само вашиот мобилен оператор ќе ви посака среќа и успех со генеричка порака? 

Да не се лажеме
Но не очајувајте, решението за самоќата и дебелоќата никогаш не било потолку на дофат. Луѓето од Хербалајф се тука не само да ти дадат совет, тука и да ти ја понудат потребната емотивна помош за да го реализираш советот на долгорочен план. Сосема случајно советот се состои од купување на производи со вредност од минимум 50 евра месечно. 

Прикажан: Мулти-левел маркетингот во Египет

Еднаш пишував за Хербалајф и претпоставив дека тука престанува мојата инволвираност, ама не помислив колку (главно) економисти дипломираа во мојата генерација и колку (главно) економисти не можат да најдат работа. Хербалајф е привремено решение додека ПроКредит банка не си ги средат човечките ресурси. 
Еве неколку причини зашто Хербалајф ги има сите индикатори дека една општествена група е култ. Истото важи за сите општествени групи (пр. твитерџии):

02 December 2012

Најпрво да се извинам на читателите кои не користат твитер. За нив оваа статија дефинитивно нема да биде занимлива, бидејќи македонската твитер сфера е едно многу мало, многу затворено село во кое луѓето се борат да бидат први. Затоа одиме со нешто за сите читатели,

Се изначитавме
пред да продолжиме со типовите на твитерџии што апсолутно ќе ги забележите ако го губите најголемиот дел од вашето време на оваа социјална мрежа:

29 November 2012

Образование. Не можеш да живееш со него, не можеш да живееш без него. Цела младост не тераат да правиме работи кои не сакаме да ги правиме,

Како на пр. да гласате Здраворазумен Хејтеризам да стане блог на годината, фала пуно
со надеж дека сето тоа еден ден ќе ни користи. Секако ова е масовна лага, бидејќи во еден период од животот сфаќаш дека поголемиот дел од работите што си ги научил се неточни и не само тоа, туку продолжуваш истите да ги пренесуваш на идните поколенија. Помислете на моментот кога ве учеа дека постои правдина во животот и се' се враќа, се' се плаќа. Еве уште пар работи за кои имаме погрешна претстава:

26 November 2012

Ако го научиш, ќе сфати дека има подобар начин.
Ако му дадеш глас, ќе го искористи против тебе.
Ако му ги отвориш границите, ќе те напушти.
Ако му дадеш моќ, веднаш ќе те замени.

Затоа дај му мрак, за да не го види патот.
Дај му молк, за да сфати дека е сам. 
Дај му лага, за да не ја дознае вистината.
Дај му ќотек, само така ќе те слуша.

25 November 2012

Ова е постот во кој јас, Медо, се заблагодарувам на Вас, читателите, за сите лајкови, сите ретвитови, сите споделувања и гласови со кои Здраворазумен Хејтеризам стана блог на годината според Блогираме.

Bear Love

19 November 2012

Грав
21 Mарт - 19 Април

Родените во знакот на Гравот се одликуваат со традиционални вредности, предвидливи се и сметаат дека многу е полесно работите да се остават да функционираат како што функционирале векови наназад отколку да се менуваат според новите времиња. Понекогаш имаат проблеми на љубовен план.
Среќен ден: Петок.

Лав  
20 Април - 20 Мај

Вистинските Македонци се родени во знакот на Лавот. Можеби не секогаш се најинформирани или имаат широки познавања од историјата, меѓутоа нивната појава дава до знаење дека се цврсти, одлучни, плодни, тетовирани. Лавот без размислување се впушта во жестока дебата, гласа, многу е територијален и сака да пишува со големи букви.

Партиска Книшка 
21 Мај - 20 Јуни

Најсреќниот знак во македонскиот хороскоп. Легендата вели дека новите родители намерно ги усогласуваат сексуално-репродуктивните активности за новороденчињата да се родат со партиска книшка. Тоа е очекувано, бидејќи родените со партиска книшка имаат светла иднина, бидејќи месечината што влегува во третиот штаб уште во старт ги решава нивните проблеми. Иако имаат мал спектар на знаења, родените во овој многу ефикасно ги решаваат задачите кои им се задаваат. Партиските книшки се родени следачи и верни партнери.

Виза  
21 Јуни - 22 Јули

Луѓето кои ја имаат среќата да се родат во знакот на виза се одликуваат со слободни мисли, широк поглед кон светот и неверојатна способност да ја променат својата околина по желба. Затворен простор, цензура, ограничен избор се карактеристиките кои Визите ги вадат од кожа. Исто така овој хороскопски знак е наследен и се пренесува лесно на членовите од потесното семејство.

Прометеј  
23 Јули - 22 Август

Пишманџии по природа, родените во знакот на Прометеј се склони кон само-цензура. Имаат бујна фантазија, изразен сексуален нагон, валкани мисли и атлетска граѓа, меѓутоа одлучуваат нивните перверзии да ги чуваат само за себе. Социјални камелеони, го дотеруваат својот изглед за да ги прифати околината.

Рамка  
23 Август - 22 Септември

Маргинализирани од општеството, родените во знакот на рамката треба да се борат за своите правдини. Секогаш спремни, одлучни, па дури и со радикални ставови, рамковните не се плашат да го зграпчат денот. Родените во овој знак се територијални, упорни и поседуваат неверојатна способност за селективно памтење и разбирање.

Ајвар  
23 Септември - 22 Октомври

Традиционалниот знак од македонскиот хороскоп, ајварот е еден од почестите знаци на нашата територија. Личностите родени во овој знак се лесно препознатливи, се вклопуваат и во традиционални и во прогресивни средини, немаат проблем со идентитетот и можат многу едноставно да се усогласат различни гледишта. Ајварите се синоним за семејна хармонија и балансирана исхрана.

Фонтана  
23 Октомври - 21 Ноември 

Знак кој се почесто се забележува помеѓу македонската популација, фонтаните голем акцент ставаат на физичкиот изглед, суетата, егото. Мегаломани по природа, фонтаните пленат со својата појава и покрај тоа што целата блескавост е во обид за покривање на проблемите кои постојано избегнуваат да ги решат.

Транзиција 
22 Ноември - 21 Декември

Родените во знакот на транзицијата се одликуваат со лабав морален кодекс на однесување, недостаток на емпатија, склоност кон зависности и генерално чувство на немање насока. Карактеристиките на овој хороскопски знак се последица на подолгиот период на безгрижно расфрлање на стекнатото, недоволно инвестирање во образованието и неспособност за донесување на подолгорочни одлуки.

Слав  
22 Декември - 19 јануари

Хороскопски знак кои полека почнува да исчезнува во модерниот свет. Славјаните се отпадници од општеството, симбол за едно минато неславно време. Оставаат впечаток на нецивилизирано племе, туѓинци кои уништуваат нешто што е свето и градено со векови. Славјаните лесно се асимилираат со толпата и лесно го губат својот идентитет.  

Експерт  
20 Јануари - 18 Февруари 

Експертите се карактеристичен знак во македонскиот хороскоп кои се одликува со неверојатна способност да ја перцепира својата околина, да предложи решение и уште поневеројатна способност да не преземе апсолутно ништо околу тоа. Експерите се благословени со здрав разум, високо развиено чувство за иронија и сарказам, меѓутоа и апсолутна парализа кога планот треба да стапи во акција. Експертското мислење е бесплатно и задолжително во секоја ситуација.

Овца  
19 Февруари - 20 Март

Статистички најбројниот знак во македонскиот хороскоп судејќи според бројот на индивидуи кои се родиле со оваа карактеристика. Се одликуваат со кроткост, апатија, неможност за менување на својата околина и намалена мозочна активност особено во моментите кога треба да се носат одлуки. Овците сакаат мирен живот, постојан партнер, статус кво, не се пребирливи и консумираат тоа што ќе им се послужи.

05 November 2012

Здраво непознат читател. Јас сум Медо и многу поретко пишувам статии на овој блог. За тие на кои им фалев еве искрено извинување:

Тоа што ви недостасуваше најмногу
Но, ова е сериозна тема., нема време за еротика. Нема време ниту за врска. Барем не до 30 за жени или 35 години за мажи, потоа ќе мора да најдеш време освен ако не сакаш да плаќаш данок за ергени/стари моми. Ова е само една од низата мерки/активности што ќе ги гледаме во иднина како одговор на намалениот наталитет, зголемениот број на разводи, дивијантните појави како атеизам, поддршка за правата на хомосексуалците, споделување на вицот за Исдислав итн.  
Проблемот е што се сомневам во способноста мерките да вродат со плод. Еве зашто:

17 October 2012

Најверојатно најкраткиот наслов на статија на Здраворазумен Хејтеризам. Оригиналнот наслов беше "12 бабини деветини кои се доказ дека нашите чукун баби и дедовци користеле тешки халуциногени дроги и се прашувам зашто и јас не го правам истото",

Статија за самовили
меѓутоа беше премногу долго и морав да ги исечам слично на Absolut водката зашто единствено така може нормален човек да ја пие.
Во минатото работите биле прости. Денес работите се усложнија, но луѓето си останаа прости. Затоа се' уште можеме да слушнеме дел од "правилникот за однесување во широк спектар на секојдневни, најчесто поврзани со хигиена ситуации" општо познати како Бабини деветини (деветини најверојатно е некој архаизам за тешки глупости). Еве високи светла  т.е. хајлац: 

08 October 2012

Се отвори Skopje City Mall, се создадоа ненормални гужви за купување на основни прехранбени/домаќински производи, се спрема цензура врз нашиот интернет простор, има анкета за #наТочак, немав секс неделава и генерално тоа се новостите кои се случија во последниве неколку дена.

Прочитав и пар весници.
Целата ситуација доби голема медиумска покриеност во облик на:
  1. Луѓе кои ги напаѓаат (Македонците се потепаа за тоалетна хартија, Во Македонија нема криза, Бранко е крив), 
  2. Луѓе кои ги бранат (се тепаат за основни прехранбени производи, сите што критикувате сте богати, Бранко е крив) 
  3. Луѓе што ги тролаат (најзастапени)
Првите секако се "вовед во медиумски спин", третите се заштитен знак на македонското општество, а вторите иако се добронамерни и покажуваат емпатија кон луѓето кои чекаат на ред за основни хигиенски производи сепак ја оправдуваат човековата неинформираност и апсолутното непознавање на математика. Сите луѓе во редот на крајот трошат повеќе пари отколку што би заштедиле со попустите. Еве зашто:

(ова што ќе го прочитате не е топла вода, ова е школски пример за како потрошувачкото општество ја експлоатира човековата природа)

05 October 2012

Понеделник, 01.10.2012: 
Станав во 07:00 часот. Гледав собраниски канал. Си легнав во 21:00.

Вторник, 02.10.2012:
Станав во 05:00. Ќе биде убав ден, по утрото се познава. Се присетив на детството кога татко ми ме будеше пред да изгее сонцето за да ги напасам козите. Мислам дека денес ќе прошетам. Се чувстувам млад. Се качив во автобус. Денес има многу гужва. Да не беа средношколците со нивното шизичко однесување и странска музика ќе беше во ред. Никој не стана да седнам. Ја испуштивме младината од раце. Уште неколку кругови околу градот и ќе си одам дома. Си легнав во 21:00.  

Среда, 03.10.2012: 
Станав во 07:00 часот. Гледав собраниски канал. Си легнав во 21:00. 

Четврток, 04.10.2012: 
Станав во 07:00 часот. Гледав собраниски канал. Си легнав во 21:00. 

Петок, 05.10.2012: 
Станав во 05:00. Забележав дека има само 1кг. пиперки во фрижидерот. Решив да одам на пазар. Денес е пазарен ден. Девојките од моето село беа најубави во петок, се спремаа да се спуштат во град, да пазарат. До следниот пазарен ден има уште 7 дена. Подобро да купам 10кг. пиперки во случај да снема. Повторно средношколците. Ниту еден не ми понуди да ми помогне со кесите што го носев. Не е ни чудо што државата ни пропаѓа. Тито додека беше жив кај смееше ова да се случи. Си дојдов дома. Си легнав во 21:00.

Сабота, 06.10.2012:
Станав во 05:00. Убав е денес денот. Кога бев пролетер во сабота се одеше на излет. Решив да се прошетам надвор од Скопје. Денес да ти е мерак да се возиш со градскиот превоз. Средношколците спијат. Дента ја прават ноќ, ноќта ден. Пристигнав на меѓуградската станица. Не знам зашто не ми дозволуваат да влезам во автобусот за Титов Велес. Па нели во сабота пензионерите се возат бесплатно? Не беше вака во бивша Југославија. Тогаш можевме да шетаме каде сакаме, сите врати ни беа отворени. Си дојдов дома разочаран. Си легнав во 21:00.

Недела, 07.10.2012:
Станав во 07:00 часот. Гледав собраниски канал. Си легнав во 21:00.

01 October 2012

Напротив општото мислење јас повеќе не сум социопат. Ете, го кажав, си ја олеснив душата, го покажав своето вистинско лице пред јавноста. Еден дел од несоциопатијата (може ова да не вистински збор) е и "имање гајле" за чувствата на луѓето од твоето опкружување и како твоите постапки имаат удел во истите.

На другиот дел од несоциопатијата се' уште работам.
Без разлика колку статуси ќе пишеме дека не ни е гајле што мислат останатите, важно ни е како околината не перцепира. Затоа ја чистиме собата само кога ќе ни се најават гости. Поентата е дека го модифицираме нашето однесување во зависност од ситуацијата (пр. не кажуваш на прв состанок дека си емотивно осакатена личност која е неспособна да воспостави нормална човечка интеракција за взаемно почитување и разбирање, туку чекаш тој/таа сама да го дознае). Епа еве неколку ситуации во кои не знам како да постапам и ми е убер непријатно:

30 September 2012

Специјален гостин на Здраворазумен Хејтеризам е Александра Накова.

Медо: Александра, што имате да изјавите за верните читатели на Здраворазумен Хејтеризам?
Александра: People is awlays talk, so lets give them sumthin to talk about.

26 September 2012

Ако сте жена или сте во врска знаете дека на 4ти Октомври е големото отварање на Skopje City Mall или ако го преведете на македонски - Градски Трговски Центар - Скопје. Факинг ГТЦ. 

Истото го кажувам кога се пуштам на девојки.
Не ме сфаќајте погрешно, апсолутно ја поддржувам идејата за отварање на трговски центар од овие размери, ќе отвори нови работни места, ќе ги затвори сите мали бизниси во Лептокарија, ќе го донесе цело Косово тука наместо во Солун и најаважно од се ќе ги намали симптомите на ПМС за 90% кај жените моето опкружување. Ама тоа не е темата денес.

Ако ја отворите Фејсбук фан страницата на Skopje City Mall и прочитате рандом коментари (за разлика од "официјалната" страна на Зара овде не ги бришат) ви ветувам забава од размери "до бесвест". Идеме со визуелизација на дел од нив:


24 September 2012

Ако го читате ова во понеделник 24.09.2012 тогаш остануваат уште 2 дена до Критична Маса #5 т.е. возење со точаци или да се изразам снобовски велосипеди низ Скопје.

Истите тие луѓе педерите ги нарекуваат хомосексуалци.
Зашто го правиме настанот кога сите имаме факинг точак? Не зборувам за моментот каде што точакот го користиш рекреативно да се повозиш во парк/на стаза/до Матка. Зборувам за користење на точак во секојдневие и тоа:
  • Возење до работа/факс/училиште
  • Возење до супермаркет/пазар
  • Возење кога има реални шанси да заврне тој ден
  • Возење до далечно тобако да купиш кондоми бидејќи ти е срам да купиш од локалното
Со еден збор користење на точакот како превозно средство. Од точка А до точка Б. Еве зашто мислам дека тоа нема да се случи, барем не во блиска иднина:

19 September 2012

Не знам колку сте во тек со натпреварите за професионални фотографии од луѓе со вонсериски талент и/или мобилен уред, ама денес се избраа победниците на Летограм натпреварот.

Победничката фотографија на Алекс
Логичен чекор е сличен натпревар да се организира и во зима т.е. Зимаграм, меѓутоа кој ќе чека додека паднат снегови. Тоа што ни треба го имаме сега! Дозволете да ја претставам најновата наградна игра за сите што знаат како да насочат телефон кон објект и да кликна копче:

Зимницаграм #зимницаграм #zimnicagram

Се што треба да направите е додека ги лупите пиперките/го печете модриот патлиџан/ја закиселувате туршијта, да го овековечите моментот, да лупнете еден филтер за да изгледа како да правите нешто егзотично и да ја закачите вашата слика со хаш тагот #зимницаграм или за да не изгледа дека доаѓате од Казахстан #zimnicagram.

Забелешка: Корисниците на ајФон добиваат 10 инста срценца гратис поради нивниот привилегиран статус во општеството.

Неколку пример фотографии:

#zimnicagram #nadrealizam
#zimnicagram #iphoneonly #iphonesia
#zimnicagram #instamood #instagood #red
#zimnicagram #concept #art #piperki
#zimnicagram #iphoneonly #tradition #culture #turshija
Ви поскакувам успешна сезона на зимници и нека победи најдобриот!

18 September 2012

Го знаете муабетот.
Проект "Скопје 2014", нов лик на метрополата, купишта нови згради, цркви, споменици, преименувања на училишта, федерализација на територијата итн.
Централна фигура на целиот проект е Миленко Неделковски, ама најверојатно јас сум единствениот што така го нарекува споменикот "Воин на коњ" поставен на градскиот плоштад.

[Комерцијален натпис] Голема наградна игра на Енци Менци
Колку и да изгледа грандиозно оваа материјализација на нашата историја, со егзотичните животни, со штитовите на војниците кои имаат околу 16 краци, со тиркизната вода и победничкиот став со кренатиот гладиус (ова може да е римска терминологија), сепак овој споменик ни одблизу не ме отсликува ниту мене ниту моето место во општеството. 

Мојот предлог е наместо досегашниот споменик на плоштадот да се постави споменикот на Прометеј бидејќи е тотална рефлексија на моето секојдневие.

Задната страна на новата монета од 100 денари
Кратка историја за тие што не се запознаени со ликот и делото на Прометеј: Прометеј бил првиот Македонец кој го носел олимпискиот оган од местото што денес е познато како Плетвар до Солун каде што освоил златен медал во повеќето категории кои не биле наместени.
Лажна историја на страна, еве зашто и јас сум Прометеј:

Цензура - Во моментот кога Прометеј се појави во неговото вистинско светло, општеството реагираше со тоа што му облече гаќи. Во ред е да бидеш се што сакаш да бидеш се додека тоа не го правиш јавно. ОК е да бидеш хомосексуалец, се додека не се лапаш пред мене. ОК е да мафташ знаме на друга држава, се додека не можам да го видам тоа од мојот прозор. ОК е да имаш друга религија, се додека јавно не зборуваш против црквата. ОК е да се шеташ гол во жена парк, се додека носиш гаќи.

Идеализам - Прометеј како миленик на Зевс ги учел луѓето на секојдневни вештини кои им го олеснувале движењето. Тоа што го мразел Прометеј е што гледал нерамномерна распределба на моќта. Богови кои живеат во изобилие и оган во контраст на кутрите луѓе кои живеат во беда и неоган. Факинг Робин Худ. Дали е тоа оган или пари или знаење или во мојот случај здрав разум желбата за подобар свет е она што се важи.

Неспособност за предвидување на последиците од сопствените акции - Зевс не го криел огнот бидејќи сакал да ги гледа луѓето како се мачат, го криел бидејќи човештвото се' уште не било подготвено за таков дар. Со таква моќ, прашање на време е кога ќе почнат да го користат за да се убиваат себе си, а понатаму и боговите. Исто и јас, сакам да помогнам, но понекогаш со тоа правам само поголема штета.

Казна - Основна механика. Акција и реакција. Злосторство и казна. Противи му се на твојот Бог и вечно ќе си осуден на маки. Противи му се на твојот татко и веднаш си под казна. Противи му се на твојот УМС лидер и ќе лепиш плакати. Противи се на тековната власт и веднаш си анти-Македонец. Противи му се на Зевс и си окован на планина. Не е важно кој е во право, важно е што си се обидел да се противиш на моќта и затоа ќе бидеш казнет.

Секојдневие - ова е најстрашното. Зевс можел едноставно да го убие Прометеј, меѓутоа неговата казна морала да биде поголема. Преку ден орел го клукал неговиот црн дроб, преку ноќ истиот зараснувал. Сизиф 2.0. Исто е и со моето секојдневие. Гледаш како парите пополека ги снемува, додека не во целост не исчезнат. И тогаш доаѓа нов месец. И повторно истата приказна. А ти си окован на Кавказ...

16 September 2012

Пред некој ден се затекнав како го разгледувам Здраво Боби албумот на еден дечко што во моментов не ми текнува како се викаше. Ова не е нешто невообичаено, како секој млад човек со сериозно неисполнет сексуален живот, така и јас добар дел од времето го поминувам во мањачење туѓи албуми на Фејсбук. Со таа разлика што порано разгледував Лето 2000 и некое албуми на факинг девојки!

Ви текнува на времето кога имаше цицки на Здраворазумен Хејтеризам?
Не можев, а да не се запрашам зашто е тоа така? Неколку објаснувања ми паднаа на ум од кои најневеројатното беше дека сум созреал и сум научил да не ги објективизирам жените (види фотос). Многу поверојатно е дека во последно време Фејсбук стана убер досадна социјална мрежа. Еве зашто:

10 September 2012

"Ние не блокираме сообраќај, ние сме сообраќај" е генералниот слоган на групата велосипедисти без организатори (намиг) што ја организираат Критичната Маса во Скопје. Знаејќи го фактот дека секој ден сме во сообраќај и игнорирајќи го фактот дека дадовме ветување за толеранција кон останатите возачи,

Научи се прво да возиш, па после влагај во кола пешакуу!
неможеш а да не се нервираш кога ќе видиш убер ретардирани потези со кои возачите ја демонстрираат нивната апсолутна неспособност за размислување неколку секунди во иднината и неможност за разбирање дека нивните акции предизвикуваат гневни реакции кај останатите учесници кои со кола тргнале во локалната пиљара. Потези како:

05 September 2012

Пред неколку дена се појави во етерот (радио сленг) исповедот на Моника која доста сликовито ни го опиша нејзиното прво сексуално искуство.


Забавно беше, направивме шега или две на нејзина сметка и сите си продолживме со своите животи бидејќи сексуалниот живот на тинејџерите е последното нешто што не интересира...

Но тогаш се појави вистината за Моника!

Конечно македонската публика се смири. Дознавме со кој сe' имала секс Моника. Исто како да читам тајмлајн на Твитер, дознавам апсолутно непотребни работи за приватниот живот на луѓето кои не го познавам.
Во ред ќе помине и ова, ќе го споделат пар пријатели, ќе се посмееме ден или два и уште побрзо ќе заборавиме дека некогаш се случило...

Но тогаш се појави нов блог на македонската сцена. GOSSIP GIRLS SKOPJE! (не постои веќе, што значи ова е мала победа на здравиот разум)

Во нормални услови многу би се забавувал на ваквите трачарења (видете ги само описите пре-сме-шни!), меѓутоа неможам а да не забележам дека ваквата ретардација на трачарење полека станува македонска интернет сензација што е многу тапа бидејќи најглупите муабети што можат да се прават се:
  • Зашто мојот вкус за [нешто] е подобар од твојот
  • Сексуалниот живот на луѓето (освен ако тие сами не сакаат да зборуваат)
  • Шансите македонската фудбалска репрезентација да оствари победа
Тинејџерите по дефиниција се ретардирани и тоа е сосема во ред бидејќи е дел од процесот на растење и формирање на личноста во послушен партиски војник. Подобро образование би го намалил степенот на ретардација, ама тоа е сосема друга тема. 
Трачарењето си постои и ќе си постои во светот. Повеќето луѓе тоа го прифаќаат како составен дел од животот се додека е во основната исконска форма - позади грб и како кафе муабет. Проблемот е кога сето ова станува сензација, се наведуваат имиња и презимиња (макар и лажни) и сите почнуваат да го споделуваат бидејќи реално е забавно да слушаш дете што уште не знае што значи локална самоуправа како прави аналогија со магирица која рика. На крајот на денот децата кои се наведени со слика/име/профил завршуваат со повредени чувства. Класичен пример за сајбер насилство (note to self: зборот сајбер е пред векот, избегнувај да го користиш)

Гето мудрости
Знаеш што, фак ју Накова! Ајде да не им дадеме повод на луѓето да зборуваат.
Биди нормален човек и не охрабрувај ретардирано тинејџерско трачарење!
Стоп за споделувањето кој со кого се ебел!

03 September 2012

После година и пол пауза по кучешки години, Медо се враќа на блогирањето со стари, деривативни теми, англицизми кои некако апроупријет звучат на македонски, кочијашки јазик, граматички гршки, стереотипи (пр. Аеродромци) и апсолутна неспособност за разбирање на гледишта кои се различни од моите. Дозволете да ве внесам повторно во Здраворазумен Хејтеризам:


Само што го ставив Еминем во блог пост, дап ова ќе биде добра сезона.
Додека сме на темава, само што помина сезоната на годишни одмори (освен ако не сте од оние кој одат во Септември бидејќи Групер сакате мирен одмор) и откако ги видовме сите можни плажи, од сите можни агли, со сите можни нозе,

Освен тие што не интересираат

време е малку за игра на улоги (анг. прев. roleplay) каде што ќе се ставиме во неколку не толку замислени ама дефинитивно преувлеличени ситуации. Како на пример:

08 July 2012

Знам дека реков дека ќе одам на летен одмор, ама не издржа срце јуначко. Замислете дека сум Бетмен кој се враќа во Готам да го сузбие (сузбие?!) криминалот, со тоа што не сум Бетмен, Готам е Македонија и криминалот е апсолутната ретардација на Семето Синапово!

"Сејте семе на љубов,радост,среќа,мир. Што сеете денес,тоа ќе жнеете утре"

Претпоставувам ова не се однесува на полјоделски производи, бидејќи ако денес за утре имаме жетва нема да постои глад во светот и сите ќе се фокусираме на сеење на семето на љубовта, радоста, среќата и мирот ако ме сфаќате што сакам да кажам (намиг). Да одиме со ред:

Очигледно авторот никогаш не бил во Чаир навечер.
Пробајте ова да го кажете на касиерката следниот пат кога ќе купувате во Кам

11 June 2012

Во понеделник обично излегува статија со формат "Х нешта што нешто друго" во која низ сликите од цицки се обидуваме да научиме нешто преку посочување на некој негативен социо-економски феномен или некоја опасна македонштина. Исто така запознајте се со Марјан:

Здраво Магдонос!
Пишувајќи ја новата статија, забележав дека имам Марјан синдром. Си станав досаден себе си, правејќи ги истите шеги за Драчевци, Ѓорчевци, Аеродромци, верници, партиски војници, одлуки на Владата, јасновидци, недостаток на секс, потрошувачи, гастербајтери, дебели луѓе и мушмули.
Штом си станав досаден на себе си, прашање на време е кога ќе станам досаден и на сите читатели. 
Бидејќи и на најкреативните текстописци им треба малку пoчинка, одлучив Здраворазумен Хејтеризам да го пратам на годишен одмор!

И тоа негде на плажа со цицки
Сакам да се заблагодарам на сите мои читатели за преку 140.000 прегледи откако ја објавив првата статија во Октомври 2011, сите оние кои упорно ми ги поправаа печатните грешки, другарчињата што одлучија својот хејт да го истурат на мојот блог, on.net.mk што ме популаризираа, девојките што ми ги покажаа своите гради од сожалување и секако сите оние кои ме хејтаа бидејќи од нив научив најмногу! Фала дечки, страшни сте!

Меѓутоа не очајувајте, се додека постојат нездраворазумни луѓе, неосновани одлуки на нашите избраници, ретардирани постапки и генерално непочитување на науката ќе постои и Здраворазумниот Хејтеризам! Се враќаме во Септември со полна пареа :)

И со полни раце работа
А до тогаш уживајте во деколтињата што ви ги пружи топлото време, навивајте за вашата омилена репрезентација на Европското Првенство, бодрете го вашиот омилен Кениец на Олимпијадата, стискајте палце за нашите репрезентативци, одморете од вашиот град, одморете од вашата работа и

уживајте со ладно пиво во рака на некоја убава плажа!
Се читаме наскоро Хејтери!

04 June 2012

Ви текнува на времето кога моите статии ви беа супер мега интересни и едвај чекавте да објавам нешто ново? Епа тоа се должи на "твоето гомно никогаш не мириса, освен ако не искочиш од кенефот за да отидеш до соба и да го земеш мобилниот кој си го заборавил и повторно се вратиш назад" феноменот.
Остатокот од сагата тука.
Способноста човекот да не може постојано да ја чувствува истата сензација е многу добра карактеристика од еволуциона гледна точка, но многу лоша од романтична гледна точка, бидејќи физички е невозможно постојано да чувствуваш пеперутки во стомак секој пат кога типот ќе ти објасни нешто поврзано со љубов и еволуција (ако после неколку месеци се' уште чувствуваш пеперутки, оди на доктор, можеби имаш хормонален дисбаланс).
Поентата ми беше, на времето напишав една статија за работи кои треба да изумрат. Епа еве продолжение:


29 May 2012

Пред да почнеме со ретардацијата малку маркетинг за еден убав настан:

Погледнете го настанот

Сега може да продолжиме:

28 May 2012

Ако тргнеме 99% од комплексноста на универзумот, светот е многу едноставно место. Двајца млади се заљубуваат, двајца млади добиваат дете и двајцата млади се обидуваат правилно да го воспитаат тоа дете за подобра иднина на човештвото. Секако ова во реалноста не функционира, бидејќи кога ќе додадеш 99% комплексност пренесувањето на морални вредности на своите деца не е толку едноставна работа,

Како што може да забележите
и најголемиот дел од работите кои сме ги научиле од нашите родители се апсолутни невистини.
Премотајте неколку децении во иднината и сега сите сме возрасни личности кои се обидуваат да го придвижат чекор понапред преку пружање помош или алишта на оние на кои им е најпотребна.
Исус и уште мал милион пророци пред него и после него се обиделе да го направат истото, но како што гледате тоа срање не успева. Човековата природа е кучка од рангот на твојата бивша, ни дава илузија дека помагаме да создадеме поубав свет иако во најголемиот дел од случаите само го храниме сопственото его.
Еве неколку причини зашто сите сме масовни шупци кога се обидуваме да глумиме Мајка Тереза:

27 May 2012

Досега имав обичај да ја критикувам Владата за сите споменици, огради и останати нелогичности кои изникнуваат во моменталнава не-толку-сјајна економска ситуација.
Денес ќе го критикувам народот од чии пари се изградени и за кого се наменети тие споменици.

Денес ќе ги критикувам сите жени што КУР НЕ ВИДЕЛЕ ВО ЖИВОТ! (оригиналната вест)

Пред некое време во Жена Парк беше поставена биста од Прометеј, митскиот фраер што го донел огнот на Земјата со што започнало златното доба на човештвото (додека брат му не усрал работа со тоа кутијата). 
Секако ова е само мит! Вистинската причина зашто Прометеј го донел огнот е за да донесе светлина на Земјата со што обичните смртници би можеле да ги видат неговите масивни гениталии:

Слична е и приказната со коњот на Аце воинот
"Вчера поминував во Жена парк и видов гол, висок човек, многу се вознемирив и побарав итна медицинска помош." - изјави Нада Петревска.

Се надевам дека итната медицинска помош веднаш те упатила во душевната болница во Бардовци бидејќи очигледно имаш длабоки психолошки проблеми штом ти треба итна медицинска помош секој пат кога ќе видиш гол, висок, згоден човек што во конкретниов случај е ебана статуа!
Што им кажа на медицинските лица кои наместо да се на терен да спасуваат луѓе кои крварат се расправаат со жена чиј чмар е толку стегнат што не знам дали некогаш оди по голема нужда?
Зашто не повика брза помош кога го поставија воинот на коњ, на него едно јајце му е колку главата на Прометеј?

"Праќаме апел до надлежните, во најскоро време да се интервенира во решавање на случајот. Жените од Скопје, па и пошироко, се жртви на ова 21-во вековно безобразие." - изјави Претседателот на здружението на жени "Жена".

Здружение на жени што се вика Жена? Многу оригинално! 
Жените навистина се жртви и тоа на сексуални напади, семејно насилство, мобинг на работното место, скратување на нивното право на абортус и уште милион безобразија во 21виот век. Зашто не се фокусирате на вистинските проблеми наместо да ги слушате вашите претседателки кои со години не се допрени од реален маж? Ама не, најголемиот проблем што го има жената во Македонија е тоа што статуата на Прометеј нема гаќи.

Конечно ги решивме сите проблеми во државата
Забалежувате дека статуата со гаќи е многу позлатна од статуата без гаќи? 
Ова сигурно е чудо одобрено од Господ!

Редакцијата на Здраворазумен Хејтеризам, сака да помогне на здружението "Жена" со донирање на неколку вибрирачки еквиваленти на машкиот полов орган со надеж дека ќе излезат од средниот век во кој живеат, малку ќе се опуштат и ќе уживаат во убавините на животот.

Бонус: Прометеј има гаќи, дали жени реагирале или некој друг реагирал проценете сами.

21 May 2012

Како што ветив во мојата претходна сериозна статија (12-те луѓе што ја прочитаа знаат), денес ќе зборуваме за нештото кое сите сакаме да го имаме, но сепак многу малку го имаме. Секако зборувам за здрав разум, срча тело, нормално работно место, љубов, светла иднина, неретардирани одлуки на Владата, црна боја на кожата, брдо пари, акции во Фејсбук, Summer 'XX албуми на нашите пријатели, ретвитови од нашите следачи, новата песна на Слаткаристика, книжна десетка и некаде на крајот на листата на приоритети - редовен секс!

Помеѓу враќање на банкнота и секс со касиерката во 87% од случаите македонскиот потрошувач ќе избере банкнота
Како подготовка за оваа статија во последните 14 години имам изгледано сè што треба и сè што случајно може да се гледа кликнувајќи на реклами за зголемување на либидо, па дури еднаш и сум имал секс во животот.
Еве неколку ситуации во кои може да се најдете додека (се обидувате да) имате секс:

Оградување: Толкувањето на настаните е од машка субјективна гледна точка во стилот на "X одлични изговори за избегнување на гушкање после секс"

14 May 2012

Во последните неколку месеци супер популарни беа законите за цензура на интернетот како SOPA, PIPA, ACTA, BARCA и целата прашина што се крена околу нивното имплементирање. Како што е редот, така  и група на македонски граѓани (претежно) дебатираа за правните импликации на донесување на еден таков закон, техничките можности, загрозувањата на граѓанските слободи и секако дали пиратеријата е всушност крадење.
Пред некој ден на ова интернетов, популарно беше оградувањето на мојот колега блогер од кoлумната на една новинарка со сексипиљав поглед. Иако од прво апсолутно се согласив со неговиот став, мојата иницијална реакција ме направи најголемиот хипократ во светот.

Тој со заклетвата
Откако малку подразмислив (читај: прочитав размислувања на други автори) сфатив дека копирањето е еден од основните механизми за придвижување на човештвото кон посветла иднина. Еве зашто:

10 May 2012


За доброто на нашата држава, се надевам дека сте информирани за последната одлука на нашата Влада (исто како Господ, Бог или германска именка се пишува со голема буква) за монтирање на милион нови огради на мостовите низ целата држава...уствари чекај....

Се надевам дека сте информирани за последната одлука на нашата Влада за монтирање на нова ограда која чини милион факинг евра на мостот кај Холидеј Ин! 

За оваа одлука, вчера пишуваше мојата колешка блогерка и гостин на една од статиите на мојот блог.  Бидејќи сето ова се уште ми звучи ретардирано морам и јас да го споделам моето мислење во вид на блог пост од едноставна причина што не можам во секој твит да ставам тоа што сакаат читателите. 

Во 90% од случаите - цицки

Да започнеме прво со една кампања на Владата на Р.М. која многу добро ја анализираше нашиот омилен
го мразам, па го сакам и така се во круг проф. д-р Венко Андоновски.
Во обичен текстуален уредувач да го видиш крајот на светот

Според мене кампањата е апсолутно непотребна бидејќи верувале или не, нашиот народ е најкреативниот народ што некогаш сум го сретнал. Ова го констатирам бидејќи избраниците на нашиот народ успеаа во нешто повеќе од еден милион евра да видат една обична ограда.

Обична ограда?!

Дозволете да ја цитирам нашата министерка за култура (секако под цитирам подразбирам парафразирам и тотално извадам од контекст): 
Не треба да критикувате. Како Вие, народот, простата маса, можете да процените колку навистина чини една таква уметничка инсталација?”.  
Се согласувам со нашата министерка, многу е тешко да се процени вредноста на некое вакво дело од страна на луѓе кои ја познаваат само уметноста на преживување до следниот месец.
Тоа што е лесно пак, е да забележиш кога некој те дупчи во здрав мозок. Не треба да си Венко Андоновски да сфатиш дека ставаме скапа шминка на грда девојка со надеж дека некој ќе се смилува и ќе и направи спот со громови. Реалноста е што таа девојка е нашата мајка, сестра, ќерка, која сакаме или нејќеме ќе ја видиме следното утро без шминка, бидејќи таа живее со нас и таа е наша крв.
Карл Сеган, еден од најпознатите космонаути [citation needed], тврдеше дека секој од нас треба да има и најважно од се да негува т.н. Детектор на Глупости.
Сите ние го поседуваме и обично се манифестира со израз на неверување на нашите лица кога ќе прочитаме или слушнеме нешто што нам ни звучи нездраворазумно. Прочитајте ја повторно веста за оградата од милион факинг евра и погледнете се во огледало. Изразот на вашето лице е резултат на тоа што сте забележале масивна глупост.  

Можеби звучи дека цело време ја критикувам власта и тоа не е далеку од вистината. Моменталната ситуација, невработеноста, верската нетрпеливост, радикализацијата се производ на неколку децениско погрешно водење на државата. Тоа што ме прави гневен е тоа што сегашната владејачка гарнитура не поседува Детектор на Глупостии не може (или не сака) да увиди дека ги повторува истите грешки што ги правеа претходните влади. Продолжува да се фокусира на симптомите наместо на болеста, на последиците наместо на причините.  И тоа е жално бидејќи лекот е во нивните раце. Имаат финансии, имаат медиуми, имаат државни апарати, ја имаат бесполезната опозиција, го имаат на располагање целиот народ.

И тие одлучуваат да направат ограда од милион факинг евра.



“Детекторот за Глупости” не секогаш ни ја дава вистината. Искусен лажов многу вешто ќе ја искористи слепата верба, склоноста кон насилство, беспарицата или едноставно недостатокот на информации за да пласира очигледна лага која ќе помине незабележана низ детекторот.
Единствена заштита е учиме од историјата, да го надградуваме нашиот детектор со нови информации и да го проверуваме изворот на истите.

Група луѓе чиј детектор бурно реагирал на оваа одлука, решија на доста хумористичен начин да го изразат својот револт. Одвојте време да го разгледате настанот и одлучете дали треба да реагира и вашиот Детектор на Глупости”!

07 May 2012

Колешка во хејтеризам од ист пол како мојот пишуваше на темава веќе. Со некои работи се сложувам, со некои не. Јас сум тука да ги споделам работите кои ги прават (или не ги прават) жените, кои знаат да бидат прекрасни суштества (митски или реални зависи како ќе изберат), кои ме тераат да се почешам за главата и да се запрашам дали е до мене или до нив. Да направам малку его трипинг, најчесто е до нив.
Има уште многу примери, ама Медо ме предупреди да не забегувам, демек да не ги замарам многу луѓево.

Less is more


Читајќи ги интервјуата со финалистките на изборот за Мис на Македонија Фејсбук 2012 година, заклучив дека на сите ни треба некој идол во животот, дали тоа е Бог, родител, позната личност, младински лидер на локален комитет, комшија со бормашина или Боки 13ка да не насочи во животот, да ни постави позитивен пример или пак да ни постави граници кои сакаме да ги достигнеме.

Како што Киро Глигоров ни постави старосна граница која сакаме да ја достигнеме
Како што секој што некогаш трипал на LSD сака да стане следниот Стив Џобс и јас имам духовен учител кој ме научил на многу важни лекции во животот. Под многу секако мислам на точно седум, а под духовен учител секако мислам на Били Ѕвер:

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff