01 October 2012

9 ситуации во кои ми е непријатно

 
Напротив општото мислење јас повеќе не сум социопат. Ете, го кажав, си ја олеснив душата, го покажав своето вистинско лице пред јавноста. Еден дел од несоциопатијата (може ова да не вистински збор) е и "имање гајле" за чувствата на луѓето од твоето опкружување и како твоите постапки имаат удел во истите.

На другиот дел од несоциопатијата се' уште работам.
Без разлика колку статуси ќе пишеме дека не ни е гајле што мислат останатите, важно ни е како околината не перцепира. Затоа ја чистиме собата само кога ќе ни се најават гости. Поентата е дека го модифицираме нашето однесување во зависност од ситуацијата (пр. не кажуваш на прв состанок дека си емотивно осакатена личност која е неспособна да воспостави нормална човечка интеракција за взаемно почитување и разбирање, туку чекаш тој/таа сама да го дознае). Епа еве неколку ситуации во кои не знам како да постапам и ми е убер непријатно:


пр. Кога треба да платам проститутка со јаболко бидејќи сум го заборавил новчаникот

9. Пријател во автобус

Ретко се возам со ЈСП бидејќи не сум нивната таргет група (тинејџери и пензионери) и секако бидејќи сум #наТочак. Во тие ретки возења нема шанси, а да не налетам на познаник кој го знам доволно добро за да морам да се поздравам со него, но недоволно за да направам било каков муабет со него освен "што правиш/како си". Обично во ваква ситуација, се позиционирам што е можно подалеку од него, но некогаш тоа не е доволно. Поради динамиката на луѓето во автобусот, прашање на време е кога ќе се најдеш до близина на него и мораш да почнеш муабет, најчесто проследен со многу незгодни паузи и разговори на теми што ве поврзувале пред 10 години:
  • Што правиш, брат?
  • Еве брат накај дома, ти?
  • И јас исто, брат.
    (незгодна пауза)
  • Ти текиње кога игравме Дота по цел ден, брат?
  • Да бе брат, тоа беа времињата!
  • Па не баш, брат.
    (незгодна пауза)
И двајцата знаете дека ви е мега незгодно, ама не можеш едноставно да ставиш слушалки и да си чилаш додека седиш буквално до него. Едвај чекаш да дојде твојата станица за да заврши муабетот.

Најчесто со "Обавезно те барам за кафе, брат!"

 8. Фамилијарни собиранки

Многу ќе беше поедноставно ако не растеа волците во шума и да немаше потреба да присуствуваме на фамилијарни собиранки, најчесто за верски празници и/или кога треба да се прави ајвар.

50 кила пиперки не се лупат со 2 пара раце
За разлика од другарите кои нема да ти кењаат ако дојдеш на гости и не им донесеш ништо и/или ги ставиш твоите нозе на нивната нова гарнитура, кај фамилијарните собиранки треба да се однесуваш пристојно, да дојдеш релативно трезен и да поминеш време со луѓе кои освен крвна врска немаш многу заеднички работи. Проблемот лесно би се решил ако не е потребна никаква интеракција, ќе си дремам на интернет од телефон, меѓутоа тоа е невозможно кога цело време си бомбардиран со прашања:
  • Кога ќе ја донесеш девојка ти?
  • Како мислиш немаш девојка кога ти е време?
  • Кога ќе остареме нема да можеме да ги чуваме внуците, знаеш?
  • До кога Исус ќе го викаш Дарвин?

7. Средба со бившата и нејзиниот сегашен

Замислете ситуација каде што се шетате низ Градски Трговски Центар за да најдете жолти хеланки и ја среќавате вашата бивша и нејзиниот сегашен дечко. Гледаш дека идат во твој правец, ама е касно ненадејно да го смениш. Еве што се случува:

(тргнувам накај нив, ја меркам од глава до пети за да видам дали се здебелила од последен пат кога ја видов во кревет, го гледам ужасот во нејзините очи додека тој се спрема да го сретне својот најголем непријател)
  • Јас: Здраво, што правите?
  • Таа: Еве нешто шопинг а-у,  запознај се со _____, не се знаете, така?
  • Јас: Не се знаеме. Здраво јас сум Медо.
  • Тој: Здраво јас сум _____.
    (добро се знаеме кој што и како сме, само не сме се запознале. Гледам дали можам да оценам дали е поголем маж од мене. Истото го прави и тој. Таа ја има најреалната компарација за тоа што изгубила, а што добила. Тој чувствува среќа што сега тој ја гледа гола, ама воедно и страв да не се случи повторно чај со Медо)
Мислам која би одбила блогер со изврсен хумор?
Муабетот не трае никогаш повеќе од 10 секунди, меѓутоа се разменуваат емоции доволни да се напишат две книги. И е убер незгодно.


6. Помагање во разни ситуации

Доблесно е да помогнеш на пријател и во 90% од ситуациите помагам без проблем колку што можам. Оваа точка се однесува на оние ретки ситуации каде што ти завршиле испитите/проектите/напорниот период, си ги создал совршените услови за уживање

Gossip Girls Season 5 here I come!
и тогаш ти ѕвони телефонот, другар ти те вика да преместите кауч или што и да е. Бидејќи е крајно несоодветно да речеш "Брат, извини ама го резервирав попладнето да ја слушам на рипит Hezbollah - Blazej SR2" мораш да смислиш некоја ретардирана лага од типот на:
  • Јас: Абе би дошол, ама моите ми ја земаа колата.
  • Тој: Ќе дојдам јас ќе те земам.
  • Јас: Ама немам клуч од дома, не сакам да оставам отклучено.
  • Тој: Ќе ти донесам катанец нема везе.
  • Јас: Епа што знам, чек само немам батерија... (спуштам, гасам телефон)
    (влегува татко ми)
  • Татко ми: Вол еден драчевски, иди помогни му на детето доста се шуњаш по боксерици низ куќава.
Мислам што е штетата, имаш уште 20 амали што можат да му помогнат, не дека само јас можам да кренам кауч. Ќе се снајде, така?

5. Медијатор во туѓа врска

Имаш добар другар. Имаш добра другарка. После една пијанка завршуваат во кревет и бидејќи најголемото зло во нашето традиционално религиозно општество е секс за една вечер, следниот ден се фаќаат за да не биде незгодно. Поминува Х време и избива првата караница:
  • Таа: Значи Медо многу ме нервира... (ми ја кажува нејзината верзија)
  • Тој: Значи Медо многу ме нервира... (ми ја кажува неговата верзија)
Јас
Во 90% од случаите караницата е бесмислена, решението е премногу очигледно од моја гледна точка, но тие од дрвата не можат да ја видат шумата бидејќи се емотивно инволвирани во целата ситуација. Во точно 0% од случаите го послушале мојот совет, едноставно игнорираат било кој здраворазумен аргумент и си тераат инает додека не ги пукне емоција дека не можат еден без друг.  Најчесто од мене се бара да изберам страна и во 100% од случаите другата страна ми се лути дека никогаш не ги бранам. Само не дај боже да ми кажат некоја тајна:

4. Криење тајна од добар другар/ка

Продолжение на ситуацијата е кога неговата/нејзината верзија вклучува изневерување или нешто слично што не сакам да го знам.

Зашто не си ја облеков оваа маичка?
Што очекуваш да правам јас со оваа информација? Тебе ти се олесни душата, се исповеда пред мене/Господ и ја сподели одговорноста за тоа што си го шитна партнерот за сите пари. Не ме сфаќај погрешно ти си во многу позаебана ситуација од мене, ама зашто и мене ме ставаш во ситуација каде треба да бирам помеѓу тебе (да не кажам) и него/неа (да кажам)? 
Многу веројатно е дека во ситуацијава ќе изгубам другар/ка.

3. Одговор на прашањето зашто ме избриша/блокираше

Одговорот е многу едноставен. Во кратки црти пошто си спамер без смисла за хумор, во долги црти прочитајте ја статијава. Незгодниот дел е кога ќе се сретнеш со личноста во живо и ќе го постави прашањето најчесто пред група на луѓе кои едвај чекаат да видат што ќе одговориш.

Не знам, изгледа Твитер пак сам блокира луѓе.
Зашто воопшто некој го поставува прашањето освен ако не сака да направи соговорникот да се чувствува супер непријатно? Сигурно не бидејќи сака од целото искуство да извлече поука и повеќе да не го повторува однесувањето кое довело до бришењето, туку да даде до знаење на сите дека ти си незахвален шупак кој не знае да цени различно мислење од неговото. 
Самиот факт што личноста што сум ја избришал/блокирал во истиот момент го дознава тоа говори нешто за нејзиниот став кон социјалните мрежи, егото и правото на избор, не?

2. Одбивање девојка

Запознаваш девојка, на хартија е совршената за тебе, фин карактер, смисла за хумор, мега цицки меѓутоа поради некоја причина која не можеш да ја утврдиш бидејќи си израснат со ставот дека анализирање на емоции е за жени и педерчиња не ти го плови бродот т.е. сексуално не те возбудува.

Тотално неповрзана слика
Муабетот неизбежно води кон една зона во која никој не сака да се најде, а патот до неа барем за мене е многу незгоден. Во ваквите ситуации обично имаш и притисок од околината бидејќи сте совршени на хартија, ама по ѓаволите не сум јас робот, па да можам да се испрограмирам да ми се свиѓа некој што не ми се свиѓа (note to self: стани робот за да можеш да се испрограмираш да ти се свиѓа некој што не ти се свиѓа). Исто така ова значи крај на пријателството освен ако и на двајцата не им одговара да живеат во огромна заблуда.

1. Покана за лајкнување на страна/настан/производ

Секој пат кога некој ќе ми пише приватна т.е. најчесто групна порака да го лајкнам нивното бебе на Енци Менци ми е незгодно дека треба да ги одбијам....хахаххахах....апсолутно не ми е! Еве факинг гиф одговор:



 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff