Нема жена на светот што не мисли дека Хју Џекман е поим за тестостерон пута миљон. (хипербола, ама слободно бидете буквалисти и пишете во коментарите дека има таква жена)
|
Мислам види го |
Како електро инженер, не ми е тешко да соберам 2 со 2 т.е. ако се маскирам вечер во Хју Џекман како Вулверин ќе фатам женска. Логично, нели?
|
Која женска не би сакала да ја боцне Вулверин |
Ако изгледав како Хју Џекман немаше да ми треба маска, па бидејќи ни брада не може да ми порасне како што треба решив да се маскирам во стрип верзијата на Вулверин.
|
Бидејќи полесно е да купиш жути пижами отколку да направи тело како Хју Џекман |
Еве што ви треба за и вие да си направите Вулверин маска за ефтини пари:
- Жути пижами или хеланки+маичка
- Жуто капче
- Плави ракавици
- Плави гаќи
- Плави високи чорапи
- 2 виљушки
- Селотејп
- Црн маркер
- Картон
- Ластик за гаќи
Не најдов во градов (читај: Бит Пазар) жути пижами, па затоа си купив бела маичка и бела хеланки кои ги вапцав со боја за јаца. Искочи дека убавите бои за јајца се всушност текстилни бои купени од Хембој во Чаршија, па сеа ти види што јадеме за Велигден.
|
Благодарност до продавачките во Сара Фешн што не ми рекоа дека газот ми изгледа огромно кога ги пробував |
Плави гаќи, жуто капче од Орка Холдинг што пред 10 години ни го даде Орце Камчев кога се кандидираше за градоначалник на Карпош, селотејп, маркер и виљушки имав по дома, додека плавите ракавици ги купив од Еуротулс.
|
Манифест лејаут на елементите |
Следно нешто е да земете картон, да исечете нешто што личи на маската на Вулверин, да ја обоите црно со маркерот пошто иди најди црн картон, да и протнете ластик за гаќи внимавајќи да не ви ја стега главата.
|
Основи на Техника и Производство левел 99 |
Додека го држите маркерот во раце убаво е и да ги ставите шарите на Вулверин на жутата маица заради автентичност.
Крајната фаза е секако да ги прицврстите канџите/сечилата на Вулверин на вашите ракавици со селотејп како што е прикажано на сликата,
|
Епа дојди! |
и да го пробате костимот:
|
Внимавајте да не ве сликаат додека пробувате |
И еве го крајниот резИлтат:
|
Жени! Пазете се вечер во град да не се замезиме |
Вулверин во стрипот има и црвен каиш ама за разлика од хеланки, носењето на црвен каиш е масовно геј!
Бонус: Дури и да имате брада, избричете се тасма и со маркер нацртајте си погуста.
Идеја: Шуле
Реализација: Медо
Литература: реф1,
реф2
Благодарност до сите поддржувачи!