На дваесет и девет запирка еден човек му се допаѓа ова |
" Една девојка го прашува својот дечко : Дали си заљубен во мене?
Тој и одговара: Не!
Девојката го прашува : Дали мислиш дека сум убава ?
Тој и одговара : Не!
Таа пак го прашува: Дали сум во твоето срце?
Тој и одговара : Не!
На крајот го прашува :Да те напуштам дали ке плакаш за мене?
Тој и одговара: Не!
Девојката ја наведнала главата многу тажно и сакала да си оди него.
Тогаш тој ја прегрнува и и кажува: Јас не сум заљубен во тебе - ЈАС ТЕ САКАМ! Јас мислам дека не си убава- ЈАС МИСЛАМ ДЕКА СИ ПРЕКРАСНА! Ти не си во моето срце - ТИ СИ МОЕТО СРЦЕ! Јас не би плакал кога ке ме оставиш - БИ УМРЕЛ!
Се познавале 6 месеци , пред да започнат врска. Се карале но тие кавги ги само зближувале уште повеке. Еден ден девојчето му кажала дека е болна од срце. Во моментот тој ја прегрнал и почнал да плаче. Кога требала да оди на операција,кога требала да влезе во авионот,тој не се поздравил со неа. Кога се вратила оправена после неколку денови не го нашла својот дечко.
Ја запрашала мајка и каде е тој а таа и одговорила:“ ЗАР НЕ ЗНАЕШ КОЈ ТИ ДАДЕ СРЦЕ?! "
Ајде да ги скокнеме очигледните нелогичности како шансите дечкото и девојката да имаат компатабилни органи, одлуката докторите да пресадат срце од здрав на болен човек кој во просек живее 15 години после успешна трансплантација, фактот дека мајката знаела за целиот план, бидејќи ова е романтична приказна која треба да ни ја демонстрира моќта на љубовта.
Тоа што мене ме мачи е:
- Зашто буквата "ќ" не се користи во текстот
- Кој во 21 век го користи зборот "плакал"
- Може дечково сака да и направи финта на девојката со одговарање НЕ на секое прашање, ама нели делува тоа некако кретенски?
- Зашто е важно во приказнава дека се карале, но тоа ги зближувало? (едит: можеби за да даде човечка димензија на нечовечка приказна)
- Зашто мора со авион да се оди на операција?
Прочитајте уште некоја приказна или во најлош случај прочитајте ја/гледајте го П.С. Те Сакам и ако може одговорете ми на следното прашање:
Дали љубовта е обратно пропорционална на здравиот разум?
Бидејќи се што прочитав на странава ме наведува дека тоа е точно.