Дојде најубавиот месец во годината Април (прев. хрв. Травањ). Месецот на јарецот или бикот, месецот кога Тони Зен ќе го извади Тоблеронето и месецот кога треба да подразмислите како ќе изгледате кога ќе се буткате во гужва за да го фатите бидермаерот.
Имам среќа (?!) да имам голема фамилија, па одам во просек на две свадби годишно. Не ни можете да претпоставите на колку свадби сум бил во последниве 10 години!
Преку сите тие марифети добив доста големо, претежно теоретско знаење за како може да фатите женска на свадба и бидејќи паталец е поголемо или еднакво (>=) на гаталец еве ви неколку практични совети за како да го искористите пијанството на постарите во ваша полза:
(Советите иако се наменете за мажи, универзално се применливи бидејќи потребни се двајца за танго, секогаш е најтемно пред зората, после дождот сонце изгрева, Паоло Коељо)
6. Стан/Црква/Матично
Ако не сте во толку блиски односи со младожењите и одите директно на
приемот/вечерата или пак сте фан на Гирадико во Центар слободно скокнете
ја оваа точка.
За разлика од цацики сосот во Гирадико оваа реклама е бесплатна |
Во спротивно ќе треба да го поминете целиот ден шетајќи се низ станови, играње оро пред зграда, кружење околу олтар и сведочење дека младожењите не се братучеди.
Журката започнува кога ќе се сретнат зетот со невестата бидејќи до тој момент сте опкружени само со роднини, исто како што сте опкружени со нереално високи цени за не толку вкусни производи кога влегувате во Гирадико.
Откако ќе помине неверојатно глупиот обичај на тестостерон, насилство и врати, ваша задача е да ги измеркате сите другарки/старосватици на невестата и
користејќи драчевска вештина да дознаете дали се и тие печени за во
тавче:
- Леле многу сум среќен за нив, срцки се! Јас секогаш сам ќе си останам
- Кога ќе ја кршиме твојата врата?
- Многу убаво фустанче, дечко ти е среќен човек
- Знаеш дека во Гирадико не сакаа да ми стават марула во гирото бидејќи салатите биле само за хамбургери?
Ова се нарекува shot gun стратегија. Аналогијата е дека се пуштаат мали сачми на сите страни со надеж дека барем некоја од нив ќе погоди нешто.
Кокетирањето треба да продолжи во текот на денот додека/ако се прават сите тие цркви и матични со повремени кратки шеги/досетки/крадени твитови.
5. Првиот танц
Вечерата е моментот кога треба да покажете зашто два месеци трчавте на кеј, пукавте козметика и не јадевте во Гирадико. Што би рекле Зи Зи Топ, секоја девојка е луда за оштро облечен маж.
Оштро, кај и да допреш ќе се повредиш |
Пред да објасниме зашто првиот танц е најкритичниот момент за фаќањето женска мора да напоменеме за опасноста од инцест со големи болд букви:
БИРАЈТЕ ЖЕНСКА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА САЛАТА!
Откако ќе ја отворат свеченоста младожењите, ваша задача е да ја поканите вашата мајка, стрина, баба, тетка или било која постара женска личност со која се чувствувате пријатно да танцувате. Ова е многу важно, бидејќи дава до знаење дека сте:
- Слободен, бидејќи не играте со девојка
- Кавалер, бидејќи каните постара личност на танц
- Се трудите, бидејќи да бидеме реални не сте Антонио Бандерас, ама желбата е важна
Ако девојката (или нејзиниот татко, дедо, вујко, тетка) е тактичар и го направи истото со тие што се во заграда и има одличен газ/цицки сооднос, shot gun техниката преминува во sniper техника. Аналогијата е дека со трпение, тактизирање и добро пласиран метак се постигнува полн погодок.
Откако ја избравте девојката, треба малку да се посветите и на свадбата, па до паузата за ручек, дрмнете нешто за пиење и покажете ги вашите Џегер движења додека играте пајдушко.
Повремено упаќајте поглед/насмевка и изиграјте едно или две ора фатени за рачиња/колачиња.
4. По вечера
Ова може да е и ручек, во зависност дали е дневна или вечерна свадба, меѓутоа принципот е ист. Ова е момент во кој пушачите имаат голема предност пред непушачите, бидејќи откако ќе се изнаскокаш и изнајадеш, пуш паузата е одлично време/место да започнете муабет за тоа како сте дипломирани електро инженер со одлична смисла за хумор, пишувате блог и одите во теретана.
Делот во кој кажувате дека сте level 50 Sith Inquisitor можете да го скокнете |
Во овој муабет ќе ги дознаете сте критични информации за девојката:
- Каде живее
- Каде искача
- Дали е сингл или дали планира да биде во скоро време
- Што е во хороскоп
Ако не сте пушач и не сакате да излезете во тие чадови, не очајувајте. Оваа точка е добра за собирање на информации, меѓутоа не и критична за успехот. Освен ако и некој пушач не ја прочитал статијава и додека ти се пресоблекуваш за да не ти се гледа запотеното под мишка, тој ја упецал на истите финти. Ха, бубалица!
3. Вториот танц
На нормална македонска свадба на која не се носат маски и на која не пеат Паркети, обично следи втор танц по вечерата. Тој е моментот кој Тед 7 сезони никако да ни го каже.
Можете да одите на иста фора како точка 6 со тоа што овој пат ќе пристапите на нејзиниот постар танго партнер и ќе речете: "Господине, вие мора да сте терорист, бидејќи во раце држите бомба" или пак "Ќе може ли да ја позајмам вашата партнерка на еден танц?", ваш избор. Другата опција е директно да одите и ја прашате: "Дали болеше кога падна од рајот?" или пак "Дали сакаш да ги засениме младоженците", повторно ваш избор.
Немојте да мислите дека ако се согласи да сврти еден валцер работата е завршена. Баш напротив, танцот е најкритичниот (или круциалниот ако сакате да звучам попаметно преку користење на англицизми) момент.
Запомнете! Девојката не е пехар од кошаркарскиот куп на Македонија. Не треба да и ги искршите рацете. Треба да бидете грациозно затоа што девојката ќе забележи:
- Стисокот, дали сте префинет дечко или вратар од Балет
- Парфемот, дали имате моќен мирис
- Движењата, дали знаете да играте или сте Величе Шумуликовски
- Погледот, дали пиете од нејзината убавина или сте Китка-Матка
- Твојата рака на нејзиниот г'з, немојте
Откако (се надевам) оставивте добар впечаток, заблагодарете се и малце олабавете со тоа што ќе посветите време на вашите роднини или на алкохолот кој е во неограничени количини.
2. Бидермаерот/Подвезицата/Тортата
Кошмарот за секој маж што е во долга врска, ама не сака да се жени. Овој дел треба да го изиграте со тоа што ќе бидете во гужвата, со тоа давајќи до знаење на сите дека сте сами, меѓутоа во позадината бидејќи не сакате да се тепате со жена која мисли дека тоа што не е мажена е до букетот.
Помош: До мачките е! |
Ова дава до знаење дека си кежуал дечко, дека ја почитуваш традицијата, но не си роб на неа, дека имаш гитара, но не знаеш да свириш.
Сечењето на торта е многу сличен момент, но тука децата се тепаат во први редови. Ако сте стигнале до тука и таа ќе биде во гужвата бидејќи ќе сака да го продолжи муабетот. Нема брзање, бидејќи линијата е долга, а ноќта млада, па одвојте малку време за подобро да се запознаете и да поделите некој комплимент за:
- Колку добро игра
- Колку добро изгледа
- Колку добро изгледа мајка (крушка под круша паѓа)
- Колку добро изгледа новото лого на Здраворазумен Хејтеризам
Откако ќе ја земете тортата доаѓа најважниот момент од вечерта:
1. Статијава нема линкови
Закон, нели? Ама да се вратиме на најважниот момент од вечерта:
1. Барање на број
Никако не смеете да правите нешто додека трае свадбата од неколку причини:
1. Статијава нема линкови
Закон, нели? Ама да се вратиме на најважниот момент од вечерта:
1. Барање на број
Никако не смеете да правите нешто додека трае свадбата од неколку причини:
- Покажувате дека имате почит кон луѓето кои ве поканиле на свадба
- Покажувате дека имате класа
- Покажувате дека сте сериозен господин, а не попален средношколец
- На свадбата има 200 роднини, пријатели, сватови т.е. со еден збор стринки кои нема две години да ве извадат од уста ако видат дека се лапате на свадба и бесконечно ќе ве напињаат и вие да се земете зашто веќе стануваат стари за чување внуци
Иако изгледа како многу мака за да се добие бројче, сепак ако успеете да
оставите добар впечаток во сите овие клучни моменти успехот речиси е
загарантиран. Прашање на време е кога ќе излезете на состанок.
Затоа отрезнете се следниот ден и побарајте ја, или чекајте 3 дена или
колку и да беше таа математиката според која не сакаш да изгледаш
премногу очајно, меѓутоа и не сакаш да чекаш многу за да не се оладат
работите. Во секој случај јавете се,Прободете ја со вашата аморова стрела |
па можеби следната свадба вие ќе сте оние кои ќе се молат вашата женска да не го фати бидермаерот.
П.С. Девојки, ако забележите одредена шема во однесувањето на дечкото кој ве кани на танц, направете му го филмот, најверојатно е ОК дечко што прави сè за малку љубов!