Се будете сонливи?
Не ви се оди на работа?
Имате главоболка во деновите кога немате добиено?
Чекате 15 минути да ви врати на порака во инбокс, а очигледно е онлајн?
И не бидејќи само што сте станале, шефот ви е кретен, досаден ви е сексот или соговорничката се прави пичка, туку бидејќи живеете врз подземни води!
И не бидејќи само што сте станале, шефот ви е кретен, досаден ви е сексот или соговорничката се прави пичка, туку бидејќи живеете врз подземни води!
Slap my ass and call me a bitch! |
Подземните води се опасни како римите на Ронин во Бонус Трака и според оваа екстремно долга, многу досадна и ужасно грда на изглед статија, зрачењето од подземните води т.е. Геопатскиот стрес е причина за секој рак што некад постоел. Исто така за твојата неверојатна способност на секои избори да го правиш погрешниот избор.
Пред да објасниме зашто моите тестиси имаат повеќе логика од претпоставките врз кои се базира геопатскиот стрес, дозволете да ви го претставам решението:
Македонската фирма ПросторФМ во соработка со Колектива нуди групен купон (всушност не е групен бидејќи потрено е да се купи само еден производ) со кој за само 1000 денари можете да ги откриете подземните води во вашиот дом со помош на рашљи.

Во превод ќе ви се расшета дедо со чатал по куќа |
И не само тоа, откако ќе увидите дека имате енергетски полиња во вашата куќа кои можеби се предизвикани од тоа што имате струја и рутер, ама може и од подземни води кои предизвикуваат рак, ќе можете да го искористите и другите услуги на ПросторФМ како Фенг Шуи или Хармонично опкружување и тоа за само 30 денари по метар квадратен.
Да се вратиме на моите тестиси. Мало гуглање откри дека техниката се вика dowsing, постои уште од времето кога Турците се привикнувале на балканската клима и најважно од се:
"A 1948 study tested 58 dowsers' ability to detect water. None of them were more reliable than chance.[21] A 1979 review examined many controlled studies of dowsing for water, and found that none of them showed better than chance results.[5] "

Дап, ова значи дека за истите пари можам да ви се расшетам гол низ куќа и таму каде што ќе ме зачеша мадето значи дека има подземни води. Исто така пософистицирани чатли се користат за пронаоѓање на бомби и експлозиви. Поефтината варијанта е фрлање на паричка.
Ама за здравје не треба да се штеди! Ако нема здравствен ризик, тогаш мора да го измислиме, како иначе ќе правиме пари со помош на гранка во 21 век?
Ама за здравје не треба да се штеди! Ако нема здравствен ризик, тогаш мора да го измислиме, како иначе ќе правиме пари со помош на гранка во 21 век?
Насекаде околу нас имаме електро-магнетни полиња. Имало уште пред да имаме сијалици и мобилни, ќе има засекогаш ќе има без разлика колку технологијата напредува, бидејќи тоа е природно срање. Скоро се е електро-магнетно зрачење, но многу мал дел од тие зрачења имаат јонизирачки ефект т.е. доволна енергија за да избијат некој електрон од атомите на вашите клетки. Искочи од јоносферата - заштитната обвивка на Земјата и ќе видиш како ќе те сјебе радијацијата во вселената. Истото ќе се случи и ако се шуњаш околу нуклеарна централа после хаварија. Единствените супермоќи што ќе ги добиеш се оние на дух што оди.
Дури и да имаат неков ефект врз нашето здравје, ефектите се екстремно долгорочни. Да не беа до сега сите што користеа мобилни ќе имаа тумори.
Меѓутоа јас сум човек што верува во Господ. Или наука беше? Како повеќето така и јас ги мешам терминиве. Ајде да претпоставиме дека сум мрзлив и не истражив доволно пред да објавам дека електромагнетните полиња од подземните води кои се во рангот на микро ампери се ретардација. Ајде да направиме предизвик! Докажете ми дека шетање со чатал и преместување на мебелот (бидејќи не можам да си ја преместам куќата во која што живеам) има било какви здравствени придобивки, со тоа што мора да внимавате:
- Тој што го спроведува научното истражување не смее да продава производ кој го решава проблемот претставен во тоа истражување
- Изворот не смее да биде нео-хипички, спасете ја планетата Земја, било што што содржи хармонија или
кинескабило каква филозофија - Мора да има тест група, а не индивидуален случај за којшто е применлива, бидејќи еден случај од 6 милијарди жители е статистични занемарлив податок
- Истражувањето мора да е објавено во легитимно научно списание/универзитет
- Не смеете да земете приказни од типот на сивата/проколнатата зграда во Нови Лисиче како научни тврдења
Со среќа!
Оградување: Фенг Шуи-то, бајачките, магиите, лековите, па и дел од операциите имаат изразен плацебо ефект. Тоа значи дека иако реално ништо не е променето, сменет е менталниот склоп на човекот, промена која не ретко има и физичка манифестација.
Со ова кажано, човек кој тврди дека ќе ја елиминира твојата главоболка со чешање на тестиси за одредена сума на пари, навистина може да ја елиминира, но не бидејќи тоа има реален физички ефект. Тоа е само твојот мозок кој е способен за многу чудни работи.

Дали тоа ги оправдува парите потрошени на чешање муда?
Не, бидејќи потрошувачот е излажан.
Пред некое време пишував дека македонскиот потрошувач е овца, ја стриже кој ќе стигне. Живееме во информатичко општество, ако доволно си напреднал да го внесеш бројот на твојата кредитна картичка на страна за групни попуст, пробај да внесеш и малку скептицизам во облик на гуглање на производот.
Џабе технологија, ако немаш ронка здрав разум!