Судејќи според Скопје Ремиксд, времињата се менуваат и тоа на полошо. Апсолутно се согласувам со тоа, но наместо за дрога денес ќе разговараме за одредени западни трендови кои како преку ноќ се инкорпорираа во нашето секојдневие. Слично како зборот инкорпорираа.
Порано беше многу полесно, завршуваш со образованието (најчесто средно), знаеш некој што работи некаде, со негова препорака се вработуваш и почнуваш од нула.

Денес ова е случај само во државната администрација. |
Останатите кои немаат партиска книшка, роднина на висока позиција или неверојатна и речиси невозможна среќа да се вработат без првите две мораат да поминат низ неколку интервјуа и ригорозна селекција налик Монти Пајтон.
Не можам да разберам дали сите тие финти што ги прават експертите од HR имаат реално мерлив резултат што е подобар од верување на инстинктот или не дај св.Димитријо преку случаен избор, ама се надевам дека ќе испровоцирам некој доволно за да ми објасни во коментарите.
До тогаш еве неколку идиотски одговори на идиотски прашања:

19. Каде се гледаш за 5 години?
Се гледам во двокатен автобус кој поминува низ триумфалната порта додека илјадници Македонци ја слават 5-годишнината од ова интервју.
18. Опиши се накратко?
18. Опиши се накратко?
Па носам штикли кога сум сам по дома и знам да програмирам за што всушност ме интервјуирате. За кое сакате подетално да Ви раскажам?
17. Која ти е најголемата слабост?
Немам партиска книшка, затоа сум каде што сум сега
16. Со кого живееш?
Со моите родители и баба ми која е болна. Затоа последниве 2 години имам секс во кола.

15. Дали често лажете?
Да, ама не ме фаќаат толку често, па тогаш најверојатно одговорот би бил не. Или да. Не знам.
14. Зашто се заинтересиравте за оваа компанија?
Слушнав дека сте ги плаќале вработените.

13. Дали би ви пречело да работите прекувремено?
Се додека не ви пречи на вас да ме плаќате прекувремено.

12. Како работите под притисок?
Исто како кога имам секс додека родителите на женската се во собата. Се надевам менаџерите во компанијата нема често да ме сместуваат во иста соба.
11. Дали ви се поважни парите или задоволството?
Некои работи ќе ми биде мерак да ги направам, некои не. Се додека јас работам како што треба и вие ме плаќате како што треба нема да имаме фрки.
10. Дали сте способни да работите во тимови?
Зависи од тимот. Ако работам со синовите и ќеркичките на директорчињата најверојатно не сум способен да работам во тим.
9. Што работевте на студентската пракса?
Ништо посебно, ама имав фенси титула - помлад стручен соработник во одделот за имплементација на веб базирани решенија

8. Дали би ви пречело ако го контактираме вашиот претходен работодавец?
Слободно контактирајте ја и мојата бивша девојка. Очигледно епитетот бивша е бидејќи ни цветале рози во односот.
7. Што зборуваат за вас колегите?
Добар дел од прашањава се базираат врз мојата способност да ја предвидам иднината или да ги читам мислите на другите. Ако го спомневте ова во огласот, ќе донесев кафе и гравчиња.

6. Зашто треба да те вработиме?
Поради мојата смисла за хумор. Ама сериозно, ако до сега од моето CV, блог, ФБ и Твитер профил не утврдивте зашто треба да ме вработите, зашто воопшто се мачиме со овие глупави прашања?

5. Што очекувате од ова работно место?
Па очекувам да не мора да се бричам секој ден како за почеток, а потоа очекувам редовно зголемување на плата, платени придонеси и К-15, слобода да си сурфам кога ќе посакам, ама ко што ни е државата и менталитетот ќе биде премија и ако секој први од месецот ми стига плата.

4. Која е минималната сума за која би работеле?
Која е максималната сума која може да ми ја дадете како за почеток? Бидејќи бројките се исти.

3. Дали ако ви понудат поголема плата би работеле за конкуренцијата?
Никако, веќе го истетовирав името на вашата компанија на моите гради.

2. Зашто го напуштивте претходното работно место?
Зашто го пикнаа во затвор сопственикот.
1. Има нешто што сакаш нас да не прашаш?
Дали сте свесни дека 90% од одговорите што денес ги дадов се апсолутно неискрени и најверојатно ќе ги слушнете од сите што ќе дојдат после мене? Секако дека знаете. Зашто тогаш упорно го форсирате процесот кој ги тера учесниците да лажат, додека вие се обидувате да одгатнете кој не го прави тоа патолошки?
Никој нема да ги одговори овие прашања на ваков начин. Ова е само колку да се изеде бурек со надеж дека ќе соберам 2000 хита на блогираме.мк. Давале маичка наводно за тоа.
Блогираме - од хипстер до локомотива |
Бидејќи овие методи не се топла вода, кандидатите ги знаат прашањата, а работодавците знаат дека кандидатите ги знаат прашањата, па смислуваат уште поглупави прашања.
Прашај било кој вработен во HR секторот и ќе добиеш одговор дека не е до прашањата, туку до начинот на кој кандидатите ги одговараат и бидејќи тие се експерти во толкување на суптилните знаци како телесниот јазик, движењата на зениците, рацете и брковите можат објективно да оценат кој од неколкуте кандидати со слично резиме лаже најмалку и не се кљукнал сабајлето со дијазепам за смирување. Бидејќи овие методи имаат научна основа.
И тоа е се кул, меѓутоа ова не е прецизна наука.
Како знаете дали кандидатот што сте го избрале е вистинскиот, ако не ги пробате сите останати? Може да бидете задоволни од изборот, меѓутоа никогаш нема да дознаете дали останатите би биле подобри затоа што не е исплатливо или пак логично да се примат сите кандидати на проба/пракса.
Друг аспект е што колку и да се обучени, луѓето од HR се сепак луѓе. И на нив им влијаат суптилните работи според кои одлучуваме дали одредена личност ќе ни се допадне или не кога првпат ќе ја запознаеме.
Прашај било кој вработен во HR секторот и ќе добиеш одговор дека не е до прашањата, туку до начинот на кој кандидатите ги одговараат и бидејќи тие се експерти во толкување на суптилните знаци како телесниот јазик, движењата на зениците, рацете и брковите можат објективно да оценат кој од неколкуте кандидати со слично резиме лаже најмалку и не се кљукнал сабајлето со дијазепам за смирување. Бидејќи овие методи имаат научна основа.
А сите знаеме колку е секси науката |
Како знаете дали кандидатот што сте го избрале е вистинскиот, ако не ги пробате сите останати? Може да бидете задоволни од изборот, меѓутоа никогаш нема да дознаете дали останатите би биле подобри затоа што не е исплатливо или пак логично да се примат сите кандидати на проба/пракса.
Друг аспект е што колку и да се обучени, луѓето од HR се сепак луѓе. И на нив им влијаат суптилните работи според кои одлучуваме дали одредена личност ќе ни се допадне или не кога првпат ќе ја запознаеме.
пр. Кој стил на брк го негува |
И тие имаат проблеми, предрасуди и носат штикли по дома како и кандидатите кои ги интервјуираат.
Трет аспект е што овие прашања не се поставуваат секаде. Никој во Веро нема да те праша каде се гледаш себе си за 5 години. Меѓутоа со чест на исклучоци, речиси секогаш се поставуваат во големи фирми, банки, ИТ компании и разни агенции.
Разбирливо, треба да постои критериум за селекција. Проблемот е што критериумот е ретардиран. Исто како што способноста на еден бруцош на економски да меморира цели книги на памет и да не утне во боење, не е мерило за неговата способност, така и кратко интервју со давање урнек одговори на урнек прашања не е мерило за колку добро кандидатот ќе ја работи работата за која аплицирал.

Затоа постои договор на дело, ако не успееш да се вклопиш во разумно време ќе си бараш друга работа (Забелешка за себе: Зашто договор на дело не би можело да се искористи и при стапување во врска?). Ако секоја компанија даваше трајни решенија за вработување базирана врз претпоставките на тие од HR до сега сите ќе пропаднеа.