Сакаш да хејташ?

Чувствуваш гнев кон одредена општествена појава?
Поголемиот дел од времето го поминуваш сам на интернет?
Ја прочита последната статија и мислиш дека можеш многу подобро?

Зашто не напишеш статија за Здраворазумен Хејтеризам!!!

Здраворазумен Хејтеризам ти нуди одлична можност за промоција на твоите мислења и фрустрации кон одредени општествени појави со веќе изградена платформа, интеграција со социјалните медиуми и верна публика.

Maybe attending публика
 Пред да докажеш на цела јавност дека си попаметен од останатите мора да запазиш на следните работи:

5. Хумор

Основа за објавување на гостинска статија е истата да содржи хумор.
Хуморот е тоа што го одвојува здраворазумниот од обичниот хејтеризам. Напишаното не треба да е само јадење бурек за се и сешто, туку треба да содржи хумор кој суптилно кажува дека авторот поседува здрав разум и одредено познавање на темата за која пишува.

Дијаметрално спротивно на Миленко
Шеги за прдење, амерички вицови и драчевски финти се добредојдени, но не смеат да бидат главен дел од статијата.
Секако хуморот треба да е вкусен, во ред е правење шеги на сметка на тренерките од Аеродром, ливчињата за препишување од МФС, граѓанството од Битола, буквално се што е поврзано со Фемина се додека тоа остане во границите на хумор и не прерасне во чиста омраза.

4. Тема


Важен аспект за статијата е темата за која се пишува. Во принцип треба да е:

 - Анализа на некоја општествена појава карактеристична за нашиот регион - 7 турбофолк песни кои ми се вртат во глава додека имам секс
 - Светски трендови со кој што читателите можат да се поврзат/идентификуваат - 5 начини како да го потрошите слободното време откако вашиот дечко ќе почне да игра Diablo III
 - Ретардација што секојдневно се повторува - 3 причини зашто треба да ти се изврши лоботомија откако ќе се приклучиш на група која ќе ти открие кој ти го гледа профилот во 5 лесни чекори
 - Актуелна појава/заебанција - 70 проценти зашто Кире Лазаров е составен од вода

Општествено корисна тема - 7 такси превозници кои возат со попуст
меѓутоа не би требало да е:

 - Тема која е интересна само на одредена заедница - 5 финти за добивање леб на eRepublik 
 - Тема која по природа е нездраворазумна - 10 научни докази дека Господ постои -  освен ако не е напишана како кромид/патка
 - Тема во која авторот застапува екстремен политички став - 4 начини на кој барокот ќе донесе ренесанса во македонската економија - секако освен ако не е чиста сатира

3. Формат

Во случај да не сте забележале статиите на Здраворазумен Хејтеризам следат одреден формат/урнек базиран на Cracked.com - врвот на интелигентната комедија:

- Наслов во облик Х [нешта] што/кои/зашто [нешто друго]
- Краток вовед во темата
- Најмалку 2, најмногу 7 потточки (по потреба и повеќе) во кои се образложува главната поента
- Секоја потточка мора да има барем 1 слика со опис или видео
- Сите факти, истражувања и тврдења мораат да бидат проследени со линк до изворот
- Краток опис на авторот со задолжителен линк до профил од социјална мрежа

Линковите можат да се користат по потреба, може да се референцира буквално се и можат да бидат повеќе информации за темата, продолжување на шегата, самопромоција итн.
Краткиот опис по желба може да содржи и линкови до повеќе профили од социјалните мрежи, како и линкови до блоговите/веб страниците/производите на авторот.

Оти е добро!
 Како и секоја женска со која што сте спиеле повеќе од 10 пати, форматот знае да здосади (особено ова важи за редовните читатели), меѓутоа сеуште сум убеден дека ова е најдобро структурираниот начин за пренесување на поента приткаена со хумор.
Секако Здраворазумен Хејтеризам е отворен за секакви предлози/новитети!

2. Едиторијал

Си седнал, си го напишал најјакиот заеб во историјата на интернетот, меѓутоа Медо не сака да го објави?
Иако се мали шансите тоа да се случи сепак статијата мора да е одобрена од авторот на блогот и дел од претходните автори пред да се објави.
Најчесто текстот ќе биде одбиен ако не се внимава на:

- Должина - Должината (на текстот) е важна. Повеќе од 1500 зборови по статија, го заморуваат читателот
- Македонскиот јазик - статијата мора да е напишана со кирилична поддршка
- Правопис - не мора секогаш да сме граматички коректни, меѓутоа треба да се одржи одредено ниво на писменост
- Латиница - освен ако не е екстремно потребно, користењето на латиница не е препорачливо
- Факти - се што се цитира како факт/истражување мора да се референцира
- Јавно/суптилно ширење омраза/нетрпеливост - ова е очигледно

Или користење на слики со машки цицки

1. Придобивки

Ова требаше на старт да биде објавено:
ПАРИ НЕМА!

Освен ако на Google не им текне да го поддржат македонскиот јазик за AdSense или некоја македонска фирма реши да стави банерче на овој блог, објавувањето статии е Pro Bono.
Во случај да се случи некој прилив на пари, авторите ќе бидат првите кои што ќе бидат компензирани, пропорционално на придонесот.


Ако ме видите облечен како Снуп низ град, значи паднала секира в мед.
Секако ова не значи дека нема никакви придобивки. Објавената статија се шири по социјалните мрежи и најважно од се луѓето ја читаат, коментираат околу напишаното и ја споделуваат со своите пријатели.
Со време се гради мрежа на интелектуалци, блогери, хејтери, заебанти и астролози кои ќе ги почитуваат важите размислувања.
Некогаш е нож со две острици, особено ако некој се најде навреден од пишаното, ама некогаш забранет пристап во Сектор е мала цена што треба да се плати за рандом блоуџаб од обожавателка!

Ако сте заинтересирани и спремни да го употребите целиот ваш интелект за статистички незначајна шанса за блоуџаб пишете на dimoski.ivan@gmail.com

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff