Празници. Тој магичен неколку дневен период во кој од тебе се очекува да јадеш прекумерно, да пиеш повеќе од што ти држи газот и генерално да си бидеш раат со тоа бидејќи утре не си на работа.
Ливин ла вида лока |
Убавината на празниците што не мора да седиш дома и да слушаш како е време да најдеш работа и да се жениш, бидејќи истото може да го правиш со твоите ближени во некој угостителски објект или елитна скопска дискотека (се додека одиш пешки во кафана, криза, бензин, ово, оно). Сето ова звучи убаво во теорија, меѓутоа К-15 скечевите постојат со причина. Не можеш да си ги потрошиш своите тешко спечалени пари, без да те изнервира некоја случајна работа која резултира со заклучок дека е подобро на Запад. Или на некое друго место каде што не си бил.
Чест на исклучоци, ама најголемиот дел од македонските угостители ги повторуваат истите грешки кои доведуваат нивните муштерии да ги истураат својот гнев во облик на
5 работи кои македонските угостители никако да ги сфатат:
5. Напумпани цени
Еден од најефикасните начини за филтрирање на клиентела е изборот на цени. Ако сакаш да основаш бизнис базиран на бизнисмени тогаш не ставај Кавадарка/Смедеревка на менито и направи ги обичните работи необично скапи за простата маса да не може да си дозволи да ја валка масата.
Од пилешки прсти и флаша пиво по маса не се живее |
И тоа е во ред. Едноставно ќе се движиш на места кои ти одговараат на џебот и нема да имаш проблем. Проблемот настанува кога на масовни настани како концерти/собири/фестивали ќе почнат да фрчат нереално напумпани цени. Исто како цените на секојдневните производи за време на Велигден. Има интерес и одма цените се зголемуваат за инстант заработка.
На Scream Music Festival во Колосеум, чашка Даб пиво (~ 0.4л) наточена од литар и полско (веце) шише беше 100 денари, а оставање на една јакна во гардероба 50 денари.
50 ебани денари? Поарно ќе си ја врзам на половина! |
Еве една средношколска математика:
Имам 300 денари за трошење.
Ако пивото е 100 денари ќе земам една чаша и ќе ја лигавам цела вечер за да не ми биде незгодно кога келнерката ќе помине покрај мене, бидејќи од 3 пива нема да ме фати и џабе ќе треба да се буткам за до ВЦ.
Ако пивото е 50 денари, без размислување ќе испијам 6, ќе ме фати, ќе ми се зголемат шансите за фаќање женска од нула на практично нула, ќе се изжуркам и утредента нема да пишувам статија за настанот.
Разликата не е толку во ќарот, колку среќниот (пијан) муштерија!
4. Бесплатни услуги
Додека сè уште ви е во кадар Бекам и неговото џемперче околу половина...
Зашто воопшто се наплаќа оставање на јакни во гардероба? Зашто се наплаќа користење на тоалет? Зашто кога ќе одам во св.Наум единствена опција која не ме чини ништо е да влезам во езерото? Зашто другите да плаќаат за тоа што јас не сакам да платам?
Зашто воопшто се наплаќа оставање на јакни во гардероба? Зашто се наплаќа користење на тоалет? Зашто кога ќе одам во св.Наум единствена опција која не ме чини ништо е да влезам во езерото? Зашто другите да плаќаат за тоа што јас не сакам да платам?
Земете го за пример типот што стои во ВЦ-то на Хавана за да ти даде хартија за раце откако ќе го исцедиш гуштерот. Опциите ви се следни:
- Нема да измиете раце и ќе се понашате како ништо да не се десило
- Ќе ги избришете рацете, нема да оставите 10 денари и ќе му се заблагодарите по што ќе слушнете "од фала не се живее"
- Ќе ги избришете рацете и ќе оставите 10 денари
- Ќе држите
Меѓутоа бесилката е јасна за последното |
Модус операнди на македонските менаџери/сопственици/угостители е да наплаќаат за сè што може да се наплаќа. Пократкорочно размислување од ова, амин! Гледаат да ја измолзат кравата додека е во нивната ливада, бидејќи штом си отиде нема враќање. Нема ни причина за враќање.
Освен практично непостоечката шанса Бени да сменил репертоар |
Малите услуги како бесплатна гардероба, сапун во тоалетот, бесплатни форнаринки, па дури и ебана чаша вода со твоето кафе без да истата да ја побараш се работите кои сопственикот не го чинат многу, меѓутоа муштеријата го прават среќен и најважно од се, желен повторно да се врати на истото место.
Не знам дали сè уште е така, ама клубот 69 не наплаќаше за гардероба. Имаше едноставно еден сад за бакшиш. Секогаш сум оставал бидејќи никој не ме натерал да оставам. Сè е до психа.
3. Презентација
Човекот отсекогаш си имал мерак за естетска убавина. Затоа повеќето од нас гледаат професионални порно ѕвезди наместо небричени германски аматери (клучен збор: повеќето) и затоа жените сакаат да пијат фенси-шменси коктели. На жените изгледот им е поважен од содржината [citation needed].
Не секој може да си го дозволи посакуваното ниво на естетска убавинa,
Не секој може да си го дозволи посакуваното ниво на естетска убавинa,
Како што не секој може да си дозволи да рока Фреди Меркјури брк |
меѓутоа очекува барем да се задоволи минималната граница.
Осамен стек загорен од едната страна во голема чинија и нечиста чаша за пиво не се баш совршената увертира за нешто што треба да претставува задоволство помало или еднакво на секс. Изгледот на храната е важен фактор во еволуцијата на човекот (зелени јајца = мувла = смрт), затоа вкусот на храната во голема мера зависи од нејзиниот изглед. И затоа експертите за вино можат да ми ги лапаат моите црвени велигденски јајца.
Осамен стек загорен од едната страна во голема чинија и нечиста чаша за пиво не се баш совршената увертира за нешто што треба да претставува задоволство помало или еднакво на секс. Изгледот на храната е важен фактор во еволуцијата на човекот (зелени јајца = мувла = смрт), затоа вкусот на храната во голема мера зависи од нејзиниот изглед. И затоа експертите за вино можат да ми ги лапаат моите црвени велигденски јајца.
Хамбургер - најфотошопираното нешто после женски целулит |
Малите детали како интересно наредени краставички, срценце во пената од твоето макијато, чадорче и дрога во твојот пијалок, не чинат многу, а даваат до знаење дека на процесот е посветено љубов и внимание.
Секој што некогаш седел во кафе Ли знае за што зборувам.
Секој што некогаш седел во кафе Ли знае за што зборувам.
2. Гужва
Дали се работи за пред шалтер, пред салон за бела техника или на автобуска постојка што би рекол учебникот по општество ако воопшто постои таков предмет во денешно време, народот е склон кон создавање гужва. Зашто дискотеките би биле поразлични?
Знам дека е многу тапа вратарите да те вратат (вратари,вратат) бидејќи нема место, ама подобро тоа отколку да влезам во место каде што има двојно повеќе луѓе отколку што реално собира.
Да Миднајт, за тебе зборувам |
Не ме сфаќајте погрешно, јас навистина уживам во тоа да тргнам кон тоалетот 20тина минути пред да ми се примоча и притоа да ја помирисам мишката барем на три келнери, ама некогаш е многу подобро да речете "Доста!" (Внимание: Линкот содржи песна од Елена Ристеска за разлика од овој кој содржи цицки од Елена Ристеска).
И тоа не подобро бидејќистоката народот ќе се чувствува поудобно, очигледно тоа не ви е целта, туку подобро бидејќи во тој случај ќе можам да стигнам до шанк во разумно време и да си земам пијачка - процес кој инволвира размена на материјални добра.
И тоа не подобро бидејќи
Пред МРТВ никогаш нема гужва. Нема ни пијачки до душа, не знам зашто луѓето идат таму навечер? |
1. Среќен муштерија
На крајот сè се сведува на тоа дали муштеријата е среќен. Нема многу кафани/клубови/локали кои имаат повеќе дециниска традиција во Македонија. Една од причините за тоа е бидејќи на овие работи се гледа како на краткотраен проект, наместо на нешто што ќе прерасне во традиција.
За разлика од традицијата новинарите да пеат и да не проверуваат извори |
Цело лето работев во американски ресторан со 100-годишна традиција кој ја имаше најпросечната храна на светот (ова го знам затоа што јас ја готвев). Луѓе чекаа по 45 минути на ред и уште 45 минути додека им пристигне храната и не видов ниту еден да биде незадоволен кога го напушташе местото или пак да ми рече: "Браво дечко, еве ти 20 долари зашто работиш 14 саати на ден за минималец."
Ова е генерален проблем на македонското општество. Земете ги операторите за пример, кои никако да сфатат дека прво треба да се погрижат за редовните/лојалните/постоечките корисници пред да привлекуваат нови. "Најбрзо растечка мрежа" не значи ништо ако нема платформа која ќе го поддржи тој раст.
Да сину на Тони Михајловски со неверојатни кошаркарски способности , за тебе зборувам |
Математиката е многу едноставна:
паметен угостител = среќен муштерија
среќен муштерија = богат угостител.
Секако има повеќе математики кој завршуваат со богат угостител, ама само мал дел од нив го имаат среќниот муштерија во равенката.