Showing posts with label македонски. Show all posts
Showing posts with label македонски. Show all posts

19 November 2012

Грав
21 Mарт - 19 Април

Родените во знакот на Гравот се одликуваат со традиционални вредности, предвидливи се и сметаат дека многу е полесно работите да се остават да функционираат како што функционирале векови наназад отколку да се менуваат според новите времиња. Понекогаш имаат проблеми на љубовен план.
Среќен ден: Петок.

Лав  
20 Април - 20 Мај

Вистинските Македонци се родени во знакот на Лавот. Можеби не секогаш се најинформирани или имаат широки познавања од историјата, меѓутоа нивната појава дава до знаење дека се цврсти, одлучни, плодни, тетовирани. Лавот без размислување се впушта во жестока дебата, гласа, многу е територијален и сака да пишува со големи букви.

Партиска Книшка 
21 Мај - 20 Јуни

Најсреќниот знак во македонскиот хороскоп. Легендата вели дека новите родители намерно ги усогласуваат сексуално-репродуктивните активности за новороденчињата да се родат со партиска книшка. Тоа е очекувано, бидејќи родените со партиска книшка имаат светла иднина, бидејќи месечината што влегува во третиот штаб уште во старт ги решава нивните проблеми. Иако имаат мал спектар на знаења, родените во овој многу ефикасно ги решаваат задачите кои им се задаваат. Партиските книшки се родени следачи и верни партнери.

Виза  
21 Јуни - 22 Јули

Луѓето кои ја имаат среќата да се родат во знакот на виза се одликуваат со слободни мисли, широк поглед кон светот и неверојатна способност да ја променат својата околина по желба. Затворен простор, цензура, ограничен избор се карактеристиките кои Визите ги вадат од кожа. Исто така овој хороскопски знак е наследен и се пренесува лесно на членовите од потесното семејство.

Прометеј  
23 Јули - 22 Август

Пишманџии по природа, родените во знакот на Прометеј се склони кон само-цензура. Имаат бујна фантазија, изразен сексуален нагон, валкани мисли и атлетска граѓа, меѓутоа одлучуваат нивните перверзии да ги чуваат само за себе. Социјални камелеони, го дотеруваат својот изглед за да ги прифати околината.

Рамка  
23 Август - 22 Септември

Маргинализирани од општеството, родените во знакот на рамката треба да се борат за своите правдини. Секогаш спремни, одлучни, па дури и со радикални ставови, рамковните не се плашат да го зграпчат денот. Родените во овој знак се територијални, упорни и поседуваат неверојатна способност за селективно памтење и разбирање.

Ајвар  
23 Септември - 22 Октомври

Традиционалниот знак од македонскиот хороскоп, ајварот е еден од почестите знаци на нашата територија. Личностите родени во овој знак се лесно препознатливи, се вклопуваат и во традиционални и во прогресивни средини, немаат проблем со идентитетот и можат многу едноставно да се усогласат различни гледишта. Ајварите се синоним за семејна хармонија и балансирана исхрана.

Фонтана  
23 Октомври - 21 Ноември 

Знак кој се почесто се забележува помеѓу македонската популација, фонтаните голем акцент ставаат на физичкиот изглед, суетата, егото. Мегаломани по природа, фонтаните пленат со својата појава и покрај тоа што целата блескавост е во обид за покривање на проблемите кои постојано избегнуваат да ги решат.

Транзиција 
22 Ноември - 21 Декември

Родените во знакот на транзицијата се одликуваат со лабав морален кодекс на однесување, недостаток на емпатија, склоност кон зависности и генерално чувство на немање насока. Карактеристиките на овој хороскопски знак се последица на подолгиот период на безгрижно расфрлање на стекнатото, недоволно инвестирање во образованието и неспособност за донесување на подолгорочни одлуки.

Слав  
22 Декември - 19 јануари

Хороскопски знак кои полека почнува да исчезнува во модерниот свет. Славјаните се отпадници од општеството, симбол за едно минато неславно време. Оставаат впечаток на нецивилизирано племе, туѓинци кои уништуваат нешто што е свето и градено со векови. Славјаните лесно се асимилираат со толпата и лесно го губат својот идентитет.  

Експерт  
20 Јануари - 18 Февруари 

Експертите се карактеристичен знак во македонскиот хороскоп кои се одликува со неверојатна способност да ја перцепира својата околина, да предложи решение и уште поневеројатна способност да не преземе апсолутно ништо околу тоа. Експерите се благословени со здрав разум, високо развиено чувство за иронија и сарказам, меѓутоа и апсолутна парализа кога планот треба да стапи во акција. Експертското мислење е бесплатно и задолжително во секоја ситуација.

Овца  
19 Февруари - 20 Март

Статистички најбројниот знак во македонскиот хороскоп судејќи според бројот на индивидуи кои се родиле со оваа карактеристика. Се одликуваат со кроткост, апатија, неможност за менување на својата околина и намалена мозочна активност особено во моментите кога треба да се носат одлуки. Овците сакаат мирен живот, постојан партнер, статус кво, не се пребирливи и консумираат тоа што ќе им се послужи.

16 April 2012

Празници. Тој магичен неколку дневен период во кој од тебе се очекува да јадеш прекумерно, да пиеш повеќе од што ти држи газот и генерално да си бидеш раат со тоа бидејќи утре не си на работа.

Ливин ла вида лока
Убавината на празниците што не мора да седиш дома и да слушаш како е време да најдеш работа и да се жениш, бидејќи истото може да го правиш со твоите ближени во некој угостителски објект или елитна скопска дискотека (се додека одиш пешки во кафана, криза, бензин, ово, оно). Сето ова звучи убаво во теорија, меѓутоа К-15 скечевите постојат со причина. Не можеш да си ги потрошиш своите тешко спечалени пари, без да те изнервира некоја случајна работа која резултира со заклучок дека е подобро на Запад. Или на некое друго место каде што не си бил.
Чест на исклучоци, ама најголемиот дел од македонските угостители ги повторуваат истите грешки кои доведуваат нивните муштерии да ги истураат својот гнев во облик на

5 работи кои македонските угостители никако да ги сфатат:

13 February 2012

Пред неколку дена го објавив првиот дел од статијата за обидите за рап во Македонија.
Во меѓувреме добив лавина реакции дека листата е некомплетна и дека фалат уште 147 видеа. Дап, тоа е бројот на видеа кои заслужуваат да се најдат на една ваква листа.


Да беше толку голема листата на жени со кои сум спиел, немаше да пишувам блог
Најинтересен феномен се коментарите на таа статија полни со љубов и разбирање ("направи ни услуга и умри") или со непишани раперски правила ("смееш да плукаш ако и само ако имаш нешто подобро направено/напишано").
YouTube има многу проста математика:
- Ако видеото има многу прегледи, значи луѓе го гледаат/слушаат
- Ако видеото нема многу прегледи, значи луѓето не го гледаат/слушаат
А дали е квалитетно и претседателот на РМ си го слуша по дома е многу субјективна работа која е апсолутно неважна за оној што прави пари од гледаност.
Но да се вратиме на вистинскиот рап:

11 February 2012

Пишувањето хејтерски блог е тешка работа. За разлика од новинарството не можеш цитираш немеродавни извори или да земаш изјави од портпароли како научни истражувања.
Некои теми се екстремно тешки за хејтање. Религијата на пример е речиси невозможно да ја хејташ бидејќи има премногу докази во нејзина полза, исто како и дебелите луѓе кои се безусловно среќни.

Наводници
Меѓутоа најлесната тема за хејтање е македонскиот рап особено оној што се прави во последните 5 години (нема да збориме за Чиста Околина, Саф или Врчак пред да се искомерцијализира). Дури не е ни предизвик да се истражува темата. Доволно е да кликнете на последната песна што вашите малолетни Фејсбук пријатели ја објавиле (ако не сте мувале некој/а во последно време сигурно имате некој внук/а од чичко/а) и да следите поврзани видеа се додека не посакате да земете апчиња за смирување од баба ви.
Еве до каде стигнав со гледање пред да ме пукне дијазепамот:

Видеата се позајмени од ризницата на Викса!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff