Во меѓувреме добив лавина реакции дека листата е некомплетна и дека фалат уште 147 видеа. Дап, тоа е бројот на видеа кои заслужуваат да се најдат на една ваква листа.
Да беше толку голема листата на жени со кои сум спиел, немаше да пишувам блог |
YouTube има многу проста математика:
- Ако видеото има многу прегледи, значи луѓе го гледаат/слушаат
- Ако видеото нема многу прегледи, значи луѓето не го гледаат/слушаат
А дали е квалитетно и претседателот на РМ си го слуша по дома е многу субјективна работа која е апсолутно неважна за оној што прави пари од гледаност.
Но да се вратиме на вистинскиот рап:
6. SKC - Бетон рап
Да не речат Битолчани дека имам нешто против нив, еве го најлошото од Скопје. Нема да го коментирам видеото доволно е само да го погледнете, меѓутоа во него е скриена тажната вистина за рапот во Македонија. Исто како што нашите идоли ги бираат тинејџерки што не јадат на голем одмор за да купат кредит, рапот го слушаат средношколци.
Да ја земеме за пример Легијата со сите можни комбинации. Лично многу ми се свиѓаат, дури и сум бил на неколку нивни настапи/промоции.
Публика = 80% деца. После колку сакаш збори за квалитет/квантитет целото движење се асоцира со младина која по дефиниција е глупа (никој учен не се родил) и губи од атрактивност.
А да не збориме за луѓе кои немаат врска со жанрот ама сепак се обидуваат:
5. Сотир Лалевски - Нема крај
Старо видео, нема смисла да се јаде бурек за него. Уствари чекај, апсолутно има смисла да се јаде бурек за се и сешто, ова е 21 век со слободен интернет, кој што сака може да каже, се додека не јаде бурек за владата, владата е секогаш во право!
Сотир најверојатно слушнал дека постои правец во музиката што се нарекува рап и дека жени фрлаат гаќички и цицки и невиности за раперите кои пливаат во пари, па решил да опне тренерки, ролки и три броја поголеми џемпери додека рапува (?!) и изведува движења од репертоарот на Jabba the Hut. Колку ќе биде најјако Сотир/фан на Сотир (ако постои) да објави некој коментар дека не сум доволно информиран за рапот и не можам да јадам бурек.
4. Аце Мафија - Дај ми да ја видам пак пичката
Рејџ рап во стилот на Ице. Колку може да те повреди некоја женска за да направиш цел албум кој се вика Одмазда (во два дела) и кој содржи траки како (NSWF):
- Курво ти текнува?
- Не ти ја сакам пичката
- Кој кур те ебе?
- Многу сум надуван
- Курво ти се гледа газот
Погледнете ги и останатите видеа од неговиот канал, кој знае можеби ќе добиете некоја идеја какво CD да изрежете за вашата поубава половина за св.Валентин/тајн.
3. Макавели - Љуѓето неможат никогаш да сватат
Мадфакинг Тупак!
Де факто песнава начнува многу тешка социо-економска тема, ама не можам да преминам преку фактот дека изгледа многу смешно. Муабетот е тројца другари, едниот дува лепак, другиот шмрка, третиот си пука во вена на ливада?!
Колкави се шансите да се случи тоа?!
Како и на секоја статија/видео, коментарите се оние што навистина сјаат, па ако си немате попаметна работа, одвојте некоја минута да ги прочитате коментарите на видеото.
Колку да ве намамам: "GRUJO PUSTA DROGA U BITOLSKOTO GETO ZA DA IZUMRAT ROMITE KOGA KE SE IZBORIME ZA NASITE PRAVA BRAJKA SUSGE MANGE CHAYAKCHAVE DROGA MINISTERSTVO ZA FINANSII SUKERELA BOKS KURVO EDEN "
Бонус: Документарец за ликот и делото на Макавели.
2. Хорс (Безсвест) - Викај ме безсвест
Уште едно видео во серијата деца што не знаат како се пишуваат македонски зборови. На скала од еден до Роџер Брадерс, каде што последното е катаклизма од библиски размери, дечково е како нивни посвоен брат. Музиката и не е толку лоша, ама текстот во комбинација со фацата на младичов е смрт.
Нели ви доаѓа да го истепате? По хипстерските наочари и пирсот знаеш дека е релативно богат накурчен копиљ. Ама секако не можам ништо да тврдам, бидејќи немам направено подобра трака.
1. Се што остана
Многу добра забелешка добив од твитерџија за општата состојба во Македонија. Јас би ја проширил и за сите случаи, бидејќи нема понереални луѓе кои не искочиле од своето опкружување без разлика дали е тоа Битола, Охрид, Ново Лисиче или Козле.
За жал има многу лоши обиди за рап што можат да се најдат на YouTube, ќе излистам дел од нив за да можете сами да си процените:
- P.K.M. - P.K.M. е тука
- Приземје екипа - Директно од приземје
- MC - Притвор за педерите
- Емил Рако и Слим Сенат - Типка Лудница
- Егејски Дух - Волк Македонски
- Рап Убици - Смрт те следи
Доста е за рапот! |
За волја на вистината додека скокав од видео до видео, пронаоѓав нови песни што навистина вредат, пред се бидејќи изведувачите на истите имаат сфатено дека рапот е преглуп ако се ограничува на теми како "јас сум боље од тебе" и "сите жени се курви што трчаат по пари".