Песнава беше на неколку македонски портали меѓутоа никогаш не достигна голема популарност (~12.000 прегледи). Затоа моја должност е да ја презентирам повторно на македонската јавност бидејќи е пародија од епски размери. Запазете ги стиховите уз музиката од Vaya Con Dios:
- Чичко МИТО, тетка ВЕРА, не сум јас од вчера, ќе платам во кеш
- Фестивалче прво место, ПОШТЕНО И ЧЕСНО, ќе платам во кеш
- Тотална конфузија и фискална илузија
- Танго и Кеш!
Мал вовед:
Постои една форма на аутизам која се нарекува Asperger синдром која меѓудругото се карактеризира со отежната социјална интеракција бидејќи луѓето на кои им е дијагностициран овој синдром имаат потешкотии при толкување на емоциите на соговорникот. На пример, не можат да пронајдат иронија/сарказам во коментар, не можат да утврдат дека некој е вознемирен според говорот на телото/бојата на гласот и не знаат соодветно да реагираат на ситуацијата/контекстот (недостаток на емпатија).
Според коментарите на Ќе платам во кеш, нашиот народ масовно страда од овој синдром. Несфаќање на хумор треба да е криминално дело. Видете колку само негативни гласови има видето и ќе сфатите колку малку нашиот народ е интелектуално поткрепен.
Ајде да видиме што имаат да кажат корисниците на темава:
Сериозно куртонче1? Ова е доказот дека светот е отиден?
Ова единствено може да биде доказ дека ти фали дефиниција на неколку изразни средства во животот. Заради ова науката со милениуми се мачи со религијата. Ако некои не можат да ја разберат не значи дека не е присутна/вистинита.
И мене навистина тешко ми паѓа кога ќе прочитам вакви коментари.
Според математиката во твојата глава како тие "неинтелЕгентни, морони родители" помислиле дека ѝ направиле услуга?
Ја внеле во материјалнот свет? На 12 години ѝ ја кажале тажната вистина за нашето општество? Според тебе, која е оптималната возраст кога треба да соопштиме на нашите деца дека Дедо Мраз не постои?
Ич не се секирај ти за детето, во многу добри раце е.
Уф, конечно некој ја сфатил поентата. Чекај, експозирани? Сериозно?
Ајде да видиме дали може да најдеме уште некој интелигентен коментар...
Не? ОК, сепак за YouTube се работи...
Сакав да дадам здраворазумен заклучок, ама Ива што има една тетоважа многу маестрално го направи тоа за мене.
Поздрав Македонијо!