Во моменталанта верзија само одличнните и примерните ученици ќе имаат право да полагаат возачки испит на 16 години.
Не можам да се помирам со фактот што владата продолжува да носи одлуки според детска логика.
Замислете дека имаме дрво кое не дава многу плодови. Од општа култура знаеме дека ако дрвото редовно го наводнуваме, тоа побрзо ќе расте и со тоа ќе даде повеќе плодови.
Детската логика е дрвото да го поплавиме, за инсантно да израсне.
Иако ова е интуитивно решение, во реалниот свет резултира со умирање на дрвото.
Луѓето кои ги составувале овој закон од општа култура знаат дека соодветна награда резултира со зголемен труд и според нивната (детска) логика, лошите ученици ќе работат на својот успех за да добијат награда во вид на возачка дозвола.
ОВА Е НАЈГОЛЕМИОТ ИДИОТИЗАМ ШТО МОЖЕ ДА ПОСТОИ,
бидејќи докажува дека творците на законот имаат основно непознавање на човековата психологија и интеракција.
Слабиот успех на учениците не е резултат на непостоењето на соодветна награда, туку екстремно сложена равенка со променливи како:
- социјален статус
- економска моќ на семејството
- правилно воспитување
- психо-физичка состојба
- чувство на љубов и прифаќање
- трауми од детството
Се што може да направи овој закон, за кој се молам да не помине во оваа форма е да го продлабочи јазот помеѓу учениците бидејќи е дискриминирачки.
Исто како законот за патриотските фискални сметки со кој се фаворизираа македонски производи.
Дали му треба на нашето општество уште една основа по која ќе можеме да се делиме?
Образовиниот систем во оваа форма не функционира. За разлика од нашето општество, образовниот систем премногу бавно се менува бидејќи продолжуваме да имплементираме "решенија" кои иако звучат интуитивно, немаат никаква научна основа и наместо да носат резултати вршат сегрегацијата на општеството.
Можеби во главата на творците на овој закон примерните ученици имаат помали шанси да бидат непримерни возачи, меѓутоа способноста за управување на моторно возило не е во директна корелација со академскиот успех.
Стив Џобс, Бил Гејтс, Алберт Ајнштајн, Никола Тесла и ред други луѓе кои го промениле светот имале слаб успех во училиште бидејќи учеле во систем чие оценување не дава реална слика за способностите на еден човек. Систем кој и покрај тоа што е неефискасен и дискриминирачки упорно го спроведуваме, бидејќи сеуште се водиме според (детска) логика каде казнувањето за неуспех и ветувањето на соодветна награда во спротивно секогаш резултира со зголемен успех.
Нееднаквоста произведува фрустрации:
- Скопските матуранти се гневни што државната матура многу полесно се положува во другите градови каде што професорите им поткажуваат на учениците.
- Човек со ментален хендикеп е гневен бидејќи не му е дозволено да влезе во дискотека.
- Човек кој е експерт во својата струка е гневен што треба да поседува партиска книшка за да го работи тоа што го сака/знае.
Тоа што владата не успева да согледа е дека проблемот не би постоел АКО НЕ БИ ПОСТОЕЛА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА. Дали е тоа според твојата вера, националност, сексуална ориентација, политички ставови или ебан успех во средно училиште.
Секој без исклучок треба да има шанса да полага возачки испит доколку тоа го сака и дозволата треба да се добива исклучиво врз способноста на кандидатот да управува со ебаното возило. Сите ограничувања кои за едни важат, за други не важат и немаат никаква врска со способноста човекот да стигне од точка А до точка Б со своето возило без да прегази пола град се ДИСКРИМИНИРАЧКИ.
Ако сеуште мислите дека законот е добар, запрашајте се дали следново сценарио е добра идеја:
"Дали би поддржале закон во кој 16-годишните учениците ќе можат да купат алкохол ако на продавачот покажат свидетелство со одличен успех? Нели, тие се одлични ученици, свесни за последиците од злоупотреба на алкохолот и совесно ќе го консумираат. Од друга страна пак, лошите ученици кои сакаат да се начукуваат ќе почнат да учат повеќе за сето тоа да биде легално."
Ако одговоривте да, тогаш честитки најверојатно сте го пишувале предлог законот за возачка дозвола на 16 години и дефинитивно не поседувате ни ронка здрав разум.
Зашто за промена не донесете предлог закон каде што образовниот систем ќе се трансформира во нешто што ја поттикнува креативноста, систем во кој учителите ќе можат да се посветат на образовниот процес наместо да се грижат за тоа дали ќе можат да го протуркаат месецот, а учениците ќе живеат ослободени од константниот страв дека следното испрашување може да им го уништи целиот живот бидејќи нема да можат да се запишат на факултетот што го избрале?