Showing posts with label закон. Show all posts
Showing posts with label закон. Show all posts

07 March 2012

Погледнете ја оваа наша анти-абортус веб страна (благодарение на Влажни Марамици) и бидејќи е сериозна тема погледнете го и нивниот Твитер профил како и нивната Фејсбук група.
90% од постовите на оваа група се од Христијански портал, ова ќе биде забавно!

Доказ дека Господ е против абортусот
Да започнеме со описот на страната:

"Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта."

Сама по себе реченицава е доволен индикатор дека се што ќе прочитате се апсолутни глупости, меѓутоа не дозволувајте мојата (не)верба да ве одврати од апсолутните вистини и големите букви после запирка презентирани на оваа веб страна:

"Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус."

Не! Главна причина за абортус е тоа што мајката/родителите не сакаат да родат дете или не се во можност на истото да му пружат нормални услови за раст и развој.
Исто така може плодот да е зачнат од сексуален напаѓач, да има психо-физички инвалидитети кои можат да се откријат за време на бременоста (наука човече!), родителите да не сакаат да донесат дете на свет каде што турски серии се главна преокупација на народот додека се околу се распаѓа гради...

"Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензибилизација, трајно отстранување на матката..."

Ова е точно, постапката има ризици ако не се извршува од професионалци во строго контролирани услови.
Исто така постои ризик од хипервитаминоза (види кометари за дополнување!) ако неправилно внесуваш C витамин во своето тело.

"...а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена."

Добредојдовте во светот каде што авторите цитираат факти директно од нивниот газ. Или од 19ти век.
Ајде да причитаме реални факти: (извор1, извор2)

"The risk of abortion complications is minimal: Fewer than 0.3% of abortion patients experience a complication that requires hospitalization"

Помалку од 0.3% ?!
Не верувате на моите извори? Ајде да наведеме извор кој е наведен на вашата веб страна:

"In 2008, approximately 1.21 million abortions took place in the U.S."
"In 2007, 6 women died as a result of complications from known legal induced abortion (CDC)."

Освен ако во 2007 не абортирале 5 жени, шансите да умреш од легално изведен абортус се 6 во милион и кусур. Чисто за споредба шансите да те удри гром се 1 во 280 000.
Меѓутоа да ги оставиме бројките и фактите кои очигледно не се ваша добра страна, да обрнеме внимание на економскиот аспект на абортусот:

"Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида."

Дап, решението на економската криза во Европа е да раѓаме што е повеќе деца. Стигнавме до дното на пирамидата каде што нема повеќе луѓе да ги издржуваат оние на повисоките нивоа и вашето решение е да раѓаме повеќе луѓе.
Ја додаваме и економијата во темите кои ви се апсолутно непознати. Одиме сега на правото:

"Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!"


Тоа што предлагате е абортусот да стане кривично дело - убиство, така?
Нели е доволно што нашите избраници одлучуваат како се трошат нашите пари, вие сакате да одлучуваат и што смееме да правиме со своето тело?
Можноста да го планираме семејството е една од најголемите придобивки на нашето општество, бидејќи овозможува да основаме семејство кога навистина ќе бидеме подготвени за тоа.
Знам дека следното е тешко за разбирање, бидејќи не можете да погледнете поделку од вашиот бог/национализам меѓутоа криминализирањето на абортусот сноси последици како зголемување на криминалот (Roe v. Wade) бидејќи ќе се раѓаат деца кои нема да бидат правилно израснати бидејќи родителите ќе немаат опција да абортираат и родат кога ќе бидат подготвени (нема да можат да полагаат за возачка на 16 години),  па се до драстично зголемување на морталитетот на идните мајки кои ќе бидат принудени да абортираат во нелегални ординации од луѓе кои не се професионалци бидејќи абортусот ќе биде нелегален.

Анкетата за фасадата беше поинтересна
Ме интересира колку од овие се против абортусот (читај: убиството) би поддржале смртна казна. Ама тогаш е оправдано, нели? Убиваш непоправлив криминалец, а тука убиваш фетус.
Тука е целата работа околу абортусот, сите други здравствени, економски, правни последици се минорни во споредба со тоа дали е морално да се прекине човечки живот.
Не би знаел бидејќи и јас не сум на чисто со тоа дали е морално или не, меѓутоа тоа што знам е дека:

Без разлика дали се работи за ставање на тетоважа, абортирање, па дури и нудење на сексуални услуги за пари ЖЕНАТА ИМА ПРАВО САМА ДА ОДЛУЧУВА ЗА СВОЕТО ТЕЛО се додека е свесна за реалните ризици и последици.
Се друго е неприфатливо!

Бонус: Движењето против абортус победува во Америка. За жал и движењето дека Земјата е стара 6000 години победува во Америка.

28 February 2012

Уште еден предлог закон во серијата нездраворазумени предлог закони на нашата влада.
Во моменталанта верзија само одличнните и примерните ученици ќе имаат право да полагаат возачки испит на 16 години.


Не можам да се помирам со фактот што владата продолжува да носи одлуки според детска логика.
Замислете дека имаме дрво кое не дава многу плодови. Од општа култура знаеме дека ако дрвото редовно го наводнуваме, тоа побрзо ќе расте и со тоа ќе даде повеќе плодови.
Детската логика е дрвото да го поплавиме, за инсантно да израсне.
Иако ова е интуитивно решение, во реалниот свет резултира со умирање на дрвото.

Луѓето кои ги составувале овој закон од општа култура знаат дека соодветна награда резултира со зголемен труд и според нивната (детска) логика, лошите ученици ќе работат на својот успех за да добијат награда во вид на возачка дозвола.

ОВА Е НАЈГОЛЕМИОТ ИДИОТИЗАМ ШТО МОЖЕ ДА ПОСТОИ,

бидејќи докажува дека творците на законот имаат основно непознавање на човековата психологија и интеракција.
Слабиот успех на учениците не е резултат на непостоењето на соодветна награда, туку екстремно сложена равенка со променливи како:
  • социјален статус
  • економска моќ на семејството
  • правилно воспитување
  • психо-физичка состојба
  • чувство на љубов и прифаќање 
  • трауми од детството
Помислата дека издавање возачка на 16 години само ако си примерен ќе влијае на успехот е ЕБАНА ДЕТСКА ЛОГИКА, бидејќи не решава ниту еден од проблемите кои се причина за слабиот успех. Се третираат симптомите наместо да се лечи болеста.  Го полавуваме дрвото со надеж дека ќе добиеме повеќе плодови.

Се што може да направи овој закон, за кој се молам да не помине во оваа форма е да го продлабочи јазот помеѓу учениците бидејќи е дискриминирачки.
Исто како законот за патриотските фискални сметки со кој се фаворизираа македонски производи.
Дали му треба на нашето општество уште една основа по која ќе можеме да се делиме?

Образовиниот систем во оваа форма не функционира. За разлика од нашето општество, образовниот систем премногу бавно се менува бидејќи продолжуваме да имплементираме "решенија" кои иако звучат интуитивно, немаат никаква научна основа и наместо да носат резултати вршат сегрегацијата на општеството.
Можеби во главата на творците на овој закон примерните ученици имаат помали шанси да бидат непримерни возачи, меѓутоа способноста за управување на моторно возило не е во директна корелација со академскиот успех.
Стив Џобс, Бил Гејтс, Алберт Ајнштајн, Никола Тесла и ред други луѓе кои го промениле светот имале слаб успех во училиште бидејќи учеле во систем чие оценување не дава реална слика за способностите на еден човек. Систем кој и покрај тоа што е неефискасен и дискриминирачки упорно го спроведуваме, бидејќи сеуште се водиме според (детска) логика каде казнувањето за неуспех и ветувањето на соодветна награда во спротивно секогаш резултира со зголемен успех.
Нееднаквоста произведува фрустрации:
  • Скопските матуранти се гневни што државната матура многу полесно се положува во другите градови каде што професорите им поткажуваат на учениците.
  • Човек со ментален хендикеп е гневен бидејќи не му е дозволено да влезе во дискотека.
  • Човек кој е експерт во својата струка е гневен што треба да поседува партиска книшка за да го работи тоа што го сака/знае.
Интуитивното решение на проблемите е учи повеќе ако си од Скопје, стани нормален ако си ментално хендикепиран и извади партиска книшка ако немаш бидејќи само ако бидеш еднаков ќе бидеш конкурентен. Меѓутоа ова не е решение бидејќи не го елиминира проблемот.
Тоа што владата не успева да согледа е дека проблемот не би постоел АКО НЕ БИ ПОСТОЕЛА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА. Дали е тоа според твојата вера, националност, сексуална ориентација, политички ставови или ебан успех во средно училиште.

Секој без исклучок треба да има шанса да полага возачки испит доколку тоа го сака и дозволата треба да се добива исклучиво врз способноста на кандидатот да управува со ебаното возило. Сите ограничувања кои за едни важат, за други не важат и немаат никаква врска со способноста човекот да стигне од точка А до точка Б со своето возило без да прегази пола град се ДИСКРИМИНИРАЧКИ.

Ако сеуште мислите дека законот е добар, запрашајте се дали следново сценарио е добра идеја:
"Дали би поддржале закон во кој 16-годишните учениците ќе можат да купат алкохол ако на продавачот покажат свидетелство со одличен успех? Нели, тие се одлични ученици, свесни за последиците од злоупотреба на алкохолот и совесно ќе го консумираат. Од друга страна пак, лошите ученици кои сакаат да се начукуваат ќе почнат да учат повеќе за сето тоа да биде легално."
Ако одговоривте да, тогаш честитки најверојатно сте го пишувале предлог законот за возачка дозвола на 16 години и дефинитивно не поседувате ни ронка здрав разум.

Зашто за промена не донесете предлог закон каде што образовниот систем ќе се трансформира во нешто што ја поттикнува креативноста, систем во кој учителите ќе можат да се посветат на образовниот процес наместо да се грижат за тоа дали ќе можат да го протуркаат месецот, а учениците ќе живеат ослободени од константниот страв дека следното испрашување може да им го уништи целиот живот бидејќи нема да можат да се запишат на факултетот што го избрале?

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff