Боди билдингот т.е. фитнесот или одењето во теретана денес е толку општа појава што понекогаш не знам дали сум во теретана или на час по физичко на I-3 паралелката од СУГС Никола Карев.
После ќе се шират Педо Медо муабети |
7. Нема да се извишиш
Првото нешто што го слушнав од моите родители кога им соопштив дека сакам да одам во теретана е дека тоа е лудост бидејќи никогаш нема да се извишам.
Сметам дека секој млад човек треба да претпостави дека советите од своите родители се масовни глупости и да ги прифати ако и само ако не може да ги побие.
Знаете кој човек почнал да вежба од мал и се извишил?
Aрнолд факинг Шварценегер - 188 cm |
Иако постојат одредени ризици за спречување на растот АКО настане повреда, постои нешто што се вика хормон за раст кој се лачи од вашата хипофиза и чија активност во голем дел зависи од вашите генетски предиспозиции, а не од тоа дали дигаш 100ка на бенч.
Додека сме на темава:
6. Тежината е најважна
Има две различни дисциплини:
1. Боди Билдинг (прев. "Градење на Тело" во случај единствениот јазик што го познавате да е љубовта)
2. Дигање на тегови
Во првиот случај крајниот резултат е да оформиш тело, во вториот да дигнеш што е можно повеќе. Иако постои одредена корелација помеѓу мускулната маса и способноста да дигнеш поголем товар, во боди билдингот тоа не е ни блиску до најважно.
1. Дефиниран боди билдер 2. Најсилниот човек на планетава |
Дури и контрапродуктивно е да кревате огромни тежини бидејќи правите cheating т.е. телото не го фиксирате правилно. Ова освен што ја намалува ефикасноста, многу повеќе го зголемува ризикот за повреди.
Меѓутоа шансите селски билдер ова да го сфати се дури и помали од шансите да најдете логика во песничките од алманахот на ГУЦ.
Кој повеќе крева е само друга форма на мерење патлаци.
5. Потребен е напорен тренинг
Секој ден гледам мажи што 3 часа поминуваат во теретана вежбајќи го секој можен мускил, или девојки кои се онесвестуваат бидејќи се саат време на степер со умисла дека така побрзо ќе стигнат до резултати.
Масивни глупости!
Исто како ЗАСЕКОГАШ делот од било која реклама |
Што повеќе се оптоваруваш, толку подолг одмор ти треба. А да не збориме за покачениот притисок при напорни тренинзи.
4. Ќе ги загубиш рефлексите/флексибилноста
Знаете кој оди во теретана?
Нашиот министер за одбрана како и секој што живее од спорт |
Секако ова е точно во екстремни случаи, меѓутоа освен ако не се стремите да бидете мистер Хемија, одржување на цврста мускулна маса може само да ви помогне во спортот.
Исто така ќе ви помогне и да најдете партнер. И после уште еден со кој ќе го изневерите претходниот.
3. Поарно копај
Секој што ќе ви каже совет во облик: "Поарно копај, барем ќе направиш некоја корисна работа додека се билдаш" има основно непознавање на темата.
На темата? Има основно непознавање за животот.
Како што (види фотос) има основно непознавање што значи терминот ШТЕДЕЊЕ |
Не дека не е возможно да се импровизира, меѓутоа:
1. Не е практично
2. Не живеам во Ѓорче
Да не дојде до расправии во коментарите, не сакам да навредам никој со втората точка, туку само да посочам дека немам нива за разлика од тие што живеат во Ѓорче Петров.
2. Само со суплементи се постигнува ефект
Со суплементи се постигнуваат 100% резултати за разлика од билните препарати за лечење рак кои имаат само 90% ефикасност.
Меѓутоа дека САМО со суплементи се постигнуваат резултати е апсолутна невистина.
Кога ќе видиш добро дефиниран тип, голема е шансата да земал "хемија" за да го постигне тоа. Со оглед што 4 месеци вежбаш и не си King Leonidas, логично е да претпоставиш дека само со суплементи се постигнуваат резултати.
Или со црна темпера |
Прашајте било кој член во теретана дали го променил начинот на живот откако почнал да вежба. Дали вежба правилно, дали спие доволно, дали секој викенд искача по кафани и најважно од се ДАЛИ ПРАВИЛНО СЕ ХРАНИ?
Ако на било кое од овие прашање одговорите со не, тогаш само со суплементи ќе постигнете резултат.
1. Исхраната е секундарна
Еднаш пишував колку е важна исхраната за слабеење и ќе продолжам да пишувам се додека луѓето не престанат да ги консумираат производите на индустријата која цвета од нивната глупоќа. Ама зашто да не веруваме на диетски бренд кој продава церади за кола (?!).
Човек кој 20 години боцка билдери во газот, ми рече дека боди билдингот е составен од 5% одмор, 15% тренинг и 80% исхрана (вода). Дури и да не се точни процентите, најголемиот дел од успехот при вежбање се должи на правилната исхрана.
Како што најголемиот дел од мајка ти се должи на нејзиниот газ |
Сите сакаме да се движиме по пат на помал отпор, меѓутоа тренингот не завршува откако ќе ја напуштиме теретаната. Слушајте го вашиот тренер: Нема трикови, само напорна работа (и здрав разум)!