11 February 2012

6 пропаднати обиди за македонски рап (прв дел)

 
Пишувањето хејтерски блог е тешка работа. За разлика од новинарството не можеш цитираш немеродавни извори или да земаш изјави од портпароли како научни истражувања.
Некои теми се екстремно тешки за хејтање. Религијата на пример е речиси невозможно да ја хејташ бидејќи има премногу докази во нејзина полза, исто како и дебелите луѓе кои се безусловно среќни.

Наводници
Меѓутоа најлесната тема за хејтање е македонскиот рап особено оној што се прави во последните 5 години (нема да збориме за Чиста Околина, Саф или Врчак пред да се искомерцијализира). Дури не е ни предизвик да се истражува темата. Доволно е да кликнете на последната песна што вашите малолетни Фејсбук пријатели ја објавиле (ако не сте мувале некој/а во последно време сигурно имате некој внук/а од чичко/а) и да следите поврзани видеа се додека не посакате да земете апчиња за смирување од баба ви.
Еве до каде стигнав со гледање пред да ме пукне дијазепамот:

Видеата се позајмени од ризницата на Викса!


6. Легионер - Скопје не е метропола



Мислам дека Легионер е во мала недоумица за што сака да каже со песната. Искрено очекував јадење гомна за Скопјани, ама типов само набројува рандом медиумски фаци и кажува колку се лоши во споредба со него.
Каква врска има тоа со градот? Што ако Канал 5 се наоѓаше во Штип?
Ај да кажеш имаме премногу споменици, а премала култура да сфатев, ама тоа што имаме бербери и судоперачи на телевизија е национален феномен, не скопски.
Исто така не си малку стар за вакво курчење? Барем да овозможеше коментари на видеото, ако си толку генгста.

5. Wigga - Луда Забава



Уште едно видео од Битола со оневозможени коментари. Барем се свесни дека тоа што го пласираат е лошо, па зашто да се замараат со негативни коментари. Во случај да сте по даб степот и не сте уходани во рап терминологијата, Wigga означува White Nigga т.е. белец што се понаша како црнец. Иако ова е нешто со кое треба да се гордееш исто колку што треба да се гордееш со габичната инфекција што си ја закачил од курва пред МРТ/МВР, дечково успешно комбинира раперски капчиња со Аца Лукас брадичка/наочари и прстен и златни ланац.
Текстот е апсолутно конфузен бидејќи во рефренот дава до знаење каква луда журка прават, додека во останатите делови се обидува да фати женска со заштитниот пијалок на сите гангстери и мафијаши во светот - мартини. Ау тоа беше за да се римува со бикини.

4. Стиховно војување - Нашите песни



Стиховно војување, не звучи лошо. Дури ни музикава не ми предизвика епилептичен напад. Генерално не е толку лошо, плус делува професионално со тој опис, веб страна, ФБ група и бесплатен албум, ама да бидам искрен првпат ја слушнав песнава кога ја пишував статијава. Како очекувате да ги пеам вашите песни?
Која е таа публика што ги пее вашите песни, кога песнава е прегледана околу 9000 пати?
Во случај да не ви се отвори линкот за бесплатниот албум, тоа е бидејќи го затворија факинг Мegaupload.com. Размислете си дали и понатаму ќе ви чуе за ACTA.
Во случај да не ви се отвори веб страната на Стиховно војување, тоа е бидејќи не си го платиле домејнот.

3. Геле К - Извинете




Геле е слаб човек со фетиш за дебели јакни кој не само што е "убиец на микрофонот" (или некој сличен рап епитет) туку и голем мудрец. Сака да ни препорача дека со лажење само можеш да се зафркнеш и лоша навика да стекнеш? Тоа е длабоко црнецу!
Според текстот сето ова што го прави еден ден ќе му се исплати. Видеото е објавено пред 5 години, па дали Геле курвите кои ти седат на купот пари денес имаат проблеми со вртоглавица?
Сте забележале дека врти сучи, рапот се сведува на "хејтај колку сакаш, јас сум боље од тебе"?
Не може ли да слушнеме некои нормални теми кои се рапуваат?

2. Били Ѕвер - Носам кондом



Конечно нешто што би ми користело во реална ситуација, кондом.
Били Звер (ѕвер=опасно животно,предатор. звер=карактерна особина) во спотот докажува е интелигентен човек бидејќи користи кондом, ма да јас и два би ставил, сумљиво ми изгледаат женскиве во спотов. Били го издигнува мањачењето на следно ниво бидејќи поседува двоглед кој може да пронајде "опасна пичка". Следниот логички чекор е да нурка до педалинката со шише шампањ за да ја упеца. Сите порничи што сум ги гледал (а верувајте сум гледал многу) имаат поверојатно сценарио за секс од овој спот.
- "Не те познавам бидејќи само што ми се убаци на педалинка со шампањ и кондом, ама освен ако не си Шкорпија во хороскоп не гледам причина зашто не би се плеснале."
Били цело време се обидува да не убеди дека е убер ебачиште, ама кон крајот ја носи цурата што не е на педалинката и има тетоважа (што сугерира дека направила барем една грешка во животот) во забавен парк, ги плаќа картите, се забавуваат, но во ниеден момент нема физички контакт помеѓу нив. Американците имаа еден многу добар термин за тоа.
Исто така спотот има скриена порака во облик на дете што прави стој на раце. Со тоа авторот сака да ни каже што би се случило ако Били Ѕвер не носеше кондом.

1. BiG DoGGy V, Ludiot Still, Snoopy MC, PKM, Јул Бринер, Анте Готовина, Вук Караџич, Улан Батор & АСНОМ - На облаците



Сите во спотов имаат имиња кои најверојатно се генерирани преку генераторот на Wu Tang Clan и изгледаат како припадници на мексикански картел. Искрено не сфатив која е пораката која сакаат да ја пренесат, ама по рефренот претпоставувам дека процесот на пишување на текстот содржел многу трава. Што е доста чудно, бидејќи изгледаат како фамилијарни луѓе, жени, деца...
Во третата строфа работите стануваат сериозни бидејќи секој има свој сон, што треба да го живее својот сон, бидејќи ако го рушиш мојот сон, ќе останеш без сон додека сонуваш за твојот сон. Лирики а ла Black Eyed Peas (анализа од убер хејтер).
Не знам дали е до песнава или до дијазепамот што превентивно го земав пред да ја пишувам статијава ама ми доаѓа некако сон.

Ако ви се допадна начинот на кој го заменувам мојот префинет литературен јазик со сленг и печатни грешки кога не говорам за сериозни теми, останете со Здраворазумен Хејтеризам и во следниот дел од "6 пропаднати обиди за македонски рап".

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff