05 February 2012

5 нешта кои треба да ги знаете за Herbalife

 
Прашајте било кој човек што би променил на себе си и најчесто ќе добиете одговор: "Па би било убаво да симнам некое кило". Прашајте било кое машко што би сменил кај својата девојка и најчесто ќе добиете одговор: "Па било убаво да има поголеми цицки".
Ако после години неактивен живот исполнет со кикирики, мортадела и нутела решите од корен да ги смените животните навики и го замените задоволството од јадење со задоволството од тролање тогаш несомнено ќе налетате на Herbalife.

Ако МЗТ може да успее после 20тина години можете и вие!

Лично јас немам толкав проблем со килограмите колку што имам со пиењето, меѓутоа тоа не ме спречи да посетам еднo воведно предавање за како Herbalife ќе ми го промени животот.
Еве неколку аспекти кои мора да ги земете предвид ако сакате да се фатите на оро со Herbalife:



5. Професионализам

Ова не е маалска кафана каде што можете да јадете шопска по тренерки. Ова е огромна компанија присутна во 81 земја во светот и тоа го утврдувате во моментот кога стегната девојка ќе ве пречека со широка насмевка. Да беше малку погола ќе помислев дека влегувам во бордел кои услужува високопрофилна клиентела (министри, попови, транзициски херои и сл.).
Се е фино декорирано, столиците имаат убав тапацир,

Постерите се убаво фотошопирани

прожекторот е под добар агол, чекајте малку! Не е ова  Меси на постерот? Човекот што го има Уницеф како факинг спонзор, има спонзорство и од Herbalife?
Ако рипна цената на густиот јогурт од Здравје Радово откако Следечи Пут направија реклама за истиот, претпоставувам дека цената на шејкот нема да биде екстремно ниска штом Меси е нивно заштитно лице.
Меѓутоа ова е Македонија, не може се да е така наштимано, па затоа во текот на презентацијата ќе налетате на слајд на српски, податок од С.З.О. стар 10 години или изреки од доктор кој умрел пред 2500 години за да се надомести за фактот дека во таа просторија долговреме не стапнал вистински доктор. Додека сме на темава:

4. Наука

Се започнува со мерење на вашите физички параметри со користење на алатки како вага (тежина), лист хартија и цртки на ѕидот (висина), шивачко метро (обем на струк) и нешто што наликува на бета верзија на трикордер од Ѕвездени Патеки (процент на мускули/масти преку анализа на биоелектричната импеданса). Ова е изведено од страна на дечки и девојки што најверојатно ќе бидат многу помлади од вас. Moже на вас на некој му е смешно, ама вашите т.е. идеалните бројки се само ориентациони, најважно е како вие се чувствувате најудобно.


90% од читателите најудобно се чувствуваат во оваа позиција

Најголемото разочарување на презентацијата беше што не можев да најдам ниту една забелешка на презентираните факти. Логички, штом компанија вложува толку многу пари во рекламни кампањи, зашто да не плати и за тим од светски познати нутриционисти (иако нутриционист е доктор колку што забар е хирург) кои ќе направат одлична програма.
Ако ги следите инструкциите на вашиот wellness советник ќе постигнете резултати. Повторувам: ЌЕ ПОСТИГНЕТЕ РЕЗУЛТИ! Дали сакате да влезете во венчаницата на мајка ви, или да издефинишате бицепс, ако се придржувате до режимот ќе постигнете видливи резултати бидејќи Herbalife си ја напишале домашната задача. Знаат како функционира метаболизмот, како правилно се внесува вода, зашто со исти килограми оној/онаа со повеќе мускули побрзо ќе слабее, колкав е процентот на апсорпција на протеинот од јајцата.
Сето ова звучи многу убедувачки, меѓутоа не е науката што е проблемот се Herbalife.

3. Производот

Откако ќе ги ислушате сите факти зашто се што се правеле до сега во животот е погрешно, ќе се запознаете со решението - Herbalife Shake. Не само што ќе ви помогне да ја балансирате тежината туку и ќе ви даде повеќе енергија, ќе ви реши некои здравствени проблеми, ќе помогне да не ве фатат следниот пат кога ќе препишувате на испит и се тоа тоа за неверојатни 2600 денари.

До кај стигна заебанцијава

Ви изгледа многу? И до Куманово има многу ако тргнете пешки. Но за да не се замарате со сложени математички операции како делење, луѓето од Hebalife ви пресметале дека секој оброк ќе ве чини само 65 денари, ем поефтино од чешељ и јогуртче од Вегера ем со трострухи здравствени придобивки.
Сепак не е така едноставно, пиј си милкшејк насабајле и ослабеш. Треба и останатите оброци да ти се избалансирани, ручекот да има протеини, да не внесувате многу јаглени хидрати, да не пиете алкохол, да вежбате 5 пати неделно, да не гледате порничи, да гласате на избори...

Ако шејкот од Herbalife е само предуслов за целосна промена на начинот на живот тогаш што го прави поразчиен од случаен протеински производ што чини помалку и има поголема грамажа? Плаќаш бидејќи си мрзлив да бараш алтернатива. Целата услужна економија се базира на тоа.

2. Поддршка

Секоја интелигентна особа по одредено време ќе увиди дека шејкот е само оброк кој лесно може да се замени или со реален оборк или со друг поефтин произовд. Луѓето од Herbalife се болно свесни за овој факт и затоа имаат изградено цел систем за грижа на корисниците. За ова хејтав во точка 4 од една од моите претходни статии и навистина е освежување да ти се јават и да те прашаат дали сте задоволни од производот, меѓутоа тенка е границата помеѓу грижа за корисници и спамирање.
Шала на страна, во полиција немам оставено толку многу податоци колку на задолжителниот формулар од Herbalife. Мобилен телефон, e-mail адреса, кога легнувам, кога станувам, што јадам за доручек, колку литри вода на ден пијам...


Кога одиме фамилијарно на годишен одмор и дали го земаме доберманот со нас

Сите овие податоци ги користат за да вршат еден вид мобинг врз тебе, каде што ќе се чувствуваш виновно ако не се придржуваш на индивидуалната програма или ако не го пиеш производот доволно брзо. Според проста математика ќе пресметаат кога приближно ти завршува дозата и после следува масовен спам фест. Да беа толку заинтересирани Телекабел за корисниците секој пат кога ќе им паднеше интернетов светов ќе беше подобро место.

1. Заедница

Најстрашниот аспект на Herbalife е нејзината заедница. Моќта на заеднцицата ја посочуваат уште на почетокот кога ти кажуваат дека оваа анализа чини 1500 денари, но за нас е бесплатна бидејќи сме препорачани од корисник. По ова бараат листа на 5 твои контакти со мобилен број кои исто така ќе добијат бесплатна анализа бидејќи си ги препорачал. Во математиката тоа се нарекува експоненцијално ширење.

Во реалноста тоа се нарекува решавав задачи наместо да искачам на корзо

Сето ова наликува на религиозна секта, каде што богот е Herbalife шејкот. Колку и да дадеш здраворазумни аргументи кои побиваат одредени теории, членовите на заедницата особено оние кои професионално се занимаваат со тоа (читај: за пари) одбиваат да ги прифатат.
Исто како што Комаја упорно одбиваат да ме прифатат како учесник на нивните оргии.
Во разговорот со Wellness советниците можеш да забележиш комплекс на супериорност бидејќи биле на семинари, читале книги и најважно од се лично успеале да го победат своите демони со помош на овие прозиводи, а со тоа ја откриле фонтатата на младоста. Меѓутоа ова е наука која често се надополнува и менува, тоа што сме го учеле пред одредено време, не значи дека е точно и денес.
Не ме сфаќајте погрешно, тоа што Herbalife промовира е навистина здрав начин на живот и апсолутно сите треба да се грижат за сопственото здравје/тело како што се грижат да ги избришат пораките од швалерката во инбокс.
Меѓутоа останува фактот дека Herbalife ќе потрошат огромна сума пари и време да ве убедат дека тоа е единстевниот начин за здраво тело и здрав дух.  Таков е нивниот бизнис модел. Тоа треба да го очекувате ако се решите да слабеете со Herbalife.

Бидејќи информацијата е од суштинско значење денес, би ми било драго ако вашите позитивни или негативни искуства со Herbalife ги споделите во коментарите.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff