Пијај си каве, пијај си тутун, азното само ќе си дојде - Modus Vivendi на нашиот народ |
Бидејќи не можеш да имаш здрав разум без здравје (логика живота) еве неколку статии кои се движат од премногу очигледни до едноставно страшни.
Лоша вест: Нема онлајн издание, па ќе мора да ми верувате на пишаното.
6. Изневерувањето полесно од прејадувањето
"Некои жени вложуваат многу повеќе напор во изборот на храна и во броењето на калории отколку во врската со партнерот, покажа истражување спроведено во В.Британија".
Ова се ужасни вести! Ама ајде да продолжиме со читање: "Една од десет жени, кои учествувале во истражувањето, повеќе би се чувствувала ако згреши во изборот на некое јадење отколку ако го изневери партнерот"
Да го изедам десертов или да спијам со братот на маж ми? |
Чекај малку! Една во десет (1/10 = 0.1*100% = 10%) го кажала ова и најсоодветен наслов за статијава е Изневерувањето ПОЛЕСНО од прејадувањето?! Не знам дали математиката сте ја учеле од Глуп и Поглуп, ама мене ми делува дека една од десет жени е глупа кучка отколку дека "неверство повеќе од пилешки прсти" е глобален феномен.
Верувале или не: "Повеќе од половината испитани жени повеќе размислуваат за храната отколку за сексот".
Верувале или не 2: 1/10 = 0.1*100% = 10%
5. Мажите не зборуваат за маката
Статијата започнува со "Мажите и жените може имаат многу слични симптоми на депресија, но често тие драстично се разликуваат".
Имаат слични симптоми кои често се разликуваат? Ако често и драстично се разликуваат зашто тогаш воопшто се слични?
Во секој случај ако не плачеш откако те шутнала бившата значи дека "чувствата на очај и беспомошност, најчесто се обидуваш да ги негираш или сокриеш со опивање, непромислено однесување или гнев"
Непромисленото однесување се манифестира со седење на непромислени места |
Меѓутоа тоа што не сте способни да изразите човечка емоција при вакви стресни ситуации не значи дека немате симптоми кои не секогаш се поврзуваат со депресија како што се "болка во грбот, несоница и сексуални проблеми" (Белешка за себе: Вчера почувствував остра болка во грбот додека гледав порнич со џуџиња во 5 часот сабајле - само-дијагноза)
Еве споредба како депресијата се манифестира кај двата пола:
Ж: Се обвинуваат себе си
М: Ги обвинуваат другите
Ж: Избегнуваат конфликт по секоја цена
М: Создаваат конфликт
Ж: Како терапија користат храна пријатели и љубов
М: Како терапија користат алкохол, ТВ, спорт и секс
Како сакате после полова еднаквост кога пички сте и у душа?
Верувале или не: "Депресијата е болест која не избира возраст и пол".
4. Ослободете се од гневот и од горчината
"Кога ќе ве повреди некој имате два избора: едниот е да ѝ се препуштите на лутината и да мислите на одмазда, а другиот да простите и да продолжите понатаму во животот."
Да продолжиме со истиот што не повредил или да продолжиме сами? Мислам дека ова е доста логично следно прашање, ама можеби ќе ни се одговори понатаму.
Тврдењето "Ако ве повредило лице со кое сте имале квалитетен и вреден однос, многу е веројатно дека простувањето ќе доведе до смирување" е малку чудно бидејќи самото неверство малку ја менува дефиницијата за што е квалитетен и вреден однос, не? Можеби грешам...
Симболика |
"Целта на простувањето не е да се промени другата личност или да ги промени своите ставови и очекувања". Да не должиме многу, бидејќи тешко ми е кога го читам, а камоли да го пишувам во продолжение следи пасус во кој се објаснува дека простувањето е промена на сопствената личност која ќе донесе среќа, светски мир и нешто духовно.
Значи како што разбрав, нема потреба другата личност да се промени воопшто, не е ни потребно да му/ѝ се даде опомена во облик на: "Ако уште еднаш ме извараш кретену еден, се колнам во се најмило дека ќе ти ги отсечам факинг јајцата", доволно е јас да се променам за да не ми смета тоа што го направил/а? Што тогаш го/ја спречува да го направи истото повторно?
Верувале или не: "Разводот негативно влијае на здравјето"
3. Зима без сува кашлица
Очекувано е бесплатен додаток на весник да има прилози кои "цитираат" "научни" "истражувања" или "искуства" за ефикасноста на некој производ. За среќа оваа статија не е една од нив меѓутоа е максимално непрактична бидејќи препорачува користење на одредени продукти кои помагаат за зима без сува кашлица.
Оваа статија би била совршена ако помага при елиминирање на кашлицата откако ќе се појави, ама повеќето состојки имаат проактивно дејство.
"Секојдневно изедете 10 ливчиња босилек за појадок како средство за заштита од настинка".
10 ливчиња босилек за појадок секој ден со надеж дека ќе ме заштити од нешто што и онака има мала шанса да го фатам?
Причина секое утро да се будите со насмевка |
"Иако каната со векови се користи за бојадисување на косата и украсување на телото со природни тетоважи, таа е одлична и за ублажување кашлица".
Ајде да речеме дека лукот и бадемите помагаат, ама к'на? Може во пракса функционира ама не сакам да си ги офарбам цревата, подобро ќе се напијам Пиковит.
Верувале или не: "Не земајте листови кои се третирани со инсектициди"
2. Вежби и храна за добро расположение
"Истражувањата покажуваат дека 20-минутна јога има многу позитивно влијание врз психата".
Каде можам да ја најдам таа јога и колку е месечна членарина? Зашто сите вакви статии за здравје толку ја форсираат јогата? Дали и планинарењето има позитивно влијание врз психата или тоа не е проследено со егзотична филозофија?
Бидејќи не можеш да ги истакнеш цицките на планина |
Советите во статијава се од типот на: "30-минутно брзо одење е совршен противотров за здодевната мрачна ноќ". Зашто ноќта мора да е здодевна? Зашто не спиеш ако ти е досадно? Не е сомнително ако брзо одиш во мрачна ноќ?
"Кога сте преполни со болка по раскинувањето, тешко е да бидете мотивирани за нешто друго освен седење во домот и слушање љубовни тажни песни. Расплакани сте и не можете јасно да размислувате...". Нели беше статијава за добро расположение? Зашто авторот претпоставува дека сум раскинал врска? Зашто претпоставува дека плачам на песна од и имам брк како Лајонел Ричи? Како и да е цикличен тренинг помага "да ја вратиме самодовербата и да почнеме повторно да одиме на состаноци".
Дали авторот исто така пишува за Фемина?
Верувале или не: "Јогата ве теши кога се чувствувате лошо"
1. Ревизија на состојбата
Ако го познавате авторот на блогот, веќе претпоставувате дека сите претходни точки се извадени од контекст за да се постигне комичен ефект. Не сте далеку од вистината. Меѓутоа ова ни најгенијалниот комичар не може да го извади од контекст.
Малку позадинска приказна: 24 часа Здравје има рубрика наречена "Ординација" каде што читателите можат да постават прашање (zdravje@mpm.com.mk). Во овој број прашањето е следно:
Ни зачудениот израз на проф. сци. Георги Чадловски не може да ве спреми за тоа што следи |
"Во моето 31-годишно лекување во психијатрија трипати сум била хоспитализирана. Еднаш со дијагноза параноиден интерпретативен синдром. Таму бев лекувана со следниве лекови: Модитен 3х2,5 мг., Лепонекс 25 мг. навечер, и Акинетон 3х1. Втората хоспитализација со дијагноза Psychosis Schizoaffectiva, (следи терапија и лекови). Трета хоспитализација со дијагноза Биполарно растројство (со терапија и лекови). Имав тешкотии со дереализаициите и во месецот се појавуваа по 15 пати и беа многу јаки, но со Флуперионот две години воопшто ги немав. Сега повремено послабо по 2-3 пати некогаш во еден месец. Но сега е проблем заморот што го чувствуваш, се чувствувам како мозокот да не ми работи. Домашната работа не можам да ја извршувам, цело време лежам и во сабота и во недела. Некогаш навечер ќе ми биде подобро и ги завршувам работите, но не е тоа доволно. Сите антидепресиви сум ги пиела и ниеден нема помош."
Сериозно? Прашањето што сакаш да го поставиш на проф. Чадловски преку прилог во 24 часа Здравје е зашто ти се дреме?!
Не сум експерт на темава ама мислам дека ова не е прашање што се поставува на форум или пак може да се одговори преку електронска пошта. Нешто слично ѝ одговорил и професорот.
Верувале или не: "Сепак, е потребна една ревизија на целокупната Ваша психичка состојба."