05 January 2012

[Ретардација на денот] Медо Штедо

 
Брзо, што прво ви дојде на памет кога го прочитавте насловот?

Педо Медо
Драги читатели, запознајте се со најновиот долгорочен депозитен продукт за физички лица кој е наменет за деца до 18 годишна возраст - Педо Штедо, овај Медо Штедо.
Можеби малку пристрасно гледам на темава бидејќи не можам да искочам на кафе со малолетна братучедка без некој што ќе ме види во град да ми додаде Педо пред надимакот ама сепак за банка се работи. Истата таа банка што ќе ти прати извршител да ти ги замрзне сите сметки ако скокнеш месец или два од враќањето на кредитот без разлика што имаш отворено три Дедо Штедо сметки за твоите дечиња.
Се согласувам, децата треба да се учат да штедат од мали бидејќи поскапе струјата, бензинот и аспарагусот во Веро, ама од сите можни заштитни знаци на рекламна кампања моравте ли да изберете нешто што инстантно го поврзуваш со педофилија?

Има ли хлороформ во ранецот?
Исто така кампањата има и видео со певлива песничка снимена во игротека, каде што децата низ игра учат за орочување, каматни стапки и трет пензиски столб.


Иако на хартија е многу добра идеја, се дружат деца, се радуваат на нешто што подоцна во животот прераснува во сексуален фетиш, ама нели на крајот се родителите кои отвараат вакви сметки, орочуваат на 12 месеци со незначителна камата и инвестираат во иднината на своите деца?
Ако да им дадеш на модерни родители, а особено на твитераши кампања насловена како МЕДО ШТЕДО мислам дека уште во старт си пукаш во колено.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff