И повеќе цицки во секојдневието |
6. Историја на религија
Ако го читаш ова најверојатно си атеист или веруваш во "нешто ама не знам што". Таа е демографијата што ги чита моите постови.
Kолку и да не е потребен Господ за објаснување на универзумот (според Occam's Razor), многу е важно од мали да ја изучуваме историјата на религиите (множина!) бидејќи многу грешиме ако негираме дека истите имале огромно влијание врз целиот наше постоење.
Исто како што Боки 13 има огромно влијание врз плимата и осеката |
- Се сомневам дека историјата ќе биде секуларно презентирана или нема да постои пристрасност кон одредена религија.
- Познавајќи ја подвоеноста на македонското општество, родителите - патриоти ќе го бираат овој предмет, додека родителите - предавници ќе ја бираат поблагата алтернатива Класичната култура во европската цивилизација.
Екстремистичкиот ислам се јавува како последица на европскиот колонијализам. Турција ја олабавува строгата секуларност дефинирана од Мустафа Кемал. Патриотизмот кај нас не беше толку изразен пред 2001 година. Знаењето како религијата ги придвижува овие општествени појави ќе ни биде од огромна корист следниот пат кога ќе сакаме да шириме верска омраза во коментарите на YouTube.
5. Домаќинство
Предмет што нашите родители задолжително го слушале во облик "како да го зашиете чорапот на вашиот маж додека се вари гравот", денес се вика Вештини на живеење во облик "не биди вол драчевски, спржи си јајца, ќе заглави мајка ти на работа и ќе останеш гладен". Според описот на предметот се учи како да готвиш, како да поправиш ситници низ куќата, кога е најдобро време да скокнеш по крстот и најважно од се да дознаеш кога мушмулите се зрели за јадење.
Девојките се возбудуваат на непотребно знаење. |
Фино што бирото за развој на образованието го вклучува и овој предмет, ама кој би избрал миење садови преку Проект од областа на информатиката што во превод значи "семинарска за Фејсбук од 6 страни со 32pt фонт"?
Во случај да читате статија за образование, меѓутоа ве мрзи да читате тоа што има во линковите еве нешто што најверојатно не го забележавте: "да се оспособува да бара фискална сметка за секој купен производ." Да, освен што ќе научат нашите деца како да сменат сијалица, ќе научат и како да се борат против сивата економија. Исто така никогаш нема да се најдат во ваква ситуација, бидејќи од старт ќе бидат домаќини.
4. Секојдневни работи
Предмет тесно поврзан со претходниот, во смисла на употребливоста на работите кои се учат. Разликата помеѓу ПП10 и ПП50 образец повеќето од нас ја учат на тешкиот начин, чекајќи на шалтер и прашувајќи што значи ЕМБГ додека слушаш пцовки од луѓето кои чекаат во ред. Колку пати сте виделе презентација со слајдови кои исклучиво содржат текст со големина 12pt?
Немој да ме јебеш! |
Еве уште пар работи што сметам дека е добра идеја секој човек да знае:
- Како се става документ во перфорирано кесенце
- Како сам да си го средиш компјутерот
- Како се избира лозинка за e-mail/Facebook/Twitter
- Како се пишува молба/барање
- Зашто е ретардирано да се покриваш со две јамболии додека имаш температура
- Како да забележиш дека иде воз во твоја насока додека си возиш трактор
3. Веројатност и статистика
Во случај да мислите дека предлозите за предмети кои треба да се учат се однесуваат само за основно образование, ќе мора да ве поправам. Некои теми (како религија) бараат одреден степен на развој на личноста за да можат во целост да се сфатат. Друга таква област е веројатноста/статистиката со која просечниот македонски ученик се среќава дури кога ќе стане студент.
Паралелно се среќава со терминот "Пола месец на паштета" |
Ако се дошле до тоа дереџе да читате електронски книги, тогаш слободно прочитајте ја оваа, ќе ви користи следниот пат кога ќе смувате убава девојка и ќе мислите дека сте го фатиле Господ за муда или кога ќе донесувате одлука дали да се откажете од патување со брод бидејќи некој капетан решил да мафне на пријателите.
2. Сексуално образование
Дојде и времето кога Медо ќе ви кажува вас за секс. Нема смисла нели? Исто како и останатите потточки од оваа статија. Меѓутоа имајте на ум дека тоа што просечниот читател на Здраворазумен Хејтеризам ги познава овие теми, не значи дека и мнозинството ги знае исто така. Исто е и со реакциите што ги добив за прашањата што се поставуваат на состанок. Ако вие не сте ги поставиле не значи дека воопшто не се поставуваат.
Отворете било која статија на Фемина форумот поврзана со секс или празници и ќе видите дека народот е доста збунет.
Како што македонските медиуми се збунети од http://www.njuz.net/ |
Да бидеме реални, луѓето
1. Еволуција
Еволуцијата треба да биде посебен предмет, одвоен од Биологијата кој задолжително ќе се изучува во текот на образованието. Неприфатливо е во едно модерно општество да постојат луѓе кои ја оспоруваат оваа научна теорија.
Зашто треба да се изучува? Бидејќи дава одговори за разлика од бруцош на колоквиум. Зашто имаме слепо црево, зашто бактериите стануваат поотпорни на антибиотици, зашто девојките се привлечени од мажествен мирис, а мажите од цицки, зашто танцуваме и зашто Лила плаче се дел од многуте прашања на кои теоријата за еволуција дава одговор.
Меѓутоа не и на прашањето зашто Јупитер влегува во вашата трета куќа |
Фактот што на некои луѓе им е смешна идејата дека човекот и мајмунот некогаш имале заеднички предок, не ја побива теоријата, туку едноставно говори за нивната незаинтересираност во потрагата по одговори. Многу е полесно да веруваш во чуда, отколку во ужасно долг процес на пренесување и менување на генетски материјал во зависност од безброј фактори и случајности, меѓутоа има разлика од тоа што сакаме да веруваме и тоа што реално се случува, па најубаво да си почнеме од мали да ги прифаќаме законите врз кои се базира нашето постоење.