Ако користите било какви средства за информирање, сигурно сте дошле во допир со некој од оваа листа на шарлатани (иако поверојатно е некој од листата да дојде во допир со вас).
Сепак, таа листа е непотполна и недостига човекот, поради кој зборот шарлатан треба да се пишува со голема буква (молам за тапани)- Мастер (не Мистер) Тино Кајшаров!
Само еден од нив има поглед што може да излечи рак |
Човеков е олицетворение на Божји месија, канал на повисока енергија, спиритуален учител, кармички гуру, телекинетик, егзорцист, исцелител со молитва и музика, човек кој конторлира био-нано-електромагнетни полиња... Човек за кој, да не земаше пари за пружање на овие услуги на трети лица, комотно ќе можевме да заклучиме дека има потреба од постојано присуство и надзор од луѓе во бели мантили.
Еве неколку клучни точки од неговото учење:
4. Светиот шепот
Токму вака е насловено неговото учење ("ајде бе, побрзо иде професорот по светошепотство?"), за кое има сајт, кој според неофицијални информации е направен од страствени фанови на World of Warcraft. Таму, нормално може да се најде што е најново во светот на шизофренијата. Твитерски кажано "неутрализирање на спиритуални токсини", "отворање на духовното срце", се "трендинг". Баш како што и самото учење проповеда, тешко е со зборови да се опише што се ќе доживеете ако се приклучите кон стадото следбеници. Сепак, она што јасно може да се забележи е дека има тенденција информациите (ма, какви информации, факти) презентирани на сајтот, да прекршат повеќе физички закон од сите Холивудски блок-бастери заедно.
Како и секое сериозно учење, така и Светиот шепот се базира на принципи, кои се строго дефинирани и крајно концизни.
PForgiveness, PRepentance, PAcceptance, PHumility |
Разгледувајќи го сајтов, дојдов до заклучок дека единствениот „Свет шепот“ кој постои е одговор на прашањето „како е 3-тото?“ на 5мин пред крај на колоквиум.
3. Љубовта
Централно место на техниките за лечење на Мастер Т е нормално љубовта. Иако лековитите дејства на љубовта се научно докажани, заради злобните големи фармацевтски компании, "не може ние исцелителите да си п’ркнеме". Така-некако, изгледа "лајтмотивот" на учењето и на сите нему слични учења. Несомнено е дека е убаво чувството на вљубеност, ама тоа нема посебна моќ над материјалниот свет - постојат 4 фундаментални сили во природата: силната и слаба нуклеарна, електромагнетна и гравитациона. Љубовта не е една од нив. Спознанието дека љубовта е еволутивна адаптација, нема да те направи неспособен "да љубиш" или огорчена личност, едноставно свесен дека озрачување на малигни клетки со „љубовни честици“ е третман својствен за цртан филм.
Дали може и клошарите да се вљубат? |
2. Електромагнетни-квантни-херцо-био-нано-информациони терапии
Псевдо-научни терапии не работат. Холистика не е наука. Аура не постои. Магнетите немаат (значително) влијание врз човекот. Не постои такво нешто како "позитивна" и "негативна" енергија. Терапија со кристали е обична измама. Хомеопатијата е научно нерелевантна. Доктор по кинезитерпија е научник, колку што алкохоличар е енолог. Ако не се согласуваш, успех е што воопшто си научил(а) да читаш. Доколку сакате по кујзнае кој пат да ги докажете горенаведените тврдења клик на тука и тука.
Презентирање на терапии кои не се научно недокажани (недокажливи) и кои во најдобар случај имаат само пласибо ефект, е крајно малициозен и неетички начин на приграбување на материјални реусрси. Другата страна на приказната може епски да се опише со "додека има овци ќе има и џемпери". Класичен пример за тоа се луѓе што се пријавуваат за да им биде извршен егзорцизам?! Егзорцизам во 2000 и некоја?!
Потресно видео |
1. Наместо заклучок
Она што може да го очекуваме во Новава Година (можеби последна?) е повторувања на овие неколку одлични предавања: предавање1, предавање2, предавање3, а пожелни би биле и што е можно повеќе гостувања на Светиот шепот по телевизии и во емисии на водителки кои имаат "ступидни коментари" и интелигенција на собна температура. И уште нешто, при-бидејќи има најава за грип во јануарско-февруарскиот период, вибрација од повисока димензија ми кажаа дека уште сега, треба да си резервираме консултации со Мастерот, за да ни вдахне спиритуален имунитет.
Бонус: "Mother of God" клипче.
П.С. Се додека имате "хејт" во вашето срце, нема да ве пуштаат на врата у скопските дискотеки!
Авторот е основоположник на старата школа, хејта уште пред да се искомерцијализира жанрот и има коефициент на интелигенција поголем од бројот на твои ФБ "пријатели" што би ги смувал "на пијано".
Викса не е нешто со што би се заебавале, амеѓутоа можете да го следите на Твитер или да го слушате на 103ка секоја сабота од 18:00-20:00.