Дали би се возбудиле ако Латас и Ивона имаат дует на малите екрани?
За последното ќе мора да почекаме уште малку, а дотогаш ќе мора да се задоволиме со дуетот на Лила Филиповска и Александар Блажевски на тема билборди:
На почетокот го запознаваме протагонистот на овој видео запис (во понатамошниот текст Аце) кој изгледа како сè уште да е мамурен. Си чила така Аце, случајно погледнува нагоре и на 0:21 го здогледува Александар на билборд во хавајка со цветичи!
Овој е моментот кога сфаќаш дека дрогата коси. Владата на РМ треба според овој пример да ги базира своите реклами против дрога. Овие се вистинските ризици од злоупотреба, а не глупостите што ни ги пласираат.
Кошулата на Александар не е единствен индикатор дека спотот е во тренд. Другарот на Ацему се обраќа со "БАЧЕ, извини што каснам". Меѓутоа треба да се забележи дека не е премногу во тренд, сепак спотот си се држи до традиционалните корени на нашето патријахално општество, а тоа го увидуваме од следните стихови:
- Секогаш јас имам време за твоите приказни, ако треба цел ден ќе те слушам како збориш глупости.
Мислам што паметно може да та каже жена?
Од 1:08 спотот официјално преминува во нешто што може да предизвика епилептичен напад од комбинацијата на подвижна позадина и движењата на Александар.
По епилептичната секвенца следи сцена што ќе ве врати во времето кога имаше дрва на улицата кај Мамас и кога беше општествено прифатливо да се рапува во поп песна. Не го сфатив што рапува, некако поинтересна ми беше приказната на Аце и другарот кој има џемпер врзан околу неговата половина.
Неколку стрелки што покажуваат кон Лила подоцна, другарот на Аце увидува дека навистина се двишат билбордите и откако се поздравуваат пред зграда погледнува нагоре (3:27) со гестикулација што најверојатно значи: "Јако било срањево, да си ибиш векот".
Под срањево секако подразбирам Кафе Паскалин!