15 January 2012

6 бесмислени прашања што се поставуваат на прв состанок

 
Во животот (читај: нашето општество) постои одреден логички тек на настаните кој го форсираат нашите родители. Треба да си одличен ученик во основно, треба да не бидеш емо во средно, да дипломираш на перспективен факултет и веднаш да стапиш во брак.
Јас пред некој месец дипломирав на најрелигиозниот факултет во земјава - електро.

Само учиш, не ебеш и се крстиш кога ќе објават резултати.
Како што е ред, секој семеен ручек моите родители го поставуваат истото прашање: "Кога ќе најдеш некоја за сериозно?", бидејќи не можеш секогаш пишувам блог да го користиш како изговор за седење пред компјутер цел ден по боксерици.
Плашејќи се дека моите родители нема да можат да ми ги растат децата ако многу чекам и благодарение на оваа прекрасна веб страница (детали и корисничка сметка) излегов на неколку состаноци. Еве на кои прашања морав да одговорам, а сметам дека се тотално бесмислени:




6. Дали си искрен?

Иако може да се даде детален одговор во принцип е да/не прашање. Ако одговорам "Да, злато секогаш ја кажувам вистината", дали ќе ми веруваш? Дали сметаш дека во 2012 година е соодветно да ти се обраќам со злато? Зашто воопшто некој би сакал апсолутна вистина? Ако бидам искрен за тривијални работи во животот како на пример колку пати се бањам во текот на една недела само ќе се разочараш.

Две трофазни печки и вклучен бојлер? -Не, благодарам!

Во случај да ти одговорам "Не бе брат, л'жам сушам" подобро веднаш да станам бидејќи:
  1. Нема да имам секс со тебе во скоро време
  2. Се што ќе кажам од тој момент па натаму ќе претпоставиш дека е масовна лага
  3. Уште не сме стигнале до тој момент во состанокот каде што ќе треба да ја платам сметката (#тактичар)
Да не одиме во екстреми и дадеме нормален одговор во форма на "Генерално сум искрен, но понекогаш знам да ја премолчам вистината за да не те повредам или да цитирам фиктивна научна студија за да видам како ќе реагираш на идејата за секс во тројка со твојата најдобра другарка". Не е ова нормално однесување на секој нормален човек? Дали исто така треба да ти кажам дека пијам вода во текот на денот? Што сакаш да дознаеш со поставување на вакво прашање?

5. Дали повеќе сакаш љубов/среќа или пари?

Зашто прашањето мора да е или/или? Зашто двете работи се заемно исклучиви? Дали сите што се сиромашни се среќни и заљубени, а богатите мизерни? Реалниот живот не македонска народна приказна каде што ќе мора да избереш помеѓу добро или зло. Сфаќам дека поголема моќ (финансиска, не факинг Spider-man) неретко резултира со поголеми грижи, ама и неможноста да вратиш кредит не е баш виножита и еднорози.

Статистиките покажуваат дека 20% намалување на вашите плати ќе ве направи 40% посреќни
Ако веруваме на анкетите 64% од луѓето би избрале љубов пред пари, а останатите 35% (?!) се хипстери и гласаат за да бидат иронични. Тоа е се кул ако вашите родители ги плаќаат сметките додека вие правите лоши видео монтажи за честитање роденден на "пријателка", меѓутоа надвор од филмовите што ги вртиме за да добиеме "сродна душа што ќе не разбере и со која ќе можеме да го поминеме остатокот од нашиот живот како романтична бајка" е реалниот свет каде што одлуката е далеку покомплексна од 2 понудени одговори.

4. Што си во хороскоп?

Типично сценарио:
 Типка: Што си во хороскоп?
 Јас: Погоди!
 Типка: Бик!
 Јас: Не, шкорпија.
 Типка: Знаев!
Не! Не знаеше! Рече дека сум факинг бик, како е тоа знаење? Дали сега откако дозна дека сум шкорпија ми се простува што сум кретен? Дали сега конечно имаш објаснување за моите дела и постапки? Дали сега конечно ќе можеш да ми судиш согласно мојот карактер или сакаш и Фројд да го вметнеме во муабетот бидејќи е малку попрецизен од хороскопот?

Прикажано: Се што треба да знаете за психоанализа
Знам дека е забавно да се дискутира особено ако гледаш дека муабетот не иде, ама подобро да зборуваме за времето, барем така ќе дадеш до знаење дека ги разбираш атмосферските појави. Човекот функционира според стереотипи од причина што се практично решение - зашто да инвестираме време во запознавање на некоја личност кога од голема сигурност можеме да процениме каков е според бојата на кожа, религијата, партиската определеност, патриотизмот или хороскопот со мала забелешка хороскопот не може да биде фактор бидејќи е измишљотина. Зашто во старт да градиме мислење за личност базирано на ветер во магла?

3. Дали си романтичен?

Прашање со кое реално многу може да се дознае за една личност, но е многу тешко да се одговори бидејќи тешко е се даде конкретна дефиниција за тоа што една личност ја прави да биде романтична.

Како планирам да ја запросам мојата идна жена.
Не само што е тешко, туку и дефиницијата се менува со тек на време. Ако пред 20тина години рецитирање на поема пред зграда те правело убер јебо, денес те прави манијакален тип. Тенка е границата помеѓу романтика и патетика бидејќи многу субјективно се оценува.
Што е разликата помеѓу романтична вечера и обична вечера во ресторан освен што не е прикладно да се разговара за политика или дека си се здебелила малце и треба да олабавиш со слатко/киселото пилешко?
Во секој случај е многу еднострана работа. Речиси секогаш се очекува машкото да го направи чекорот: купатило со илјада свеќички, темплејт мече за Валентин, викенд за двајца во Банско итн.
Зашто девојките не го прават истото? Бидејќи нема потреба. На најголемиот дел од машките не им дошло до постела од рози, едноставно ги прават тие работи за да дадат од знаење дека се грижат за саканата личност и се подготвени да направат нешто што не им значи за да добијат нешто што им значи.

2. Дали ти е поважен карактерот?

Трик прашање. Ако одговориш позитивно значи си искрен како средношколка која "добила" баш пред испрашување, а ако одговориш дека и физичкиот изглед ти е важен даваш до знаење дека си површна личност. Фактот што физикусот ти е важен не те прави површна личност, те прави факинг личност.
До кога со овие дводимензионални дефиниции за вистински вредности?
Ако верувате во тотално легитимните толкувања на космогонијата како наука за постанокот на универзумот тогаш цело е кога има сè.

Цицки!
Тоа значи дека карактерот игра огромна улога, но меѓутоа не можеш да градиш здрава врска со некој ако немате физичка привлечност. Не само за врска, од физичкиот изглед зависи дали и колку брзо ќе напредувате во кариерата, дали чичкото пред вас ќе ве пушти преку ред, дали ќе ви се прости ако имате две "н" по ред во името итн.
Па одговорот на прашањето е премногу очигледен за да се поставува секој пат. Како што се грижиме за нашето ментално здравје читајќи блог на кој заклучно од денес, секоја нова статија ќе содржи цицки, логично е да се грижиме и за физичкото (водич за неупатени).

1. Дали да му дадам?

Ова е прашање што секое машко се обидува суптилно да го одговори иако никогаш не се поставува. Иако лично не ми се допаѓа формулацијата на прашањето бидејќи имплицира дека се врши стокова размена при што едната засегната странка е оштетена (пр. "Дај ми мастика" или "Дај не ме еби!"), сепак е најраспространетиот термин за тоа дали состанокот среќно ќе сврши. Во совршен свет одговорот секогаш би бил ДА, јас би ставил некоја случајна слика колку да го задржам форматот и би завршил со оваа точка бидејќи вечерва ќе добијам (?!),

Случајна слика.
меѓутоа во реалноста ова е комплексна одлука од рангот на дали да ставам кромид во лесковачката и покрај тоа што вечер сум на кафица, а која зависи од многу фактори како на пример:
  • Дали е убав (карактерно)
  • Дали е богат (интелектуално)
  • Дали имам добиено (мензис)
Останатите сте ги слушнале од прва рака кога ви раскинувала девојка.
Ако веруваме на неисцрпната мудрост што ја нудат луѓето што одговараат на Јаху, жената речиси инстантно одлучува дали ќе има секс со младичот, се друго е тактизирање. Не ме сфаќајте погрешно, сето тоа е нормално и очекувано бидејќи така функционираме како општество ама следниот пат пробајте да си го поставите прашањето не како "дали треба да дадам нешто" туку повеќе како "дали вечерва сакам 15-минутен просечен секс што може да прерасно во убава врска".

Бидејќи жената секогаш го има последниот збор, слободно пишете во коментарите колку само грешно ја разбирам темава.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff