Самиот факт што ја читате оваа статија потврдува дека сте #foreveralone.
Но не очајувајте! Пред да купите неколку мачки посетете ја оваа наша, македонска веб страница.
Земи ме Господе! |
Зачувана анонимност, ДА!
Илјада профили, ДА!
Секакви инхибиции, не знам што значи ова ама ДА!
Најдобрите фаци од мојот град, чисто сумљам ама ДА!
За разлика од некои веб страни што сум ги хејтал, оваа е релативно солидно изработена. Се гледа. Веднаш се воочува дека интелигентни луѓе работеле на проектот според условите за регистрација/користење каде на многу опшитен начин се дава до знаење дека ова не е страница за посредување и наплата на сексуални услуги.
На почетокот има можност да се разгледаат популарни мажи или жени.
Да почнеме со жените кои се претежно баби меѓутоа можеш да ги филтрираш според многу критериуми од кои повеќето немаат смисла:
- Тука е просто да убие време? -Досаден живот, што да правиш.
- Нуди/Бара спонзорство? -Не тоа на раб на проституција?
- Досаден карактер? -Во случај животот да ти е многу интересен.
- Прекрасна личност? -Карактерот пред се.
- Хороскопски знак? -Најважниот научно основан критериум.
- Роденденци? -Не само што ќе ја пронајдете вашата сродна душа, туку и на ист трошок ќе славите роденден.
- Скриен филтер во форма на софтверска грешка
Бидејќи сум посветен на истражување (и од никоја друга причина) направив корисничка сметка. Веб страната користи и Facebook API за логирање преку вашиот профил, ама освен ако не сакате да извршите социјално самоубиство не ви препорачувам да ја искористите таа можност.
Првото нешто што ќе го забележите откако ќе се логирате (а ќе се логирате!) е ова:
За македонцките работи |
Бугарска направија. Сега ти е криво што се логираше со твојот ФБ профил бидејќи те мрзеше да решиш проста математичка равенка.
Откако ќе видите пар газиња и гласате со оценка од 1-5 (каде што 5 е Ептен ме возбудува!, 1 е Не си мој тип, а 2 е Кога ќе се поднапијам се е ок) ќе решите да видите и некое видео во живо меѓутоа веднаш ќе се појави "Изберете метод на плащане:" и освен ако немате бугарски пасош ќе треба да платите преку СМС.
На крај за да не останам недоискажан како авторите на Земи Ме, ќе ве замолам во коментарите да ме надополните со вашето искуство во наоѓањето на вашиот совршен маж/жена/пар(М+Ж)/пар(М+М)/пар(Ж+Ж) со користење на услугите на оваа социјална мрежа.