Сме си ја научиле веќе работава |
Мислевте куќата или креацијата на влез во Скопје на Роџер Фемили се кич?
Добредојдовте на http://rogerinfinity.com.mk/ (ВНИМАНИЕ: Веб страницата содржи ефекти кои можат да предизвикаат епилептични напади)
Почетната анимација ни прикажува едно епско дело за постанокот на сводот на неговата куќа на кое и Стенли Кјубрик може да подзавиди. Флеш рамката е јасно одвоена од статичката позадина за уште од старт да се расчистат сите заблуди дека реален труд е вложен при изработката.
Кога ќе кликнеме enter, од ѕвездите одиме во облаците (сум и се пуштал на девојка со овие конкретни зборови), каде што има некои сфери со пирамиди кои најверојатно ќе те штитат од штетното зрачење ако ги ставиш пред телевизор . Бидејќи нема никаква индикација за каде ќе одам ако кликнам на било која од нив (всушност има ако доволно долго го држите покажувачот врз сферата додека не се заротира пирамидата), одиме по редослед од горе надоле:
- Откако ќе се вчита страната со трета по ред различна анимација, се префрлуваме на КОНТАКТ страната со рок музиче
- Втората сфера ќе ве однесе на СЛИКИ делот т.е. pdf датотека во која на 141 страна е детално опишана неговата куќа и неговото животно патешествие со соодветен превод на англиски (- "Hey, Zoki, do you know what happened yesterday? Pero and I played football and the ball strolled down to a bush. When trying to get the ball out of there, we found the record book wrapped up in a blue cover.")
- ЗА МЕНЕ делот е своевиден музеј каде што се прикажани емисиите во кои настапувал, весниците во кои го имало и наградите кои ги собрал за особен придонес во кичот
- Главната функционалност е во последната сфера - БЕСКОНЕЧНОСТ, каде што откако ќе порасне дрвото од македонското сонце (длабока симболика), можеш да си играш со гранките (посебен спрат), листовите (слики) или ако имаш самоубиствени нагони јаболките кои (најверојатно) ќе ти прикажат видео од лифт или ентериер
Исто така ако сакате журка и статистички многу мала шанса да легнете Словенец/ка, погледенете ја понудата за предновогодишна журка во Роџер Пијано.