Никогаш не сфатив зашто P.I.M.P. е акроним |
Еве неколку нешта кои мора наскоро да изумрат:
7. Фотохроматски стакла а.к.а Фотогреј
Знам дека има луѓе кои навистина се осетливи на светлина и овие стакла медицински им се потребни/препишани. Ако си еден од нив слободно скокни ја оваа точка. Ако си здрав/прав член на ова општество (очигледно не си ако имаш потреба од диоптер) нема апсолутно никаква потреба да носиш вакви стакла освен ако не си Ристо Самарџиев од 90-тите.
Денес овој изглед е прифатлив единствено на маскенбал или на ФДУ |
Научно е докажано дека носењето вакви очила предизвикува стерилитет. Никогаш нема да имаш деца бидејќи никогаш нема да имаш секс!
6. Гајтан веѓа
Првиот резултат што Гугл ми го презентираше откако барав "гајтан веѓа" е дека чупаната веѓа машкоста ја вреѓа.
За споредба еве го првиот резултат од поврзано пребарување |
Дали си рокал или сакаш да рокаш тип? Ако одговори не, тогаш оди факинг подели ја пијавицата на два дела бидејќи сите останати работи што те прават геј се само за да те заебаваат другарите.
Ако навистина си хард кор и сметаш дека веѓата ти расте така бидејќи си потомок на Крале Марко, се гордееш со неа, ја чешлаш и одржуваш со шампон од коприва тогаш ова е страната за тебе.
5. Факс
Не мислам на високата образовна институција туку на машината за печатење документи преку телефонска линија. Пред некое време ми пријде еден господин заинтересиран за моите услуги (ха!) и откако ми даде визит картичка ми рече да му испратам CV. За среќа имаше оставено факс инаку кој бе се замарал со праќање мејлови и прикачување документи од мојот удобен дом кога можам да отидам во најблиското интернет кафе, да го испечатам документот, да го скенирам и да го пратам преку факинг телефонска линија.
ОК, можеби пред десет години си испечатил милион визит картички кои никако да се потрошат,
Веќе нарачав 100.000 вакви |
Ако одговорот се брои со години, тогаш слободно избришете ја ставката факс во потписот на вашиот е-мејл.
4. Кириличен фонт
Не знам дали знаете ама Windows има вклучено македонска поддршка во своите оперативни системи уште од 2000 година. За останатите 2% кои користат Linux/Unix бидејќи се кул (клучни зборови: корпорации, профит, естаблишмент, меинстрим) верувам дека и таму има поддршка.
Кутриот Бил Гејтс без пари остана |
3. Фризури
Иако според насловот ова е благослов за сите што се проќељави и мислат дека се Jason Statham, сепак мислам на неколку стилови кои се предолги за да стојат во наслов. Ајде да хејтаме со набројување:
1. Шатирана коса - најочигледниот индикатор дека доаѓаш од село или од приградска населба. Сите што некогаш се возеле во 41 кон Драчево можат да сведочат за "шареноликоста" на патниците.
2. Бланширана коса - кога бев во основно училиште, врв на бунтувањето беше да си ја избланшираш косата. Десетина години подоцна луѓето кои имаа бланширана коса или дуваат повеќе од ветрот или се во затвор. Според тоа евентуалното умирање на бланшот ќе значи и напредок на полето родител-дете-општество.
3. Џигерици - исто како што треба да речете НЕ на дрогата (или барем на рекламите за дрога на Владата на РМ), така треба да речете НЕ и на секој што носи ваква "фризура"
Бизнис од напред, журка од позади! |
5. Тенџере фризура
Листата е многу долга, ама паузата од работа за жал не е, па ќе оставиме во коментари истата да ја надополниме.
2. CD на ретровизор
Откако човекот кој ги има изгледано сите YouTube видеа во пријателски разговор ми ја посочи ретардираноста на поседувањето анти-радар CD решив да направам точка во листата за тоа. Луѓето кои имаат oпнато CD на ретровизорот најверојатно носат и Power Balance бидејќи толку се разбираат во физика. Почнувајќи од шоферите на Пупе Компани во Охрид, па се до твојот чичко кој има и миленце во кола, сите сметаат дека тоj магичен диск преку нанотехнологија, биполарна интерференција и импулсно-ширинска модулација ги одбиваат џандарските радари,
Равенки и срања |
п.с. Здравиот разум го поби митот во моментот кога се појави, Мythbusters го побија во 2004, а сега сме 2011.
1. Гумени женски чизми
Некои филмови или видеа од што се ретардирани всушност се претерано генијални. Гумените чизми од друга страна се генијални колку што улица Ѓорче Петров е Шанзелизе.
Саде парижани живеат во Ѓ.П. |
"Медо, чизмичките се удобни, штитат од временски неприлики и плус изгледаат слатко ♥". Удобни се? А дали 15cm штиклите што ги носиш се исто така удобни, бидејќи очигледно не ти е удобноста на прво место?
Знаеш што штити од временски неприлики? Моите ѕиври, а ти штом носиш хулахопка потенка од саламата во тостот на ФЕИТ/МФС очигледно не ти е гајле дали ќе настинеш.
Изгледаат слатко? Кученцето на мојата визитка од точка 5 изгледа слатко, женски гумени чизми изгледаат како да си се вратила од риболов и имаш факинг лосос во ташната.
Прикажано: Лош LSD трип |