17 December 2011

[Ретардација на денот] Сестри од Штип се степаа во групен секс

 
Мала промена. Оригиналната идеја на новата рубрика беше еднаш неделно да пишувам за нешто ретардирано што сум сретнал во текот на таа недела, ама благодарение на вас имам преполно сандаче со линкови кои не можат да чекаат.

Па затоа идеме со оваа вест од денешното издание на Вест. Во печатеното/електронското изданиe ја има целосната приказна што во кратки црти ќе ви ја прераскажам.  Мора да напоменам дека го купив електронското издание на Вест за да ја прочитам целата приказна. Потрошив 10 денари за да читам како ДВЕ СЕСТРИ СЕ СТЕПАЛЕ ДОДЕКА ИМАЛЕ СЕКС ВО ТРОЈКА СО ТИП. Толку ниско не сум паднал од времето кога недела дена не јадев на голем одмор за да можам да купам dial-up картичка за интернет пристап од mtnet со доволно минути за спуштање на видеото каде што и се гледаат цицките на Фиби од Волшебнички.

Таа во средина
Сестрите (30 и 32 години) се степале бидејќи нивниот љубовник Мики од Крива Паланка, повеќе внимание обрнувал на постарата. Откако малата се нафурала поради недостатокот на курац, почнала крвнички да ги тепа остананите две третини од тројката. Летале тупаници, шишиња, сервиси за ручавање, трозабци. Толку многу ескалирала ситуацијата што едната завршила во болница со скршени заби и исеченици по главата по што претпоставувам првото нешто што го направил дежурниот доктор е праќање на смс до случаен новинар со текстот "ОМГ нема да веруваш што се случи". 
Во моментот кога ја пишувам ретардацијава, текстот во Вест е прегледан околу 43.000 пати, тоа е десет пати повеќе од тексот за перцата на младото кромитче. Чисто за споредба на мојот блог ќе му треба пола година за да ја достигне таа бројка . Да ја занемариме опседнатоста на македонскиот народ со циркус приказни, еве што мене ме интересира бидејќи не сум се нашол во слична ситуација:
  • Како секс кој ја вклучува сестра ти е добра идеја?
  • Дали сестрите имале меѓусебна интеракција додека траела предиграта?
  • Што може Мики (или постарата сестра) да направи за на помалата да не и е досадно?
  • Дали Мики може да биде гостин во емисијата каде што гостуваше Кили, имам пар прашања што сакам да ги поставам на ФБ групата?
  • Дали ова не е заплет од рангот на тотално ненаместенато српско реално шоу "Прељубници"?
  • Како следниот пат кога ќе одам во болница со "срамна" приказна да избегнам појавување на насловна страна во весник?
Меѓутоа најретардираното од се е што моите (читај: вашите) родители кога ќе го прочитаат овој новинарски текст ќе ми речат: "Во наше време вакви нешта немаше". Немој не ме радуј. Единственото нешто што е различно денес е што докторите/медицинските сесетри/брзата помош имаат новинар во именикот на својот мобилен телефон.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff