25 December 2011

5 трендови кои ги диктира масата

 
Сте се запрашале некогаш зашто Марјан во своите видеа има богат, размазен лик што се вика Леон? Или зашто порано имаше многу повеќе рапери? Или зашто типот не ти се јави да се видите повторно?
Џабе 500 бесплатни минути од ВИП
За последното немам одговор, ама за останатите одговорна е масата т.е. луѓето кои нит се богати нит претерано интелигентни.
Еве неколку трендови кои масовно зависат од масата:
5. Музика

Луѓето имаат потреба да се идентификуваат со одредена група. Од еволутивна гледна точка таа тенденција ни помогнала да стигнеме до каде што сме сега меѓутоа тоа е друг муабет.

Тоа што сакав да прашам е дали сте го гледале филмов?
Проблемот во денешно време е што не има малку многу и иако сакаме да се идентификуваме како група, сакаме таа група да нема огромен број на членови бидејќи во спротивно губиме од индивидуалноста.
Koга бев во средно слушав рап. Не само што слушав туку и читав за рап, се облекував како што се облекуваа раперите и користев nigga повеќе отколку Fat Joe на Таксират 2011. Меѓутоа по одреден период престанав. Сеуште си слушам рап и чат-пат му ја следам емисијата на дечково, ама престанав да го живеам рапот кога цела Шутка станаа рапери.
Можеби звучи расистички/ксенофобично, но ве уверувам дека апсолутно е. Не само јас, туку пола од мојата генерација ги дигна фармерките и се потшиша откако рапот стана предмет на исмевање. Растени сме со многу негативни стереотипи за ромите (лажеш ко циган, ќе те продадам на старо купуем, секој факинг лик од Белото Циганче сем Таруно и Баба Мулон) и одеднаш станува неприфатливо да те идентификуваат со таква група, па се префрлаш на нешто друго. Во моментот кога ќе се создаде критична маса за тоа нешто (пр. премногу деца во Хавана или премногу џанаци во Капан Ан) се префрлаш на нешто трето итн.
Меѓутоа тоа е добро, тоа е глобален феномен кој отсекогаш ја движел музиката напред (не секогаш во права насока).

4. Имиња

Многу фактори влијаат врз тоа какво име ќе дадеме на нашето дете. Сите имаме чичко/тетка кој/а се вика Слободан/ка од чиста причина што е логично да го дадеш тоа име на дете кое се родило откако Хитлер изгубио рат. Или пак да крстиш дете Србољуб додека траеше војната во Југославија (ако те интересира зашто америчките црнци сега имаат имиња како Шаниква, Латиша или Латрел додека во минатото имале имиња како Мартин, Лутер или Кинг прочитај ја книгава). Мојата генерација има толку многу Александровци, Ивановци, Елени, Марии што морав да додадам Медо како надимак за уникатна идентификација. 

ИВАН МЕДО Живковски, претседател на СПУКИМ - колкави се шансите?!
Младите богати родители со западно-европски идеали за своето дете не сакаат често име кое е остаток од комунизмот па затоа се одлучуваат за поегзотични имиња како. Леон, Даријан или Вероника.
И така започнува кругот. Луѓето со фенси имиња поради нивниот подобрен социо-економски статус имаат поголеми шанси да станат јавни личности, сопственици, директори и сл. Бидејќи сите сакаме да бидеме богати и славни, мнозинството набрзо ќе почне да им дава слични имиња на своите деца со надеж дека тоа ќе им помогне во кариерата. Кога ќе се создаде критична маса, името повеќе нема да е индикатор за социо-економски статус на една индивидуа бидејќи ќе има уште милион како него/нејзе, па новите богати родители ќе мора да се префрлат на нов тренд во именување на своите деца.

3. Начин на спиење

Една од првите заеднички инвестиции на младите брачни парови е купување на брачен кревет од многу очигледни причини. Делењето на кревет е еден од заштитните знаци на бракот и огромно достигнување бидејќи го делиш со живо људско биче наместо со лаптоп како вообичаено. 

Меѓутоа некои навики тешко умираат
Меѓутоа делењето на кревет не е толку стара традиција колку што мислите. Пред индустриската револуција честа пракса било брачниот кревет да биде место за сексање, а сопружниците да имаат посебни кревети за спиење. Земете било кој замок или дворец како  пример. Сите имаат одаи за правење деца, одаи за кралот и посебни одаи за кралицата. Дури по индустриската револуција кога има масовна миграција село-град, просторот станува луксуз и обичниот човек е приморан да дели кревет иако тоа сноси негативни здравствени последици.
После двесте нешто години живееме во општество каде што спиење во посебен кревет е знак за почеток на крај на бракот. Заради динамичноста на секојдневието, добриот сон е од особено значење, а понекогаш е тешко да се наспиеш ако партнерот ти 'рчи, ти го краде ќебето, немирно спие или сеуште не може да спие бидејќи Манчестер испадна Лига на Шампиони, па одредени работи ќе почнат да се менуваат се додека тоа не стане општо прифатливо т.е. доволен број на луѓе почнат да го практикуваат.
Многу ме интересира каква реакција ќе има мојата идна жена кога ќе и ја кажам причава?

2. Тен

Ова е најочигледниот идентификатор дека богатите луѓето не сакаат да се идентификуваат со масата. Се надевам дека не следите Jersey Shore, ама претпоставувам знаете што е. Во Америка секоја трета е исончана како Снуки и иако е општо познато дека солариумите драстично го зголемуваат ризикот за добивање рак на кожа сеуште ги даваат на страници за групни попусти.
Низ историјата бронзениот изглед се менувал во зависност од тоа што правеле сиромашните. Пред индустриската револуција обичните луѓе си копкале на нива, си ги паселе коњите, си ги хранеле кокошките, нешто многу слично како денес во Горно Лисиче.

Официјалната радио станица на с. Горно Лисиче
Бидејќи буржоазијата не сакала да се идентификува со селани кои работат цел ден на сонце, се развива цела индустрија (базирана главно на олово и арсен) за белење на кожата. По револуцијата работниците се префрлаат во затворени фабрики (или рудници) каде што не се изложени на сонце, па со тоа стануваат се побледи. Во меѓувреме се популаризира бикинито и богатите почнувааат масовно да одат на плажа со што повторно се создава тренд кој што масата сака да го следи.
Меѓутоа и тоа е привремено бидејќи луѓето почнаа исончаноста да ја асоцираат douche bags што е најголемиот неуспех после моето нереференцирање на Пане Панев во точка 4 од мојата празнична статија.

1. Технологија

Во науките постои еден термин - точка на пресврт што во принцип е моментот кога системот менува состојба, а карактеристичен за сите претходни точки од статијава. Пример за тоа е Zeitgeist движењето. Иако во теорија е многу добра филозофија, сепак движењето создава една критична маса на следбеници кои се теорија на заговор/окупирај го Волстрит ликови и целото движење добива несериозна конотација.

Дозволете да ви претставам едно движење. -Аааа, одбиј хипстеру !!!
Создавање на критична маса за технологија е многу побрз процес отколку оној за спиење во одвоени кревети. Иако сум Android тип на човек, сепак сметам дека iPhone е одлично парче технологија. Додека порано требаше да продадеш бубрег за да го набавиш, сега секој што бил во Америка има iPhone (или секој хипстер/уметник според Самсунг). Windows Messenger пропадна кога критична маса на тинејџери почнаа да користат повеќе анимирани емотикони отколку збориви за меѓусебна комуникација. Просечниот корисник никогаш не ја откри моќта на Linux бидејќи до пред некое време фураа филм дека корисничкиот интерфејс е нешто секундарно. Многу посупериорни технологии изумреле бидејќи конкуренцијата прва создала критична маса (пр. Betamax). Не сугерирам дека на iPhone ќе му се случи нешто такво бидејќи не сум факинг баба Ванѓа (што е кул име за моето идно дете), ама би било тажно ако некоја нова напредна технологија не се популаризира бидејќи сите потрошувачи ќе чекаат ред за да го купат новиот Apple производ.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff