27 December 2011

[Гостин Хејтер] Што ако Дедо Мраз дојде и кај нас?

 
Сите ние знаеме дека Дедо Мраз не е чудниот чичко што чмае на плоштад облечен во традиционален црвено-бел костим, со фејк брада, најчесто изместена поради лабавиот јасно видлив бел ластик што ја држи и Најк/АдиБас патики умацани во кал. Овој чичко работата или неговите поттајно скриени желби го натерале да гушка и да се слика со дечиња , мајки, во некои поекстремни случаи и со татковци . Тоа не се ниту пак неговите “близнаци” со светкави новогодишни капчиња на батерии и кој најчето се без брада, со значитечно потемен тен и шиткаат: филмови, лампиони, сијалички, гаќи, ласери, ПЕТАРДИ, БОМБИ, РАКЕТИ и сл. Дедо Мраз е единствениот фиктивен лик што ужива поголем светски статус и риспект од Принц Чарлс и неговата посилна половина Камила (женава има далеку више тестестерон). Инспирацијата за негово создавање потекнува од маркантноста на ликот и делата на епископот Св. Николас, за да подоцна големите мозоци на Кока-Кола ја искористат идејата, и на јавноста успешно и ја претстават нивна замисла за изгледот на светски познатиот Дедо, како и фактот дека неговиот омилен пијалак е токму нивниот најпознат продукт (се прашувам зашто?).
Сето тоа не значи дека е ставен крај на имагинацијата која уште од најмали нозе е наш сојузник и дека неговиот изглед треба да го прифатиме онаков каков што ни е сервиран.



Во зависност од домашното опкружување, профилот на родителите (дали служеле робија како дрогираш/ка, проститут/ка, убица/ка :D или не) и нивното образование, коишто најчесто правопропорционално зависат од квалитетот на општесвеното опкружување во кое што ја формирале својата личност,  визијата за Дедо Мраз што нивното чедо ќе си ја создаде во младото наивно мозоче во некои сегменти се разликува до ЕКСТРЕМНОСТ.
Некои можеби го замислуваат црн, како карбо медициналис во дроп-топ Кадилак заедно со Рудолф, коj кружи низ гето делејки PlayStation Portable наместо да троши муниција за драјв бај бидејќи е Christmas Time, други како Џет Ли, јавачот на змејолики Рудолф со здив како pламенобацач,  коси очи, нунчаки на појас, катана на грб, петарди во џеб и ориз меѓу забим, трети како Зина од Херкулес, со аутфит на Playboy зајачица (купачиот костим на Борат) која "јава" минотаур со глава на Рудолф а тело на кенгур from the land down under итн.


Како што созрева личноста имагинацијата најчесто губи од бујност и по одредени теми делумно се генерализира. Но за да не биде се така еднобојно, колоритот се зголемува благодарение на природниот ТРИПИНГ-момент кај одредени индивидуи што е далеку поголем и од ноктите на оваа жена:


И покрај тоа што изреката “милион људи, милион чуди” е толку на место , за одредени категории на луѓе не треба да бидете некаков си профоња (што би рекол Медо) како Нострадамус или Ванѓа за да предвидите што би нарачале едни од најпроѕирните категории на луѓе во нашево општество:


5. Компјутерски Geek

Желба му е да добие таблет пи-си или најнова генерација на smartphone и тоа никако од Apple пошо станува збор за човек што не е доволно хипстер/кул и смета дека не ги бива, иако цел свет е убеден во спротивното.  Нема нишо појако од непродуктивно фурање таблет шема на факултет, чекирање на кафе или играње Angry Birds на шанк во диско. Епски момент е кога ќе го видиш како пробува да се конектира на hotspot од ЈСП автобус во движење, ако е стварно брз ќе успее да отвори дури и страница, што е навистина успех.


4. Рич Бич


Девојка што реално нема потреба од материјалната желба на Дедо Мраз бидејќи има се, thanks to daddy (двосмислено). Ама станува збор за девојка што е "поненаситна" и од Марјан Стојановски и буквално сака се (најчесто тоа се кичерај и глупости). Рич Бич ќе утепа ден-ипол на amazon.com трагајќи по подарокот што сака да го порача најмногу на цел свет, а што сеуште нема благе везе што е. Цело тоа харање на нет ќе биде пропратено со 2л. солзи и доволен број на хистерични испади за да си добие свое креветче во лудница. Маката ќе ја натера да излезе и да пролуфтира малце мозок (не поголем од јајце клетка) во Б2 на Жаре.

 
Конечно прибрана дома во "камчатка" состојба, се решава да го фати последниот воз и да порача врв за на елка, нормално збогатен со Swarovski кристалчиња. Од ваква особа големи се очекувањата да направи грешка и да прати ваков линк, по што би следел повратен мејл од Дедо Мраз: Ма немој да ме јебеш бре!

3. Билдер

Категорија што би ја поделил на : Кафански-Билдер, Метеро-Билдер и Профи-Билдер (последниов не заслужува хејт)
Кафански-Билдер со други зборови е “Билдер - wannabe, but ain’t never gonna be”. Типот е факинг легенда, егзистира на хемија од 16 години, а уште нема научено проста равенка за Н2О, се диви на WWE, креатинот по обичај го раствара во ракија, а преку викенд најчесто организмот си го доведува до ситуација да надминува лимити на издржливост (се додека херојството не му заврши на дијализа). Подарок - Horse Power.
Метеро-Билдер за разлика од Кафански-Билдер е свесен за своето здравје и го става на прво место. На второ се долгопосакуваните, но тешко остварливи тоблероне стомачни. Епитетот метеро тотално соодвествува на изгледот и однесувањето на поединците кои се припадници на оваа категорија, во и надвор од теретана. Доколку имате "око за детаЉи" ќе приметите како Метеро-Билдерот вежба на бенч со подигната глава, бидејќи избегнува потенцијално сплескување на својата долгочасовно местена фризура, што реално доколу планирате да вежбате после него тоа ќе ви оди во прилог (ретко кој сака туѓ восок/лак/гел на својата коса). Најверојатно веќе сте го забележале како скришно ве загледува додека вежбате, што не би сакале да го сфатите како ништо друго освен дека краде идеи. Доколку ви е пријател на ФБ воопшто не треба да ве зачуди и моментот кога ќе видите како ја лајкнал фејсбук страната на Women's Health Magazine . Оваа особа смета дека ако џогира во природа најверојатно ќе добие вода во колено така што за новогодишен подарок ќе се одлучи за една интересна, ултимејт геј направа:



2. Менаџер на кафич/клуб

Особа чија желба најчесто е доста скромна, ни помалку ни повеќе: Секој ден да е празник!
Тој е човекот на кого треба да му се обратите доколку сакате да резервирате сепаре , па да ви среди без проблем. Кога ќе се појавите на самата журка очекувајте да направи bromance потег и да ве гушне. Менаџерот е фацата во градот и него сите го познаваат. Доколку не го познавате ќе го запознаете кога ќе ја гледате неговата балетска точка што ја изведува позади 6-те HULKовидни момци од обезбедувањето додека вие дремете добри 20 минути пред врата на -20°C заедно со уште  50-тина обични смртници како вас што исто така не го познаваат (така е кога немате резервирано). Во овие ситуации ќе сфатите колку тој и локалот за кој што работи во суштина се “битни”. Од Дедо Мраз ќе го порача само тоа што ќе помогне да му го максимизирате профитот:



1.Квази Уметник

Tермин што ја означува во последно време доста обемната категорија на луѓе кои најчесто преку ноќ доаѓаат до заклучок дека од утре баш би било кул да постанат уметници. За да стане некој уметник не е доволно само да симне албум од The XX, да извади две три парчиња ретро гардероба и марами од нафталин (ако е женско најчесто и да престане да се шминка) и да се убедува самиот себеси дека навистина е. Квази-уметникот до вчера се дружел со вас, а денес ве хејта бидејќи не излагате на местата што тој ги обожава а реално се непроветреани и андерграунд до тој степен што вие не би правеле разлика дали станува збор за клуб или одводна шахта. Од квази-уметникот оваа Нова Година чисто ради докажување на себеси и својот имиџ пред другите, се очекува да порача календар за 2012 од Салвадор Дали (иако мнозинството од оние што го читаат блогов ќе се сложат дека календарот на Пелистерка или Скопско можеби е подобар избор).




Авторот е внук на македонска фудбалска легедна, профи-билдер кој преку лето има коцкици и голем познавач на YouTube. Шуле би сакал да ви ги честита празниците со цитатот "Art is a collaboration between God and the artist, and the less the artist does the better", а вие можете да го следите на Twitter или да пишете во коментарите колку е најјак!

Ако немате попаметна работа во животот, поседувате изврсен хумор и сакате да пишувате  pro bono со надеж дека ќе соберете повеќе пријателчиња/следбеници за јачање на егото слободно контактирајте ме за детали. Или погледнете подобра понуда!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff