Showing posts with label подароци. Show all posts
Showing posts with label подароци. Show all posts

16 February 2012


Кога бев седмо, купив „женско“ списание прв пат, заради биографија на некои глумци. Желбата да поседувам што е можно повеќе шноли и венчиња (кои нема да ги употребам реално) ме натера да го купувам списанието во следните 2 и кусур години, секој месец, религиозно. И да си правам плетенки понекогаш.

После помалку од деценија, единствениот текст на кој што се сеќавам од тоа списание е текстот во кој се даваа „совети“ како да бидеш принцеза ли, совршена ли, нешто така. Во неколкуте поднаслови имаше дадено пример дека иако дечко ти е на смртна постела во болница, ти не смееш да си дозволиш да изгледаш ненаспано, со подочници или не дај боже растурена и (пу-пу) помрсна коса. Треба да си отидеш од болница, да се средиш убаво, па после ако можеш да се вратиш да видиш дали ближниот сè уште дише или не. Разбирливо е да отспиеш ако си седел 2+ дена во болница и нема веќе душа у тебе, но не беше напишано тоа во стил „одмори се, си имала напорен ден и ноќ и си под стрес“, туку „оди дотерај се , иако љубениот ти е на умирање. Што ти е гајле, твојот живот не е на стенд бај, неговиот е“.

Тоа беше последниот број што го купив. Не е дека не се оптоварувам со изглед и не мислам некогаш на мода и детали (ми се случувало да не излезам од дома само затоа што блузата не ми била доволно деколтирана, или обетките не ми одговарале на ролката, а ако немам лак на ноктите ко да сум гола), но ова што го гледам по списанијава, за мене бар, е просто неподносливо.

Ја имав честа да го купам новиот број на Unique. Давале поклон, па се потрошиле, па и јас да сум побарала. Сеедно. Епа, кога веќе го купив, ајде да го прочитам (во листа, за хејтањето да има појак ефект):

27 December 2011

Сите ние знаеме дека Дедо Мраз не е чудниот чичко што чмае на плоштад облечен во традиционален црвено-бел костим, со фејк брада, најчесто изместена поради лабавиот јасно видлив бел ластик што ја држи и Најк/АдиБас патики умацани во кал. Овој чичко работата или неговите поттајно скриени желби го натерале да гушка и да се слика со дечиња , мајки, во некои поекстремни случаи и со татковци . Тоа не се ниту пак неговите “близнаци” со светкави новогодишни капчиња на батерии и кој најчето се без брада, со значитечно потемен тен и шиткаат: филмови, лампиони, сијалички, гаќи, ласери, ПЕТАРДИ, БОМБИ, РАКЕТИ и сл. Дедо Мраз е единствениот фиктивен лик што ужива поголем светски статус и риспект од Принц Чарлс и неговата посилна половина Камила (женава има далеку више тестестерон). Инспирацијата за негово создавање потекнува од маркантноста на ликот и делата на епископот Св. Николас, за да подоцна големите мозоци на Кока-Кола ја искористат идејата, и на јавноста успешно и ја претстават нивна замисла за изгледот на светски познатиот Дедо, како и фактот дека неговиот омилен пијалак е токму нивниот најпознат продукт (се прашувам зашто?).
Сето тоа не значи дека е ставен крај на имагинацијата која уште од најмали нозе е наш сојузник и дека неговиот изглед треба да го прифатиме онаков каков што ни е сервиран.



Во зависност од домашното опкружување, профилот на родителите (дали служеле робија како дрогираш/ка, проститут/ка, убица/ка :D или не) и нивното образование, коишто најчесто правопропорционално зависат од квалитетот на општесвеното опкружување во кое што ја формирале својата личност,  визијата за Дедо Мраз што нивното чедо ќе си ја создаде во младото наивно мозоче во некои сегменти се разликува до ЕКСТРЕМНОСТ.
Некои можеби го замислуваат црн, како карбо медициналис во дроп-топ Кадилак заедно со Рудолф, коj кружи низ гето делејки PlayStation Portable наместо да троши муниција за драјв бај бидејќи е Christmas Time, други како Џет Ли, јавачот на змејолики Рудолф со здив како pламенобацач,  коси очи, нунчаки на појас, катана на грб, петарди во џеб и ориз меѓу забим, трети како Зина од Херкулес, со аутфит на Playboy зајачица (купачиот костим на Борат) која "јава" минотаур со глава на Рудолф а тело на кенгур from the land down under итн.


Како што созрева личноста имагинацијата најчесто губи од бујност и по одредени теми делумно се генерализира. Но за да не биде се така еднобојно, колоритот се зголемува благодарение на природниот ТРИПИНГ-момент кај одредени индивидуи што е далеку поголем и од ноктите на оваа жена:


И покрај тоа што изреката “милион људи, милион чуди” е толку на место , за одредени категории на луѓе не треба да бидете некаков си профоња (што би рекол Медо) како Нострадамус или Ванѓа за да предвидите што би нарачале едни од најпроѕирните категории на луѓе во нашево општество:

11 December 2011

Во случај да не сте забележале од спамот на вашиот ФБ ѕид или од рекламите помеѓу две напнати сцени од турска серија се ближат празниците. Многу ги мразам празниците. “Медо? Има нешто што мразиш? Јас мислев дека си едно големо гушлесто меченцуленцуле”.

Гушлесто во поширока смисла на зборот

Жалам што ќе ве разочарам дами ама зад мојата кревка надворешност се крие длабоко огорчен човек. Меѓутоа не сум само јас, секој што го чита постов отворено или потајно ги мрази празниците како што центарско дете мрази јавен транспорт. Еве зашто (надополнето со честитки):


 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff