Лично сметам дека ова е една од погенијалните идеи, рамо до рамо со аукцијата на свети лопати и затоа планирам да се кандидирам кога ќе се објави конкурсот!
Еве зашто би бил совршен КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА:
п.с. Не бидејќи ги копирам cracked.com |
5. Ги исполнувам критериумите
ОК, не ги исполнувам баш сите критериуми, немам 26 години. Меѓутоа неисполнувањето на основниот критериум не значи дека жири комисијата (што се надевам дека ќе биде составена од Калиопи и Драган Вучич) не треба да ја прими мојата апликација. Не само што го имам кралско држење и елеганција при движење,
Исто така се облекувам како Lil Jon |
4. Имам разбирање
Најчесто "плавата крв" има недостатокот на разбирање за обичниот човек. Со оглед на тоа што не сум хранет со златна лажичка знам колку му е тешко на просечниот човек. Му паѓа интернетот, не може да гледа слики ако ја нема во пријатели,мајка му го тера да облече ѕиври кога е ладно надвoр...
Зима - годишно доба каде што е социјално прифатливо да се носат ѕиври |
Од друга страна пак сум имал девојки чии татковци се транзициски херои, па знам што значи викенд во Виена. Ова е многу важно за новиот крал бидејќи сакаме Македонија да има заштитно лице кое не само што знае пајдушко, туку знае и елегантно да заигра виенски валцер. Моето разбирање нема граници, не ми сметаат педери, обожавам лезбејки, имам другари патриоти, имам и предавници. За мене сите си еднакви, сиромашните и богатите, вмро-вците и комуњарите, курвите и спонзорушите. Исто така имам високо мислење за жените. Едноставно сум народен човек роден да го води народот!
3. Самопромоција
Како што забележавте од претходната статија немам морални дилеми околу тоа дали треба да си промовирам свои производи во сопствените статии (последен пат ветувам). Замислете на кое ниво ќе се издигне самопромоцијата ако станам крал.
Одиш на интервју за работа и во CV ти пишува дека си бил ФАКИНГ КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА.
Знам дека ме гледаш во Power Balance алката ама читај подолу |
Oдиш да ги запознаеш родителите на твојата женска и тие тебе ти носат подароци бидејќи си ФАКИНГ КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА.
Одиш во дискотека и не само што си краљ дискотека туку си и ФАКИНГ КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА.
Според описот на позицијата дадена од неверојатно ретардирано именуваната организација задолжена за избор на новиот крал (КингМаркоЛенд?!), младото момче ала Крали Марко сам ќе си ја избере невестата. Не само што ќе можам легално да легнам 16 годишњачка, туку родители ќе ми плаќаат да им ја изберам ќерката. Ќе ме има по весници, странски медиуми, ќе можам дури и да изберам кој ќе не претставува на Евровизија пошто не знам дали приметивте ама ќе бидам ФАКИНГ КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА.
2. Нема да ја шитнам државата
Иако е неблагодарно да речеме дека Крале Марко ја шитнал државата, повеќе ситуацијата била видел Турчишта со големи, ах, сабји и решил дека помалку ќе ни ги силуваат жените ако им се придружиме отколку да се бориме против нив. Јас никогаш нема да го направам тоа.
Видете само колку ја сакам Македонија |
И не само тоа, автоматски ќе го решам проблемот со името. Нема да има потреба од референдум бидејќи секој би се согласил одредницата во името да биде Кралство.
Уште во старт ќе ги одбивам понудите на вазалите:
-Бугарски пасош? -Не!
-Српско млеко со помала масленост и пониска цена од БиМилк? -Не!
-Рамстор клуб картичка? -Не!
-Oдмор околу соседите? -Не!
Шала на страна единствено нешто што е погенијално од мојата кандидатура за крал на Македонија е оваа песна поврзана со Крали Марко и неуспехот во основно училиште пропратена со ужасно добри коментари.
1. Пошто кој ве ебе
Доаѓаме до вистинската причина зашто сакам да бидам крал. Не дека другите точки во листата не се валидни, ама се ставени колку да си го задржам форматот и да убацам некоја досетка тук-там. Да бидеме реални, Македонецот стигнал до тоа каде што е денес само од една причина - да биде подобар од комшијата т.е. да му цркне козата на комшијата. Затоа Дебармаалците мислат дека се подобри од останатите, затоа Кавадарчани пеат песни за семафори, затоа Битолчани одат на шопинг во Солун и затоа МЗТ никогаш нема да освојат титула (не баш затоа, повеќе е политика и неквалитет ама се занесов).
Ама сега имате црква, што значи дека титулата не ви бега |
Дивеч вреден за кралска трпеза |