Колку само не бев во право. Има толку многу работи што нема да успеат на нашиве простори колку што има рекетари У.М.С. на В.М.Р.О О.К. К.Вода.
Или колку што има нинџи во Тетово |
7. Изнајми алат
Иако звучи како веб страна каде што можете да изнајмите машки стриптизети за вашата девојачка вече, сепак (Rent-a-Tool) е многу легитимна идеја. Иако секој семејство треба да поседува чекан, шрафцигер, цвик цангла или кутлача, сепак не е практично по дома да имаш швајц апарат или сечач за бетон.
Колку пати сте се нашле во ситуација да ви треба пневматска дупчалка или цицки. |
Ако на некој му се допадне идејава и сака да отвори бизнис базиран на изнајмување алат се надевам е доволно паметен да не ги издава само со лична карта, бидејќи папала маца ако на некој му се засфиѓа бормашината.
6. Полиса на враќање
Во западните земји обично постои полиса каде што најголемиот дел од купената роба/стока можеш да ја вратиш со изговор дека не ти се бендисала. Можеш да вратиш шифоњер бидејќи не се уклапал со иконата од Црн Исус на твојот ѕид или да вратиш вибратор бидејќи не се уклапал во тебе.
Не сум пробал да вратам производ откако вработената во Стружанка ме погледна како манијак кога и реков дека сакам да ги вратам гаќите бидејќи после првото перење на 95° (почетен курс по перење, напреден курс по пеглање) ми се направија танга, ама претпоставувам речиси сите дуќани имаат рачно напишан знак "Купената роба не се враќа или заменува".
Освен ако нема голем технички квар,
Еден мртов пиксел господине? Вратете се кога ќе имате барем десет! |
- Имам слава - ќе земам голема маса, па ќе ја вратам
- Ми доаѓа шефот на вечера - ќе земам есцајг па ќе го вратам
- Телекабел го зголемија лимитот на 100GB - ќе земам плазма телевизор да гледам Gossip Girl на HD, па ќе го вратам.
Празното место може да се однесува на индекс,здравствена легитимација,уплатница итн. Не е толку важно што ќе биде именката колку што е важно колкав страв влева придавката електронски. Да, знам дека се што набројав погоре реално постои и се употребува, меѓутоа освен ако не е наложено и постојат соодветни санкции за неупотреба, мнозинството никогаш нема да прифати технолошки напредок.
Ако немам црно на бело, како ќе докажам дека сум ја платил сметката |
Знам дека со време ќе си се сменат работите, ама поради технофобијата што ја има СФРЈ генерацијата ќе ми се потрошат батериите на токенот од НЛБ ТБ пред да можам електронски да платам таксена маркица без да ме гледаат како да правам вештерство на шалтер.
4. Грижа за долгогодишни корисници
Ако останеш верен на некоја компанија во Македонија повеќе од 4 години претпоставуваат дека си легнал на брашно и не мора многу да се замараат со тебе. Сите реклами на операторите се базираат на префрли се на Т-Мобиле/Вип/Близу/... и добиј Х бесплатни минути/поволности/скајп секс со операторките.
Користам Мобимак/Т-Мобиле 11 години. За тие години сум собрал доволно поени во нивниот клуб за да добијам детски чадор.
А јас цел живот се мачам со ранци со една прерамка |
Според оваа логика треба секои три месеци да менувам телефонски/кабелски/интернет оператор за да можам да добијам бесплатни минути/дигитален приемник/трансфер што не е факинг 15 GB во 2012 година.
3. Рециклирање
Ништо не говори повеќе за еколошката свест на еден народ отколку ставот кој го имаат за рециклирањето. Иако би било совршено да користиме материјали за кои не е потребно миљарда години да се распаднат, до тогаш е паметно да се обидеме да минимизираме штета.
За среќа силиконот никогаш нема да се распадне |
Во (делови од) Канада можеш да кажеш дека практикуваш секс исклучиво со кози и да те прифатат бидејќи се ултра либерални (16 години по ред градоначалниците на Торонто учествувале на геј парада, далеко е запад), меѓутоа не ако комшијата те види како ставаш отпад во сината канта кој очигледно е наменет за црвената тогаш најверојатно си терорист.
Во Германија имаат "шишомати" каде што ги ставаш шишињата, а за возврат добиваш ситни пари или ваучери кои можеш да ги искористиш во маркетот каде што е поставен.
Ние имаме кошеви во кои освен пар семејства и еколошко освестени твитераши никој не фрла шишиња. Не само што не се практикува туку и не се препорачува. Ако те види другар како селектираш отпад ќе претпостави дека си педер и/или предавник (Г.Делчев не селектирал отпад).
2. Банкомат што лапа пари
Мора некако подобро да ги избирам насловиве. Ова ми звучи како нешто што осмооделенец би правел за Нова Година.
7те коментари се за печатната грешка |
1. Топла вода
Да добивав денар секој пат кога ќе ми случеше следното сценарио:
Таа: "Медо, дојди одма кај мене дома попалена сум како курва за внимание кога ќе добие лајк"
Јас: "Доаѓам за 2 саати цуци, само да ми се стопли бојлерот!"
до сега немаше воопшто да бидам побогат, ама сфаќате што сакам да кажам.
Сакам да кажам дека хуморот не ми помогнал да фатам женска. |
Во земји каде што има гасификација нема бојлер туку посебен уред кој ад хок ти ја грее водата, во земји каде што нема има протечен бојлер, додека во максимално истрипани земји (Турција) имаш факинг плинска боца во купатило која директно ја грее водата во цевката (грубо речено). Попрво Вардар ќе освои Лига на Шампиони пред секое семејство во Македонија да има константна топла вода и тоа од следниве причини:
- За разлика од први места на фестивали, бојлери не се купуваат толку често
- На протечните бојлери се гледа со недоверба според оваа зачудувачки техничка тема на Фемина форумот
- Пола од народот попрво не би се бањал отколку да се бања со вклучен бојлер
- Татко ми би ме пријавил во Бардовци за самоубиствени тенденции ако му кажам дека има плинска боца во бањата.
Артистички опис на судир на две возила со плински уред |
Авторот не превзема никаква одговорност ако сакате да ја предизвикате судбината и да се бањате со вклучен бојлер.