Showing posts with label совети. Show all posts
Showing posts with label совети. Show all posts

05 January 2014

Нова година. Празници. Совршено време да се видите со вашите роднини и да го поминете времето по семејниот ручек на лаптопот на вашата братучетка пишувајќи ја новата статија додека ги слушате останатите како ги дискутираат најновите треви на баба Рада. Исто како на рекламите за Кока Кола ама реално.
Додека климаш со главата на предвидувањата на постарите кога е оптимално време да се стапи во брак, не можеш а да не се запрашаш колку се реално применливи советите со кои се расфрлаат.

Тортата има ленено семе, нема потреба да се грижиш за дијабетисот

Да искењаме дел од нив:

29 November 2012

Образование. Не можеш да живееш со него, не можеш да живееш без него. Цела младост не тераат да правиме работи кои не сакаме да ги правиме,

Како на пр. да гласате Здраворазумен Хејтеризам да стане блог на годината, фала пуно
со надеж дека сето тоа еден ден ќе ни користи. Секако ова е масовна лага, бидејќи во еден период од животот сфаќаш дека поголемиот дел од работите што си ги научил се неточни и не само тоа, туку продолжуваш истите да ги пренесуваш на идните поколенија. Помислете на моментот кога ве учеа дека постои правдина во животот и се' се враќа, се' се плаќа. Еве уште пар работи за кои имаме погрешна претстава:

30 January 2012

Во вашето дневно честитање родендени на Фејсбук, најчест урнек за посакување најлепше жеље (сега се настрвивте на комунистичко чоколадо) е здравје пред сè, останатото само ќе си дојде.

Пијај си каве, пијај си тутун, азното само ќе си дојде - Modus Vivendi на нашиот народ
Да не искочи дека читам весници само кога ќе се случи секс скандал во Штип, го купив денешното издание на Дневник кој содржи 24 часа Здравје. За родените годинава, 24 часа Здравје е прилог кој излегува секој понеделник со весниците од МПМ групацијата.
Бидејќи не можеш да имаш здрав разум без здравје (логика живота) еве неколку статии кои се движат од премногу очигледни до едноставно страшни.
Лоша вест: Нема онлајн издание, па ќе мора да ми верувате на пишаното.

17 November 2011

Да расчистиме нешто уште на почеток. Жените се убави, нежни, а дел од нив се и паметни. Меѓутоа само што ќе ги ставиш во иста просторија (читај: форум) се случува масовен идиотизам. Ако си како мене и доволно време поминуваш на форуми кои очигледно не се за мажи ќе почнеш да забележуваш одредени групни размислувања кои неминовно водат до "ЊТФ? Што и е на оваа?" следниот пат кога ќе искочите на кафе.

Знаеш што читав вчера душо ?
Бидејќи се сметам за експерт за жени откако прочитав неколку поучни изреки на темата, ќе пробам да дадам образложение зашто најретардираното нешто после коментарите на YouTube се женските форуми:

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff