29 November 2012

5 работи кои погрешно сме ги научиле

 
Образование. Не можеш да живееш со него, не можеш да живееш без него. Цела младост не тераат да правиме работи кои не сакаме да ги правиме,

Како на пр. да гласате Здраворазумен Хејтеризам да стане блог на годината, фала пуно
со надеж дека сето тоа еден ден ќе ни користи. Секако ова е масовна лага, бидејќи во еден период од животот сфаќаш дека поголемиот дел од работите што си ги научил се неточни и не само тоа, туку продолжуваш истите да ги пренесуваш на идните поколенија. Помислете на моментот кога ве учеа дека постои правдина во животот и се' се враќа, се' се плаќа. Еве уште пар работи за кои имаме погрешна претстава:


5. Диносауруси 

Кога ќе помислиме на диносаурус првото нешто што ни паѓа на памет е факинг ова: 

Или Jurassic Park ако си роден во или пред 90-тите
Голем опасен гуштер е сликата што ни е трајно врежана во главата, бидејќи така се претставени во учебниците, филмовите, Библијата итн. Ама дали си видел вистински диносаурус? Да? Не? Можеби? Само ако се возиш во ЈСП во вторник, петок, сабота? Дозволете да ви претставам како изгледал вистински диносаурус:

?!
Големи кокошки? Што е со пердувиве? Зашто си го уништив детството? Научниците со помош на научни магии, моделирале пар диносауриси врз база на фосилни остатоци и не нашле ниту една причина зашто сите би биле зелени. Некои де факто биле и такви, меѓутоа повеќето имале крзно, пердуви, шари, живописни бои за привлекување партнери/одбивање предатори т.е. сето она што го прават сите останати организми на планетава.

Кај си бе браат?
4. Антички скулптури

Ако живеете карши Владата на РМ, доволно е да погледнете низ вашиот прозорец за да видите како изгледале работите во античкиот период.

Бел мермер, тело без глава и пола екстремитети и ташаци
Претпоставуваме дека во Античко време се шетале со бели тоги, имале бели статуи, имале лабав однос кон хомосексуализмот и сето тоа се сменило кога одредена личност со иницијали И.Х. стапил на сцена. 
Епа погрешно. За да разбереме што реално се случувало ни требаат неколку компоненти:
  1. Историја
  2. Наука
Првото ни кажува дека во Ренесансата луѓето се исхипстеришале и сакале да ги вратат срањата од Антиката. Рандом тип откопал урнатина, ги видел остатоците, видел дека за разлика од Темниот Век, работите порано биле бели, чисти, убави и почнал да го моделира сопствениот свет врз база на тие заклучоци. Тука влегува точка 2 и кажува дека сето тоа е хипстерски трип бидејќи,

?!
античките статуи биле обоени. Поминале Х векови, каменот останал, бојата се изгубила.

Му фали шал на типов
Бугарите си ја научиле лекцијата
3. Зони на вкус

Единствената слика што ми останала од учебникот по Биологија, која нема сексуална конотација е следната:

Затоа кога ќе те бакнам ми е најслатко
Во времето кога објавување научни трудови значело зголемување на шансите за секс, одреден професор од Харвард погрешно превел едно крајно субјективно истражување од негов германски колега и бидејќи се звучи легитимно кога е направено во Германија, луѓето го земале здраво за готово. Секако овој мит е одамна побиен, чекаме само да се испечатат нови учебници.

2. Совети за здравје

Ако правите барем една од наведените работи, тогаш и вие сте жртва на бабините деветини:
  • Ц витамин помага при настинка
  • Ако се облечеш повеќе нема да настинеш 
  • Покривање со јамболии додека имаш температура за да се испотиш
  • Читање само при добра осветленост
  • Јадење на одредена храна за подобрување на видот/меморијата/либидото
  • Пиење тревки за борба со потешки болести
  • Пречесто миење на рацете
  • Растење на погусти влакна при често бричење
  • Крцкање на прстите предизвикува артритис
Не само што не се апсолутно невистинити, туку овие митови можат и да наштетат (особено делот со јамболијата)

Еден дел од статуата е особено осетлив на температурни промени
1. Физика

Кога последен пат сте кочеле со вселенски брод? Кога последен пат сте испразниле шаржер на автоматска пушка? Кога последен пат сте пукале со снајпер? Секако дека никогаш освен ако не сте снајпер џедај со автоматска пушка, меѓутоа можете да си претпоставите како сите овие работи изгледаат благодарение на филмовите и видео игрите. 
Епа не, 

Реалниот живот не продава карти
во реалноста:
Има само една физика. Таа што ќе те убие ако си доволно глуп за да ја предизвикаш следниот пат кога на пијано нешто ќе ти изгледа како добра идеја. И таа една физика гласи: Секое тело потопено во течност губи привидно од својата тежина за онолку колку што ќе истисне од кадата.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff