Најпрво да се извинам на читателите кои не користат твитер. За нив оваа статија дефинитивно нема да биде занимлива, бидејќи македонската твитер сфера е едно многу мало, многу затворено село во кое луѓето се борат да бидат први. Затоа одиме со нешто за сите читатели,
Се изначитавме |
пред да продолжиме со типовите на твитерџии што апсолутно ќе ги забележите ако го губите најголемиот дел од вашето време на оваа социјална мрежа:
12. Влијателни
Првото нешто што ќе го сретнете на Твитер е терминот влијателност. Оригинално преземен од метеорологијата (студениот бран е по влијание на ладните воздушни маси), терминот означува човек кој има голем број на следачи. Еквивалент на влијателен е маалски фраер, обично постар од останатите, ги знае системот, ги видел сите можни муабети, знае кои специјални знаци одат во хаш таг, започнува трендови и е одговорен за бројот на следачи кај новајлиите и тоа:
- Тие што му се упикуваат добиваат следачи од негова милостина во вид на ретвит
- Тие што го хејтаат добиваат следачи од групата што ги хејта влијателните
11. Тролови
Троловите на Твитер во принцип се многу различни од троловите на Јутуб, бидејќи сите поседуваат доза на здраворазумност, вешто користат иронија/сарказам и во муабет 1-на-1 најчесто со нив можеш да се разбереш. Тролањето е одредена вид на уметност и традиционален пример за Македонизмот бидејќи треба одредена доза на гение во трагични ситуации да се пронајде тролската жичка:
- Џандари ќе доаѓаат без налог? Подобро да зачистам дома
- Ма не е калаш, ниту Македонија е де факто федерализирана држава
10. Хејтери
Најголемиот дел од корисниците се хејтери, меѓутоа многу мал дел од хејтерите навистина го мразат светот околу нив, се мразат себе си, ја мразат секоја иницијатива и секое подможество на твитер.
- #наТочак ? Факинг хипстераана
- #елкаМК ? Хипици и активисти во заблуда дека го менуваат светот
- #твитерНагради ? Елитисти што си тапшаат по рамо
- #твитерМладина ? Пилиштари што 2 испити не положиле во животот
- #твитерАјвар ? Корпоративно срање
Индивидуалци по природа или од што нема друга опција, хејтерите не знаат што сакаат, меѓутоа знаат што не сакаат, а тоа е било каков вид на групирање за била каква цел.
9. Фундаменталисти
Твитерашите со најчиста душа, безгрешни во своето постење, познавачи на оригиналното, исконското и квалитетното, кои се бањаат во најчистата планинска роса и ги осудуваат простите маси кои сакаат да се изборат за нивното парче земја под твитер небото.
Најголемото зло според нив е крадење или преведување на странски твитови. Душите кои не можат да пронајдат инспирација единствено и исклучиво во генијалноста на сопствениот ум и брилијантноста на сопственото постоење, не се достојни да го валкаат твитер просторот.
За фундаменталистите е апсолутно неважна поентата која што се пренесува туку изворот на информации и кој прв во 6 билионите луѓе на планетава ја осознал единствената вистина.
За фундаменталистите е апсолутно неважна поентата која што се пренесува туку изворот на информации и кој прв во 6 билионите луѓе на планетава ја осознал единствената вистина.
8. Вработени
Значаен дел од твитер сферата се луѓе кои си имаат нормален живот и нормална работа и многу нормално може да се предвиди нивното однесување:
- 08:00 - 09:00 : гужва во град/ЈСП, што има на радио, што има во пецивара
- 09:00 - 12:00 : активно твитање за тековни настани
- 12:00 - 13:00 : пауза за ручек
- 13:00 - 16:00 : активно твитање за тековни настани
- 16:00 - 18:00 : апсолутно отсутно од ТЛ
- 18:00 - 23:00 : активно твитање само ако има некое јако тролање инаку лајтерица
- 23:00 - 24:00 : #одјава
Многу интересна категорија бидејќи како што сугерира насловот исклучиво е составена од припаднички на понежниот пол. Се твита за секс, курови, пички, ерекции, оргазми, се исмејуваат мажиња или типци кои компензираат за својата сексуална немоќ со удирање во гради, се идолизира хедонизмот, феминизмот и слободните размислувања.
Зашто нема машки?
Ако истото го твита машко, ќе делува вулгарно, простачки, нападно и шовинистички.
Зашто никој не ги видел тие девојки?
Анонимноста е моќна алатка за криење на недостатоците и прикажување на тоа што е најпримамливо.
Зашто нема машки?
Ако истото го твита машко, ќе делува вулгарно, простачки, нападно и шовинистички.
Зашто никој не ги видел тие девојки?
Анонимноста е моќна алатка за криење на недостатоците и прикажување на тоа што е најпримамливо.
6. Агендаши
Агендата може да биде било што, не однесувањето секогаш е униформирано. Овие војници за својата кауза периодично се појавуваат на вашата временска линија (?!) и ја вложуваат целата нивна енергија за да се разубеди мнозинството да ги поддржи. Дали тоа е
- ругање на глупава политичка одлука
- било каков вид на активизам
- промоција на бренд, производ или настан
5. Децата во Африка
Подвид на агендашите, но со доволно уникатни карактеристики за да добијат свое место во листата. Името потекнува од децата во Африка (вау!) кои се метафора за реалните проблеми со кои се соочува светот, меѓутоа човекот во даден момент не може да почувствува емпатија према истиот од проста причина што не е емотивно поврзан со луѓето засегнати од тој проблем. Прост пример:
- Група А од Твитер прави работа Х што е најбаналната работа во светот и нема никакво значење вон тој затворен твитер круг.
- Група Б од Твитер ја исмева Х и ги хејта група А
- Група В се вклучува и ги трола група А и група Б бидејќи нема што друго да се прави
- Во Македонија има 200.000 невработени, вие се карате за бројот на следачи
- Коце убива кучиња скитници, вие се расправате кој од кого краде вицови
- Во волкав елан да се буневте кога ја дислоцираа мечката во Битола со судски налог, немаше да бидеме на ова дереџе
4. Муабетџии
Широкогради особи што сакаат да си помуабетат малку. Без разлика што твитот има опис со деталите за настанот, тие сакаат лично да го прашаат човекот што го твитнал да им даде повеќе детали. Се интересираат за како случајни следбеници си поминале во град и дали било лудо како оној пат и колку им е криво што не можеле да дојдат.
Муабетџиите по дифолт го знаат секој трач и секој твитер пар (понекогаш и пред да се случи истото).
Наједонставниот тест, дали одреден твитераш е муабетџија е во случајно избрано време да го отворите нивниот профил и без да скролате надоле видите дали има еден чист твит т.е. твит што не е одговор на некој друг и почнува со @randomUser т.е. во поново време .@randomUser.
Наједонставниот тест, дали одреден твитераш е муабетџија е во случајно избрано време да го отворите нивниот профил и без да скролате надоле видите дали има еден чист твит т.е. твит што не е одговор на некој друг и почнува со @randomUser т.е. во поново време .@randomUser.
3. Ботови
Иако сите знаат дека не се руска скрипта задолжена да шири спам, ботовите се карактеризираат со слично однесување. 90% од твитовите им се чекирања на места, слики од инстаграм, споделување статии од портали/блогови и ретвитање на најчесто странски сметки поврзани со нивните интереси.
На меншн одговараат после неколку саати, најчесто денови што сугерира дека социјалната мрежа ја разбираат како само уште еден медиум на кој мора да се сподели нивниот интерес.
2. Ѕвездички
Шлагот на тортата на твитер. Поради нивните високи стандарди, начин на изразување е преку фаворизирање на твитови и тоа најчесто се користи за:
- завршување на муабетот
- оддавање тивка на почит за добар твит
- согласување со одредено мислење
- зачувување на твитов во листата за подоцнежно и постојано уживање во брилијантноста
1. Крашови
Субјективна категорија која зависи од вкусот на корисникот т.е. со какви личности сака да има секс. Бидејќи мањачењето на Твитер е далеку потешко од тоа на Фејсбук, иницијалната поврзаност е интелектуална врз база на заеднички интереси/размислувања и бидејќи космогонијата не учи дека цело е кога има се' се создава илузија за физичкиот изглед на крашот кој најчесто е далеку од вистината.
Здраворазумноста се губи кога е во прашање твитер крашот и се користи пристрасно бранење во случај на напад на омилената личност.
Здраворазумноста се губи кога е во прашање твитер крашот и се користи пристрасно бранење во случај на напад на омилената личност.
За максимално ужување се препорачува твитерашот никогаш да не го запознае својот краш, бидејќи во 90% од случаите вистинската слика е далеку полоша од твитер илузијата/идолизирањето.
Категориите се врз база на лична опсервација, не се целосни ниту заемно исклучиви. Даден корисник во дадено време може да припаѓа во било кое подможество од наведените.