25 November 2012

[Ретардација на денот] Блог на Годината

 
Ова е постот во кој јас, Медо, се заблагодарувам на Вас, читателите, за сите лајкови, сите ретвитови, сите споделувања и гласови со кои Здраворазумен Хејтеризам стана блог на годината според Блогираме.

Bear Love


Здраворазумен Хејтеризам е производ на моето трауматично детство, апсолутно неисполнетност на приватен план и болната потреба за општествено одобрување за начинот на кој размислувам.
На почетокот блогот беше концепиран како форма на искажување сопствените мисли и ставови за моменталните политички, религиозни и општествени случувања во една структурирана форма со фина доза на хумор.
Денес е рециклирање на истите идеи, хумор кој се повторува и пополнување на содржините со слики од цицки.

Хуморот во својата најдобра форма
Но, да се вратиме на темата што највеќе ми лежи - статистика за изминатата година:
  • 83+ постови
  • 210,000+ прегледи на страници
  • 4000+ лајкови
  • 1083 фанови на ФБ
  • 2 партиски книшки
  • 1 смувана женска
Здраворазумен Хејтеризам породолжува и понатаму. Инспирација секогаш ќе има, бидејќи секогаш ќе има луѓе кои ќе донесуваат ретардирани одлуки, а убавината на ретардираните одлуки е што стануваат уште поретардирани како што поминува времето. Останува на мене само да најдам време тоа да го срочам во статија.

Тоа што сакам да ве замолам е да одвоите неколку минути од вашето време и да гласате за мене за Сајт на Годината 2012 - Блог на Годината (штом сме тука да освоиме уште некоја награда).

Како благодарност ќе ви поклонам една слика која тотално нема да ви се вреже во мислите:

Бидејќи Material Boy е за мажиња
Ви благодарам ценета публико!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff