Најпаметната одлука што сум ја донел е пренесувањето на телевизорот од мојата соба во Дрисла. Во спротива ќе требаше дневно да објавувам по 24 "Ретардации на денот".
За среќа тука е мојот пријател Викса, кој с времена на вријеме ќе ме потсети што пропуштам.
Запознајте се со македонските талкачи!
Обично би го ставил видеото во постот за да можете да ме следите што ќе коментирам, меѓутоа не можам да го најдам на YouTube.
Исто така во совршен свет јас би додал титлови со моите коментари, ама бидејќи ги немам правата ќе мора да одиме со старомоден начин во облик:
[време] - Коментар од водителите/гостите - мој коментарНајпрактично е на пола екран да ја отворите емисијата од линкот, додека на другата половина да ги читате коментарите .
Спремете се за КУЌАТА НА СТРАВОТ! (Супер масив блек хол)
[0:58] - Кате, Талкач - Бранко, Државник
[1:48] - Има некој според мое мислење - Локален експерт за духови ги предупредува водителите
[2:02] - Духови лупаат - Веќе станува интересно (драматична музика)
[2:22] - Дојдовме еден ден порано за да истражиме каде точно можеме да влеземе - Влегувате во куќа во Црниче без ограда, сигурно нема преку катакомби да влезете
[2:36] - На земјата видовме и многу шприцови - Ете од каде било тропањето, џанаци = духови
[5:47] - Поавтентично ќе беше ноќе да дојдеме - МРТВ дава дневница, не ноќница
[6:07] - Не знам дали биле духови или магнетни полиња - џанаци = магнетни полиња
[6:22] - (се затвори врата) - Се преплашивте навистина? Децава се похрабри од вас.
[7:21] - Стоиме пред дрвото кое според легендата некогаш постоело во куќата - Штом стоиш до факинг дрвото не е легенда, си постои!
[7:30] - Овде се наоѓа бунарот, она несреќно место за девојчето - 5 метри е од куќата, како успеала да се изгуби девојката? Ставам кладба 100 денари дека отишла бегалка.
[8:26] - Милена требаше да дојде денес, таа живее во Данска, ама не се појави - Живее во Данска АЛО!
[10:32] - Го чекаме м-р Константин Кајшаров - Константин Кајшаров? Дечкото од статијата на Викса? Музика од Adams Family во позадина?
(фотомонтажа од Мастер Константин како ја буди светлината во луѓето)
[11:58] - Влегуваме со Мастер Константин во куќата на стравот - Влегуваме со Медо во КП дом Идризово
[13:00] - Прибевалиште (?!) на изгубени души - Исто како на Фејсбук
[16:02] - Оваа дупка е манифестација на еден енергетски проток која што има деструктивен набој - А каква набој има дупката во твојот газ?
[16:22] - Овој дел е вртлог на една ниско фреквентна енергија, една трансмитерна станица, засилувач - Тино и исконскиот занает на користење на фенси зборови за да звучиш попаметно
[17:07] - Куќата има 7 ѕида, ама еден не се брои бидејќи е врата, 6 ѕида = симбол на саќето - Јас сум спиел со 100 жени, ама бидејќи последните две се нули, не се бројат така да сум спиел само со една.
[19:50] - Духовите (2+) се подесуваат на фреквенцијата на столчето - Мастер или Магистер Константин?
[21:12] - Демони, претставници на темната страна со низок поларитет - Поларитет?
[21:21] - Демоните одат во подинамични и фреквентни места, како трговски центри каде што има многу поголеми атеисти кои немаат заштита и лесно можат да ги опседнат - А верниците каде одат на шопинг? Рамстор - храм на атеизмот
Единствен "мастер" во целава епизода е Ари - монтажерот. Без неговите хорор звуци, ноќна визија и негатив ефекти емисијава ќе беше како епизода на Дом и Дизајн.
Секако тоа не ги спречува луѓето во коментарите да го бараат Тино за поправање на дупките во нивната куќа (читај: логика).