Секако дека не! Зашто воопшто на некој би му се допаднало?
(прозорчето скока само еднаш, ако веќе ви скокнало и поради некоја чудна причина сакате повторно да ви скока исчистете ги колачињата од вашиот пребарувач)
Договорот беше да прочитате статија со просечен хумор, пар стереотипни заебанции за населбите од кои потекнуваат бившите на авторот и можеби во процесот да научите нешто здраворазумно, а не да ми искачаат прозорци кој ќе ви прават спам на ѕид.
Добредојдовте во светот каде што ова се учи на факултет |
Кога го почнував блогот ги прочитав сите можни "Како да стигнете до 100.000 фанови", "Совети за поуспешна социјална интеграција", "Трикови за добивање сендвич после секс" за да сфатам дека кога повеќето ќе се применат во нашето секојдневие едноставно нервираат.
"Трикови" како:
6. Скокачко прозорче (или како и да се преведува pop-up window)
Истото прозорче што ви се појави кога ја отворивте статијата и на кое најверојатно кликнавте Х. Ми требаа 5 секунди да го имплементирам на блогот.
Исто толку време ви одземав од животот. |
Ниту еден бидејќи ја немате прочитано статијата. Како може да станете фан на нешто што го немате прочитано? Прво скокни после речи оп!
Ако веќе сте читале нешто на Здраворазумен Хејтеризам и ви се допаднало има големи шанси да сте веќе фан бидејќи има таква можност во десниот алатник (или како и да се преведува right sidebar).
Ако не сте фан, тоа е бидејќи не сакате да ги оптоварувате вашите новости (или како и да се преведува news feed) или сте рапери.
Ако сте кликнале "ми се допаѓа" исклучиво поради прозорчето тогаш тоа сте го направиле само бидејќи ве мрзело да го симнете маусот два сантиметри подолу и да кликнете на Х.
5. Директна покана
Фан страниците на ФБ или фирма профилите на Твитер во принцип се добра алатка за споделување на информации. И така дремеш цел ден на социјалните мрежи, многу попрактично е да ја отвориш фан страната на Телекабел за да видиш на која фреквенција се дигиталните порно канали отколку да ја отвориш нивнатa веб страна која конечно ја редизајнираа.
Секако ова е хипотетичка ситуација, бидејќи Телекабел немаат фан страна |
Да претпоставиме дека вашата страница е за фирма која е генерален застапник за виљушкарите од палетата на Jungheinrich и ја објавувате бидејќи шефот ви рекол така.
Зашто побогу би сакале да ги спамират вашите пријатели со нешто што нема да им биде од интерес?
Можеби Здраворазумен Хејтеризам има поширока публика (претежно емотивци и верници) отколку германски виљушкари меѓутоа секоја порака во сандаче што содржи "кликни тука", "удри лајк на ова", "леле не ми се верува што прочитав на Фемина" е спам од рангот на нигериските принцови со замрзнати банкарски сметки.
4. Групна порака
Ivan Medo Dimoski has left the conversation.
3. Разговор
Разговор? Што е тоа? Аааа чат!
За разлика од директната порака во сандаче, почнувањето разговор додека си онлајн (батали, не преведувам веќе) мава на психа, бидејќи е непријатно и некултурно да игнорираш човек кој започнува разговор со тебе.
Абе баба ми почина нешо а-у, нема да можам |
Спамерите сфатиле дека едноставно праќање на линк со "те молам лајкни ја странава" не функционира па затоа користат едноставна психологија да ти наметнат чувство на вина ако не ја допаднеш страницата:
Типка со која не комуницирам често: Здраво Медо, што правиш?
(отварам Summer '11 албум за да добијам подобра претстава за соговорникот)
Јас: Еве ладам јајца, секогаш после тренинг јадам јајца, па да не чекам сами да истинат.
Т.С.К.Н.К.Ч: Ми текнува дека еднаш ја постираше Am I Evil од Diamond Head.
Јас: Не сум нешто забеган по металот, ама многу јако соло.
Т.С.К.Н.К.Ч: Епа имам другар што има фан страна за македонски метал. Ќе ја лајкнеш?
(поминуваат 5 минути)
Т.С.К.Н.К.Ч: Сеуште не си ја лајкнал...
(Ivan is offline, but you can still send him a message.)
Во ситуацијата јас сум кретенот, бидејќи не вршам услуга на девојчето која сака да помогне на металецот што го симпатише.
2. Стани фан за да ја видиш содржината
Најконтраинтуитивното (долг збор) нешто што може да постои во светот.
Сакате да видите колку изнесува вашата сметка за вода? Станете фан на Ј.П. Водовод и Канализација.
Идејата позади оваа ретардација е да се набилда база на фанови кои подоцна ќе ги читаат сите ваши промоции и соопштенија (читај: спам), така?
Епа кој ве врти ондак!
Се извинувам за мојата некултура: Кој ве ебе ондак! |
Бројот на фанови не е важен колку демографијата на истите. Многу е поважно да имате фанови кои се заинтересирани за производите или услугите отколку случајни фанови кои се погодиле да се онлајн во моментот кога се правела кампањата.
Затоа Медобил се рекламира помеѓу Омар и Шариф, затоа мене во спам ми стигаат понуди за зголемување на пенисот, затоа Ариље Метал се наоѓа во долниот дел од преносот на секое европско првенство каде што се натпреварува Македонија (?!).
Дозволете им на корисниците да видат што е муабетот пред да се одлучат дали вашата страна вреди да се најде во нивните новости за бога драгом!
1. Наградни игри
Доаѓаме до коренот на сето зло на социјалните мрежи - наградните игри. Одличен начин компаниите да стекнат огромен број на фанови бидејќи учесниците мораат да споделуваат или да собираат допаѓања (намерно не користам лајкови) за да добијат награда како iPhone 3, патување или душек. И тогаш почнува најголемиот спам фестивал што некогаш сте виделе.
Eнергетската криза ќе ја решиме кога ќе успееме да ја искористиме енергијата од спамот |
И во ред е да споделиш ако ти се допаѓа, меѓутоа другарчето е во мртва трка со тој што е на второ место, тоа не е доволно. Мора секој 5 минути да споделуваш се додека секое твое пријателче не кликне ми се допаѓа и го сподели за и секое нивно пријателче се мобилизира за некој си Петко,Станко,Бранко добие простор на ѕидот на група која има печатна грешка во името.