07 March 2012

[Ретардација на денот] Абортус Не!

 
Погледнете ја оваа наша анти-абортус веб страна (благодарение на Влажни Марамици) и бидејќи е сериозна тема погледнете го и нивниот Твитер профил како и нивната Фејсбук група.
90% од постовите на оваа група се од Христијански портал, ова ќе биде забавно!

Доказ дека Господ е против абортусот
Да започнеме со описот на страната:

"Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта."

Сама по себе реченицава е доволен индикатор дека се што ќе прочитате се апсолутни глупости, меѓутоа не дозволувајте мојата (не)верба да ве одврати од апсолутните вистини и големите букви после запирка презентирани на оваа веб страна:

"Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус."

Не! Главна причина за абортус е тоа што мајката/родителите не сакаат да родат дете или не се во можност на истото да му пружат нормални услови за раст и развој.
Исто така може плодот да е зачнат од сексуален напаѓач, да има психо-физички инвалидитети кои можат да се откријат за време на бременоста (наука човече!), родителите да не сакаат да донесат дете на свет каде што турски серии се главна преокупација на народот додека се околу се распаѓа гради...

"Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензибилизација, трајно отстранување на матката..."

Ова е точно, постапката има ризици ако не се извршува од професионалци во строго контролирани услови.
Исто така постои ризик од хипервитаминоза (види кометари за дополнување!) ако неправилно внесуваш C витамин во своето тело.

"...а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена."

Добредојдовте во светот каде што авторите цитираат факти директно од нивниот газ. Или од 19ти век.
Ајде да причитаме реални факти: (извор1, извор2)

"The risk of abortion complications is minimal: Fewer than 0.3% of abortion patients experience a complication that requires hospitalization"

Помалку од 0.3% ?!
Не верувате на моите извори? Ајде да наведеме извор кој е наведен на вашата веб страна:

"In 2008, approximately 1.21 million abortions took place in the U.S."
"In 2007, 6 women died as a result of complications from known legal induced abortion (CDC)."

Освен ако во 2007 не абортирале 5 жени, шансите да умреш од легално изведен абортус се 6 во милион и кусур. Чисто за споредба шансите да те удри гром се 1 во 280 000.
Меѓутоа да ги оставиме бројките и фактите кои очигледно не се ваша добра страна, да обрнеме внимание на економскиот аспект на абортусот:

"Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида."

Дап, решението на економската криза во Европа е да раѓаме што е повеќе деца. Стигнавме до дното на пирамидата каде што нема повеќе луѓе да ги издржуваат оние на повисоките нивоа и вашето решение е да раѓаме повеќе луѓе.
Ја додаваме и економијата во темите кои ви се апсолутно непознати. Одиме сега на правото:

"Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!"


Тоа што предлагате е абортусот да стане кривично дело - убиство, така?
Нели е доволно што нашите избраници одлучуваат како се трошат нашите пари, вие сакате да одлучуваат и што смееме да правиме со своето тело?
Можноста да го планираме семејството е една од најголемите придобивки на нашето општество, бидејќи овозможува да основаме семејство кога навистина ќе бидеме подготвени за тоа.
Знам дека следното е тешко за разбирање, бидејќи не можете да погледнете поделку од вашиот бог/национализам меѓутоа криминализирањето на абортусот сноси последици како зголемување на криминалот (Roe v. Wade) бидејќи ќе се раѓаат деца кои нема да бидат правилно израснати бидејќи родителите ќе немаат опција да абортираат и родат кога ќе бидат подготвени (нема да можат да полагаат за возачка на 16 години),  па се до драстично зголемување на морталитетот на идните мајки кои ќе бидат принудени да абортираат во нелегални ординации од луѓе кои не се професионалци бидејќи абортусот ќе биде нелегален.

Анкетата за фасадата беше поинтересна
Ме интересира колку од овие се против абортусот (читај: убиството) би поддржале смртна казна. Ама тогаш е оправдано, нели? Убиваш непоправлив криминалец, а тука убиваш фетус.
Тука е целата работа околу абортусот, сите други здравствени, економски, правни последици се минорни во споредба со тоа дали е морално да се прекине човечки живот.
Не би знаел бидејќи и јас не сум на чисто со тоа дали е морално или не, меѓутоа тоа што знам е дека:

Без разлика дали се работи за ставање на тетоважа, абортирање, па дури и нудење на сексуални услуги за пари ЖЕНАТА ИМА ПРАВО САМА ДА ОДЛУЧУВА ЗА СВОЕТО ТЕЛО се додека е свесна за реалните ризици и последици.
Се друго е неприфатливо!

Бонус: Движењето против абортус победува во Америка. За жал и движењето дека Земјата е стара 6000 години победува во Америка.
 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff