Секој буљаш што рекол дека Македонија не е земјата на иновациите е буљаш!
Генијалните умови позади забавната програма на нашите национални телевизии дојдоа до брилијантна идеја:
Зашто да се замараме со облекување купаќ, па тоалета, да учиме англиски или воопшто да одиме по некоја писта кога она што ни треба го држиме во нашите раце.
Генијалните умови позади забавната програма на нашите национални телевизии дојдоа до брилијантна идеја:
Зашто да се замараме со облекување купаќ, па тоалета, да учиме англиски или воопшто да одиме по некоја писта кога она што ни треба го држиме во нашите раце.
Тоа секако е маус |
Дами и господа, Бекстејџ и Модното Студио Црнокрак по иницијалниот успех на нивната "Купи коњ според слики од неговите заби" одлучија (нов ред, капс лок)
ИЗБОРОТ ЗА МИС НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОДВИВА ПРЕКУ ФЕЈСБУК
ИЗБОРОТ ЗА МИС НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОДВИВА ПРЕКУ ФЕЈСБУК
Бидејќи луѓето повеќе се мањаат отколку што се бањаат (@Kristijan9) |
Дали сакате да бидете единствена помеѓу илјадници други? Премногу се
грижите за вашиот изглед, имате гардеробер кој зафаќа половина од вашиот
стан и тон фотографии кои воодушевуваат?
- Избор на убавина е ова, не конкурс за академици
Малку статистика:
Малку статистика:
- Бројот на македонки на Facebook брои:400,600
- Бројот на македонки на возраст од 15-25 години: 265,500
- Мажи кои треба да гласаат за најубавата македонка:537,040
- Има многу македонки на ФБ, се што е под 15 е мало, се што е над е грдо
- Има повеќе мажи, меѓутоа не се поделени по возраст бидејќи сите мажи од 7 до 77 години сакаат да гласаат за 15 годишно девојче
- Има повеќе мажи, меѓутоа не се поделени по возраст бидејќи сите мажи од 7 до 77 години сакаат да гласаат за 15 годишно девојче
Да ја разгледаме Фејсбук апликацијата:
Уште не почнати ме молат за лајк |
Основните информации најверојатно за да видат дали сум машко и треба да мањачам или женско и треба да се слика.
Да ми праќаат мејл најверојатно за да ме информираат што прилози ќе има во следната емисија на Бекстејџ.
Да постираат наместо мене во случај да заборавам секојдневно да ги спамирам моите пријатели.
Можам јас да прикачувам слики? Нели ви дадов дозвола да проверите дали имам патлак, зашто не го искористите тоа? Зашто секој што ќе стигне може да става слики.
Ајде да пробаме, ќе ја ставам "Чај са Медом" сликата откако ги прочитав правилата за користење кои на кратко се каков и куршлус (краток спој на германски) да се случи, тоа е без исклучок ваша вина и организаторот не презема никаква одговорност.
Ајде да пробаме, ќе ја ставам "Чај са Медом" сликата откако ги прочитав правилата за користење кои на кратко се каков и куршлус (краток спој на германски) да се случи, тоа е без исклучок ваша вина и организаторот не презема никаква одговорност.
Обичен момак |
Мис на Македонија |
Дојде време кога треба да ми помогнете и тоа не да станам КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА туку
МИС НА МАКЕДОНИЈА ФЕЈСБУК 2012 (со следење на инструкциите во линкот)
Моментално сум на 328 место, меѓутоа мислам дека можеме да постигнеме многу повеќе додека не ме дисквалификуваат.
Најверојатно до сега веќе се запрашавте како изборот на МИС НА МАКЕДОНИЈА ФЕЈСБУК 2012 го решава спорот со името?
Зашто да додаваме географски одредници кога можеме да додадеме социјална одредница!
Република Македонија, Фејсбук
Не ви се допаѓа власта? Не ви се допаѓа тоа што Калиопи оди на Евровизија? Не ви се допаѓа тоа што Боки 13 сеуште има македонски државјанство?
Само еден лајк не дели од решавање на сите проблеми! Вива ла Бекстејџ, вива ла Револуцион!
Епилог:
Прашање на време беше кога организаторите ќе приметат дека неко меѓу нама није наш и ќе ме отстранат од изборот. Тоа се случи откако собрав 194 гласа кои ми го донесоа заслуженото 15-то место :)))
Ivan Medo Dimoski ain't nothing to fuck with |
Тука се виде моќта на социјалните мрежи каде што огромен дел од моите пријатели споделуваа и молеа за гласови за да докажат колку сето ова е ретардирано.
На нив сум им вечно благодаран, се надевам дека се забавуваа!
Македонија секогаш си имала проблеми со изборите, дали се тоа парламентарни, претседателски, евро-атлански, евровизиски, избори за убавина итн. Се надевам ова ќе го искористиме како негативен пример и ќе престанаме да ставаме кандидати на кои не им е местото на тие избори!
Што и да следи после епилогот:
Денес ги објавија 10-ти финалистки на изборот за Мис на Македонија преку спамирање на вашите другарчиња.
Можете да забелешите дека првата победила со 2,472 гласа. Погоре во текстот стои дека Македонија има 537,400 мажи и 400,600 жени кои може да гласаат што доведува до заклучок дека дури 0,26% од проектираната целна група гласале за првопласираната.
Браво Бекстејџ! Се гледа дека сте ултра популарни!
Јас од друга страна освоив 194 гласа пред да ме дисквалификуваат и тоа за неполни 6 часа. Тоа значи дека сум освоил 0,02% од гласовите.
За 0,24% не станав Мис на Македонија!
Можеби статистикава е малце извадена од контекст, ама не ме праќаат во Кина за да решавам задачи, ме праќаат да вратам круна! Мислите дека не можам?
Еве го газот на една од учесничките |
Еве го мојот газ за 1ви Април |