Кога бев средношколец си дадов ветување дека еден ден кога ќе бидам родител, ќе бидам полн со разбирање за нив додека поминуваат низ пубертетот.
Нема да им кажувам доста седиш пред компјутер, исшишај се, не спиј до 3 попладне, жените треба да мијат садови, избричи го тој адолесцентски брк итн.
Можеби за последното имале право |
Нема да гледам црно-бело на работите, нема да давам со демагогии и нема да користам тактики за заплашување. Со еден збор нема да бидам Латас.
Ни 5 години не поминаа откако матурирав, а веќе мислам дека тоа е најглупавото нешто што некој може да си го вети. Поглупаво дури и од ветувањето дека ќе одржувам контакт со сите другарчиња со кои сум ги делел клупите во Карев.
Не дозволувајте да ве прелаже мојот твитер аватар, јас мразам средношколци и бидејќи мојата последна научна статија не помина најсјајно, ќе ви образложам зашто е тоа така користејќи шпекулации, неосновани тврдења, навреди и хиперболизирани примери.
Со еден збор ќе бидам Латас:
6. Незнаење
Oscar Wilde еднаш кажал "Не сум доволно млад за да знам сè". Нема нешто повистинито од ова. Стигаш до втора година средно, учиш за делба на клетка и мислиш дека си ја открил тајната на животот,
Внимание: Читањето на оваа книга е еквивалентно со лоботомија |
бидејќи твоите родители не знаат што е профаза. И тогаш заслужено седнуваш на тронот од својата вообразеност иако сето тоа се базира на апсолутно незнаење.
Незнаењето е комбинација од неинформираност и неискуство. Тоа што знаеш да поставиш равенка не значи дека можеш да ги пресметаш сите фактори и променливи кои влијаат, бидејќи си премногу кратко на овој свет за да ги искусиш семејните трагедии, планирањето на семејство, плаќањето сметки, легално-правните спорови, ебењето во мозок од страна на владата итн.
Во моментот кога ќе ги добиеш резултатите од државната матура, сфаќаш дека сето тоа што се случувало во училишните клупи е еден затворен микрокосмос со проблеми кои ретко имаат вистинска импликација во реалниот свет.
5. Бунтовништво
Немојте да ме сфатите погрешно, јас апсолутно разбирам зашто тинејџерите се однесуваат како што се однесуваат. Науката разбира зашто тинејџерите се однесуваат како што се однесуваат.
И зашто изгледаат како да имаат 30 години |
Тоа е нормален процес на растење и еден од основните механизми кои го придвижуваат светот напред, но тоа не го менува фактот дека изгледа факинг ретардирано за човек што поминал низ сето тоа.
Бунтовништвото е една од основните карактеристики на младиот човек, меѓутоа постојат разлики помеѓу тинејџер кој има проблеми со авторитет, бега од часови и пишува рап како знак на револт и студент кој се бунтува против нездраворазумните одлуки на моменталниот режим во вид на протест за своите права. Една од разликите е во структурираноста на гневот, каде што првите немаат одредена насока и формата во која го искажуваат е често само-деструктивна, додека пак другите (смислете си нешто паметно).
Бунтовништвото за жал е една од оние карактеристики која се губи како што старееме, затоа на #протестирам никогаш не доби масовна поддршка од родителите иако се работеше за прав(д)ата на нивните деца.
4. Преземање ризици
Постои логично објаснување зашто си легнуваме на брашно како што старееме. Тоа што се однесуваат ретардирано, не значи дека тинејџерите се ретардирани туку дека различна е математиката за ризик/награда.
Замислете дека:
- Славе е средношколец, игра Дота
- Мирко е семеен човек, има своја фирма
Кој мислите дека е поверојатно да се пушти од Трнодол во крадена количка од Веро?
Секако дека Славче, бидејќи за разлика од Мирко кој може само да изгуби (физичка опасност, има семејство кое зависи од него, има вработени кои зависат од него, осудување од околината), Славче знае дека таквиот потфат ќе му донесе слава кај другарите и огромна шанса да лапа типка. Бидејќи наградата е поголема од пресметаните ризици, Славче ќе ризикува директен судир со 57ца.
Кога ќе размислам, поарно тоа отколку да се вози со 57ца. |
Секако тоа не го менува фактот дека спуштање со количка од Трнодол е апсолутно ретардиран потег, ама што да правиш кога играње со јаже е сто пати поинтересно од бројот на овци во Нов Зеланд.
3. Немање идентитет
Процес кој најчесто започнува во тинејџерските години и со господ Господ (пошто мала буква = пекол) напред некогаш завршува. Тогаш се раѓаат сите рапери, рокери, автори на Многоо забава, идни менаџерчиња и емо девојчиња кои те привлекуваат на некој чуден начин ама не смееш за тоа јавно да пишуваш во статија, бидејќи постои централен регистер...
Да смениме тема, еве цицки |
Кога бев во средно бев рапер. И тоа не рапер што ја познава културата, пишува стихови и го живее филмот исто како Врчак, туку збунет дечак што носи спуштени пантолони, ја мие косата еднаш неделно и го слуша Еминем, исто како Врчак. Математиката е многу едноставна, не знаеш што сакаш да бидеш само знаеш дека не сакаш да бидеш како твоите родители.
Што знаат старите, така?
Што знаат старите, така?
Колку и да изгледа ретардирано тинејџерското барање на идентитет после некоја година, не може ни да се спореди со триповите во менопаузата/средовечната криза.
2 зими јадевме на -10°C бидејќи на мајка ми и беше жешко |
2. Врснички притисок
Иако по дефиниција врсничкиот притисок (peer pressure), кој не треба да се меша со пивскиот притисок (beer pressure), не се однесува на конкретна возраст и не е секогаш со негативна конотација, најчесто се користи во контекст на глупи тинејџери.
Доволно глуп да сака да биде емо, доволно паметен да користи кечап |
Да направиме паралела:
- Поголемиот дел од луѓето кои го читаат ова се мои врсници кои извршија притисок текстот да го пишувам подреден од двете страни (justified што би рекле енглезите) и еве го резултатот. Иако тешко дека ќе имплементирам сугестија која е посложена од селектирање на текст и кликнување на копче сепак правам напори да ја задоволам публиката (ladies)
- Тинејџерите од друга страна се под константен притисок да ги прават ретардирани работи како: пушење цигари, гребење за цигари, пиење лош алкохол пошто нема џепарац за Александрија Куве, бегање од часови, купување прескапи матурски фустани кои еднаш ќе се облечат, ставање Интер на ливче во кладилница т.е. работи кои никогаш нема да им донесат долгорочен ќар
Затоа тинејџерите се најподложни на врснички притисок, бидејќи не можат да ги согледаат долгорочните последици на нивното однесување. Или ќе пушиш и ќе бидеш кул или ќе играш LOL.
1. Хормони
Секој кој се обидел да го реши проблемот со тинејџерите. Чекај малку! Од кога нормално човечко однесување се смета за проблем? Нема везе, поентата беше секој кој се обидел да го реши проблемот со тинејџерите од чисто психо-социолошки аспект е невиден идиот, бидејќи не го вклучува огромниот фактор што сите ние сме робови на тоа што ни се случува во организмот и се манифестира соодветно на тековните трендови.
Секој кој се обидел да го реши проблемот со тинејџерите. Чекај малку! Од кога нормално човечко однесување се смета за проблем? Нема везе, поентата беше секој кој се обидел да го реши проблемот со тинејџерите од чисто психо-социолошки аспект е невиден идиот, бидејќи не го вклучува огромниот фактор што сите ние сме робови на тоа што ни се случува во организмот и се манифестира соодветно на тековните трендови.
Слика со деколте и без контекст |
Вежбате и не јадете, а пак сте дебела? Можеби имате хипоактивна тироида.
Паметни сте и добивате лајкови, а немате женска? Пробајте да искочите од дома.
Исто се случува и со тинејџерите. Тоа што ние се обидуваме да го регулираме нивното однесување е третирање на последицата, а не причината.
Кога ќе почне да ти мириса мишката за прв пат во живот, многу повеќе мислиш на газиња отколку на график за логаритамска функција (иако добар дел од нашето однесување може да се моделира со таа зависност). Целата ретардација карактеристична за тинејџерските години е производ на еволутивната потреба за газиња. Ако пат до токсикологија и статија во весник ве приближат до целта, тогаш апсолутно направете го тоа. Можеби и ќе научите нешто патем.
Знаете што:0. Заеби ова срање
Иако мене ми изгледа екстремно смешно и ретардирано се што прават средношколците, сметам дека е апсолутно потребно истото да се прави.
Најверојатно знаете дека сте дел од еден застарен и нефункционален образовен систем, а наскоро ќе сфатите и зашто е тоа така. Сите срања што ви ги кажуваат психолозите/педагозите земете ги со голема доза на резерва, бидејќи се обидуваат да го подобрат нефункционалниот образовен систем користејќи методи кои ги научиле додека биле дел од тој нефункционален образовен систем. Не можеш да понудиш креативни решенија на проблемите, ако си производ на систем кој различното размислување го смета за грешка.
Ако сме стигнале до степен каде што државата треба да го казни родителот за непокажување интерес за своето дете, битката е веќе изгубена.
9gag - извор на непроценлива мудрост |
Наградување на добрите, казнување на лошите и строги регулации го уништуваат она што треба да е основа на образовниот процес - креативноста и иновациите.
Психолози, педагози и партиски директори, наместо да праќате писма до родителите во кои децата се прикажани како криминалци, пробајте да ги научите нешто што навистина ќе им користи, дозволете да експериментираат и размислуваат надвор од границите. Можеби некој ден некој од нив ќе успее да си ја запали сопствената прдешка.